Барам човек, човек.

  • Креатор на темата Geezer
  • Време на започнување
G

Geezer

Гостин
Некогаш сакам да сум се родел на некое друго место, ноншалантен, со мозокот на пасење. Навистина.

Имено, некој во маалово мое, половина час викаше: ПОЛИЦИЈААА, ПОЛИЦИЈААА, АМАН ВИКНЕТЕ ПОЛИЦИЈА! Бидејќи живеам на фрекфентно место, до автобуска станица и блиску до центар, мислев дека некои деца се зафркаваат, па не го зедов тоа здраво за готово. Арно ама човекот, во поодминати години, по гласот се познаваше, продолжи со викањето, па излеговме со татко ми на балкон, да видиме што се случува.
Тој човек, живее во импровизирано живеалиште во еден од локалите напуштени, на автобуската станица. Ром, беспомошен, слаб.
Група на деца, 16-7 годишни, за тоа време, го малтретирале човекот, го тепале, го заплашувале и што ти не друго.

Веројатно и ќе продолжеа, да не им свикав од балкон и да не им се заканев дека ќе слезам долу и ќе им ја скршам главата. Тоа беше крајно решение. Се разбегаа. Нејсе. 20 минути претходно, повикавме полиција, која дојде половина час подоцна.
Значи не дај Боже, да ти треба нивна помош или да е нешто посериозно, можеш комотно да си умреш и никому ништо.

Одамна заклучив дека од луѓево не можам да очекувам нешто човечно. Заклучив дека, децата на оваа возраст се испуштени од раце, недоволно едуцирани на училиште, недоволно воспитани од домашните, родителите.
Која е потребата да се малтретира човек во поодминати години, човек кој и на - 50 и на 0 и на 10 степени, живее на отворено и се храни од кантите во околината.
Ајде, ќе го прескокнам ова.

Уште две работи што повеќе ме тиштат и ме вознемируваат. Во 45 минути, голгота, како ЕДЕН ЕДИНСТВЕН ЧОВЕК, не излезе да види што е работата, што навистина се случува и како ЕДЕН ЕДИНСТВЕН ЧОВЕК не пријави во полиција. Сите сеирџии, сите херои, ама од дома, од фотеља.
А, верувајте. Многу луѓе го слушнаа, излегоа на балкони и прозори и воопшто не реагираа. Каде отиде човечката солидарност, каде отиде она ''да му се помогне на послабиот'' , каде отиде човечката етика? Веројатно овие работи се длабоко потонати во живата кал, која капитализмот и ова време-невреме ја создадоа, кога луѓето мислат само и САМО за себеси и никој друг.

Последната работа, реагирањето и брзината на органите на власта. Дојдоа после половина час од пријавеното, се прошетаа до местото, едвај погледнаа и си заминаа. Како да не било ништо. А, можеше да биде убиен човек, претепан, истрауматизиран. А, можев да бидам јас, некој мој близок, комшија, другар, пријател, или пак обичен човек кој само поминувал покрај малите дебилчиња, на кои им порасна курето за 2 милиметри, поради тоа што го направија.
Дали да не излезев јас, децава ќе си продолжеа по старо, а полицијата ќе дојдеше тогаш кога веќе ќе немаше потреба и ќе беше касно?

Трула држава, нефункционална. Гледаш да бидеш оптимистичен, ама мислам дека нема спас. Кога државата е таква, барем луѓето да се поинакви. Ама кога и таа и луѓето се толку оштетени и им се вградени погрешни вредности, ти иде едноставно да ја запреш планетата и да си слезеш од неа.
Прашувам, каде отидоа луѓето, луѓе. Каде отиде човекот, човек, каде отидоа оние вредности правилни за кои во паралелен универзум веројатно некој и пари дава за нив, но не може да ги добие.
Се надевам дека каде и да отишол, ќе се врати. Дотогаш, останете живи и здрави.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Ако мислев на гладните деца у Африка секој пат кога јадам кај ќе ми беше крајот...

