Фала ти за репликата на мојот пост Rossonerka, тој дел од кривичниот законик сепак го знаев ме интересираше дали може некаде да се најде по детално за точно кои субстанци се забранети, каков е односот на државата спрема нив и дали постојат одредени отстапки според законот околу количината дозволива за поседување, мислам дека беше нешто како 1грам за марихуана, помалце за пптешките дроги...
Имам план да направам еден информативен пост за се што е дрога , и би сакал да е целосен од сите гледни точки пред да го поставам.Знам дека дрогата е дискутирана и на други постови на форумов, но би сакал да направам еден многу по практичен прирачник со вистински корисни информации, од прагматичен карактер.
Верувам дека сите треба да се добро информирани, заради тоа што најдобра заштита од опасноста што ја носи дрогата е дефинитивно нејзиното познавање.