Сакам да кажам луѓето се тие, рандом луѓе, некој има среќа што се родил таму кај што се родил, некој е на пола, некој нема воопшто
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Абе полиција прво се на пивце вика во ќебапчилница после на увиѓај,и тоа од кола
со тефтерот в рака што запише запише-помош од нив не барај.(веднаш,полека стрпи се)
 
M

Moon Child

Гостин
Што и да се рече е џабе. Не сум била цвет за мирисање во мојов живот, глупости и грешки сум имала милион, ама за почит кон постар немало збор. Да одвратам на некој постар никогаш не се случило. А баш интересна ситуација пред некоја недела на работа ми се случи, која покажа на невоспитување уште од мали нозе. Си ги собирам цвеќињата од надвор за да затворам, поминуваат едни дечиња од околу 10 години, ако им удрам една фиска два дена во несвест ќе бидат, ме гледа, се смее цинично и ми вика: Венци за погреб продавате? Само му реков, твоите дома знаат да те воспитаат, или ќе чекаат некој друг да те воспита? Ме погледна едно гадно, и си отиде. Не дека е некој big deal ама колку вакви само ги има, уште од 10 години знаат да бидат цинични и одвратни, во што ли ќе се претворат понатаму низ животот, who knows ?
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Кој човек бараш во Скопјево, па по скали во зграда преку тебе ќе помине бре
не вика добро утро.
Само кај Албанците е друго си се подржаваат и помагаат,оди спречкај се на бит пазар со нив отиде јабана, сите ќе ти се нафрлат.
Овде кај нас ако си нешто во зорт и при мака само сеир ќе гледаат,па и да се давиш во Вардар, малку ќе причекаш додека не дојде некој кој веќе станал човек,бидеиќи се реткост бар во нашиов град.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Друже, ништо да не те чуди у денешно време. Еве ти сличен пример од мојот живот:
Пред некое време во К.Вода, позади Расадник салата, една жена сакаше да се фрла. Моите нешто слушнаа дерење од надвор и излегоа и ја видеа дека седи на прозор. За тоа време сите соседи од зградите, а ги има многу пошто има еден куп згради тука, сите седеа на тераси и гледаа, и некои и се дереа, и кажуваа да се симне. На никој не му текна да викне полиција :facepalm:. Татко ми се јави, дојдоа лугево, ја спасија(иако еднаш им избега, многу малку фалеше пак да се фрли, ама ја фатил некој од полицајците во последен момент).
Е сега, за сетоа тоа време додека се дешаваше ова(пожарникари, преговарачи, свашта, едно 20 минути сигурно), еден КРЕТЕН од една од другите згради, снимаше со камера :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:.
Не давај никој да ти проповеда за морал, нема ништо такво во денешно време. Прави тоа што тебе ти се прави и тебе ти одговара. Можда звучи малку како тинејџерски статус на фб, ама колку повеке си добар толку повеке лугето те газат. Поздрав (y)
 

Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
Позитивен пример што сепак морам да го споменам пак е со жената што ја спасија тука минатата недела. Браво за дечките и секоја чест!
 
G

Geezer

Гостин
Кој човек бараш во Скопјево, па по скали во зграда преку тебе ќе помине бре
не вика добро утро.
Само кај Албанците е друго си се подржаваат и помагаат,оди спречкај се на бит пазар со нив отиде јабана, сите ќе ти се нафрлат.
Овде кај нас ако си нешто во зорт и при мака само сеир ќе гледаат,па и да се давиш во Вардар, малку ќе причекаш додека не дојде некој кој веќе станал човек,бидеиќи се реткост бар во нашиов град.


Меѓудругото, ние сме навидум големи верници, на збор. На дело тоа воопшто не ни го покажуваме, ретки се таквите случаи.
Во исламот, се учи на добрите вредности, исто како и кај останатите две вери. Но, си помагаат еден со друг колку можат, се солидаризираат, кога постат за Бајрам и Рамазан, постат затоа што сочувствуваат со другите, кои немаат, се ставаат во нивна кожа, барем накратко. Да не забегувам, нема врска вера, нациоланост, тоа е ирелевантно. Човекот е човек за мене, лош или добар. Дали бил Албанец, од Ирак или Јапонија, црн или бел, не ме интересира. Ме интересира тоа што излегува од него, ако излегува.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Во врска со брзината на полицијата, сличен случај пред 1,5-2 години.Почеток на лето, 2 и пол навечер/наутро си идам дома и слушам стакла кршење.Дечишта кршат излог во локалниот маркет, почнав да викам од прозорец и во паника заминаа.Полицијата дојде после 35-40 мин, а првиот пат по долго ѕвонење не ни кренаа!Можда спиеле.Да не слезеа луѓево од околниве згради, комотно можеа да се вратат назад и да си се послужат тие или некој друг.

За хуманоста, чудно е како и ние несакајќи, случајно или водени од некоја друга сила, потпаѓаме под матрицата со тек на време и стануваме машини, роботи.Изгубивме чувство за блиски, роднини, пријатели, солидарност.Тепаме сеир и на непотребни ситуации, не даваме помош и поддршка на други кога е потребно, а ја очекуваме од нив.Живот на растение.Дали ние се сменавме, животот, околината или се во пакет за кратко време :unsure:
 
H

HoT IcE

Гостин
И тебе ти е чудно овој зашто? Зар до сга не сфати у какво општетство и сас какви карактери живиш?
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Не е само кај нас ваква ситуацијата, всушност кај нас е увезена од западната "цивилизација". Западњачките искривени вредности ни направија перверзија од општеството, се поддржува џганот и медиокритетот (во најдобар случај) додека она што стварно вреди се потиснува систематски со цел да се создаде армија на послушни, неедуцирани роботи, без чувства и без морал кои ќе биде лесно да се владеат. Оптимизам дава логиката дека ваков систем на долги стази е неодржлив, бидејќи ресурсите се ограничени и во даден момент алчните олигарси ќе нема што да црпат повеќе, додека простор за песимизам има од проста причина што никоја промена на системи не поминува без да се пролие човечка крв, а и јазот кој го создаваат помеѓу двете екстреми на класи ќе биде преголем за да сиромашните некако се спротивстават... мислам дека и тоа им е целта.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
На братучед ми куќата дечишта секој ден му ја каменуваат од нигде никаде, т.е. не само на него на цела улица, прозори скршија, се осмелија до дома да влезат да лупаат по врати...полицијава ќе дојде за 2 саата ќе запише у тетратката нешто, ќе преземеме, аха аха и ништо ко да не се десило. Малолетни оставени после 12 на школски ден. Да земеш да ги задавиш најдобро.

Еднаш викаат полиција и никој не крева, сабајлето кога отидоа да пријават им рекле ама ние до 6 работиме :pos:страшно.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Чика Јова,беше глумец во стариот скопски театар уште пред војната.
Живееше тука во Еврејското маало покрај Камениот мост.
Тука ја дочека и смрта,до мостот,го стрелаа германците при борбите за ослободување на Скопје. Тој беше самец. Често времето го помонуваше тука на главната улица,каде во близина беше и црквата Св.Димитрија.
Луѓето го поздравуваа. Сите.
-Добро утро чика Јово.
- Дал ти бог добро пријателе. Им возвраќаше стариот глумец.
----------------------------------------------------------------------------------------
Е ова го нема повеќе во нашево и ваше Скопје.
Ние сега живееме во место и време каде повеќето луѓе се уште не се претвориле во
ЧОВЕК
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
На страна неспособноста на партизираната полиција и нејзината непрофесионалнот. Овде проблемот е многу поголем. Ние како општество одиме кон допирање на дното. Ги губиме сите вредности кои треба да се темел на ова општество. Солидарноста и емпатијата ги нема. Да гледаш од тераса како човек без разлика од која националност е, го напаѓаат и малтретираат, а ништо да не превземеш, е тоа е веќе беда, ужас или катастрофа. Се изгубивме сите во ова сивило на политиканство. Па толку ли станавме пасивни бре мме, да еден човечки живот вреди само да се посматра а да не му се помогне. Ретки се тие како дечково од темава кај кои уште има свест. Ама мора некои работи да ги промениме, почнувајќи индивидуално, секој од нас.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom