Барам човек, човек.

  • Креатор на темата Geezer
  • Време на започнување

MK_Devojce

I simply don't care...
Член од
2 август 2009
Мислења
468
Поени од реакции
162
Кој етикетира, зборувам за поголемиот дел. Зборував во негативен контекст, затоа што таква беше и приказната. Не реков СИТЕ, да речев, ќе беше во ред реплицирањето твое.

Секаде и за се, има исклучоци. Од цел текст, ако се фати за тоа, тогаш не знам што да ти речам, навистина.
Епа ти рече "децата на оваа возраст". Не рече "поголем дел од децата",..
Иначе такви настани мало одсекогаш и ќе има секогаш, не е ниту до време ниту до денешни или минати генерации...
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Лошото е и што кога ќе дејствуваш, на крај или ти ќе искочиш кривец, или па нема ни да ти го признаат тоа. Јас нејќам да ме наградат како херој, или па да ми дадат пари, или некоја друг вид на поклон, ама на тој што ќе му помогнеш треба да покаже респект према мене. Не генерализирам, ама колку се понашаш човечки спрема луѓето, толку они спрема тебе ти враќааат на животински начин (пишувам во множина, лакше е :D, а фала Богу дека има и во оваа скапана држава луѓе што ја ценат помошта)

Јас пред некое време, шетав по Илинденска со девојка ми, касно навечер беше, и скоро живо пиле да немаше по улица и пред гимназијата Орце Николов, имаше гласна расправија помеѓу пар, и се наближуваме ние према нив, и дечково што беше, фати да ја шамара, а таа гуската само гракаше (после ќе сфатите зошто гуска), и се мислев прво дали да им пријдам, да го тргнам тој шизикот што шамараше, и ајде отидов до нив, го тргнав тој на страна, го бутнав, и му викам, што ја тепаш бе женско е, и овој ни три ни четири, пукање глава кај мене у нос, ме откачи, ме зашемети, и тука се убаци девојка ми ме тргна на страна, а тој фраерот издрогиран шесто, у очи му се гледаше, и во меѓувреме доаѓа таа пачарвата што јадеше шамари, и ми се дере и ми вика, што се мешаш кретенуу? И се дере како улава, бев зашеметен иначе какво мајагери на неа ќе и дадев, и зема го тргна на страна она тој нејзиниот, и од нигде се убација алфи, и одма не грабнаа и мене и него, и не постелија на земја, сакаа да ме приведат и мене, ама кај нив знаете како е, прво ќе те здробат од ќутек, па ќе те прашат што било. Среќа од џандарска фамилија сум, па спомнував имиња иначе, директно со чартер лет у станица :icon_mrgr:
А тој кретенот што ме лупна, пред да го стават у кола, јадеше радио станица по тело, можам да замислам што му направиле после.

Затоа памет за друг пат, јави се на полиција, они нека реагираат, а ти оди си, зошто на крај можеш ти да го изедеш подебелиот стап :)
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.102
Поени од реакции
16.317
Се јавуваме во полиција да пријавиме украден акумулатор и ние викаат дојдете вие ние немаме бензин ! и то ова се случува во Битола а не во некоја помалечка општина.....

Geezer Браво секоја чест немам што да кажам друго залудно е и сам кажа како одат работите.
--- надополнето: 9 април 2013 во 03:05 ---
Заборавив да кажам исто пред некој ден на другар татко му има напад паѓа на земја и се укочва, врти брза помош никој не се јавува од 17 часот до 19. Арно преку пријатели некако дојдоја одкако нападот помина, и пази докторката господичната влегува изреволтирана и вика демек не знаеме каде вртиме и секако на тој коментар и на цела нервоза после чекање 2 саати другарми и залепи шамар па после тоа си се качи во комбето и одби да го лекува и прегледа пациентот, пази пази која дрскост....
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Исти случај имам од летото на Градска. Ограбија стара баба, таму позади зградите во толпа народ. И оваа почна да вика, да вика целата исплашена...Абе никој не ја застана да праша. Истрчав јас, истрча и едни други го бркавме тој копиљот до пред ГТЦ. Влезе во ГТЦ, гужва и ни се изгуби. Ги прашувам едни да не видоа еден како трча, Албанки беа и се правеа па јас не знам ништо, она, ова ми се смееа и ми идеше бокс да им мавнам. Ама не е тоа се, додека трчавме по него им викавме на луѓето запрете го, запрете го, оние не игнорираа. Срамота, јас со газа на грбот трчав, опериран што не ни смеев такво нешто. Мислам некам коментар за народов...И од Бит Пазар кога не нападнаа не игнорираа. А да викнеше барем еден имаше полициско ауто на 10/15 метри од улицата може ќе успеевме да се извлечеме. И после зборете како Американците биле "ладен народ", тие од Западна Европа. Ма ние сме бетар тиња од нив!
Не за џабе:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Тоа е. Мама трачари со пријателки и/или гледа турски серии, тато цело време работи и/или кафани, нема што децата да се учат на морални вредности and stuff, тоа треба училиштето да го прави. Жими овој!

Ништо ново не е ова, вакви работи се случувале, се случуваат и ќе се случуваат. Ние ќе бидеме револтирани, ќе бараме кривици, мислиме дека го знаеме решението и дека ако сите го применуваат вакви работи нема да се случуваат. Точно, ама кои се шансите?... Секогаш ќе се наоѓа по некој малоумник кој ќе успева да ги залаже другарите за правење вакви работи. И мислиш и да има некој добро воспитан, на таа возраст, ќе застане и ќе ги убеди да не прават? Жими овој #2. Колку толку ќе пробаш да ги најдеш сторителите, да ги казниш, разговор со родители и/или стручни лица... барем да се минимализира, да се искорени тешко, барем во овој свет.

Јас лично не можам да се пофалам од којзнае какво домашно воспитување ама никогаш не сум правел глупости до волкави мери. Крадевме овошје по дворови, рипавме од една напуштена куќа со 3 спрата, ама вакви работи никогаш. Всушност, вака сеа коа ќе се присетам праевме и некои троа поголеми глупости како на пример на партизанска демек тепаме еден другар, и коливе свират ово оно.. ама оди сеа направи вакво нешто и кога ќе излезат алфите од грмушки ќе се сликаш. Ѕвоневме по станови, ама еднашка не фати еден ќелав со бркови, држеше весник у рака и ни го бапна по тиквите. После веќе не правевме така. Но правевме смешни песнички на телефон "Ќелав, брк, ќелав, брк, БРКОЌЕЛАВ - МУХАХАХАХА" и си се смеевме. Во петок вечер одевме у челинџ и им тропавме на прозори "АЛОООООО ПЕТОК ВЕЧЕР Е А ВИЕ УЧИТЕ!!!".

Еве младино некои идеи, колку толку подобри од тепање беспомошни луѓе.
Некој ќе рече omg оваа младина само компјутери, мобилни, ние џамлии игравме ваму таму... епа работава испаѓа подобро да седат по фејсбуци отколку да тепаат луѓе.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
Што се вика, свашта по големи градови. Значи што поголем град, толку повише никој никого не ферма. Кога би живееел во некој мал град кај што скоро сите се познаваат, секако дека тамо се помагаат. И во Македонија кога населението било дупло помало, имало поголемо почитување отколку сега. Тоа би била таа математика.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Од каде знаеш како е на западот?
Си живеела, живееш таму...?
Или мислењево го базираш врз амерички филмови?
Јас живеев еден период...Исто е и овде исто е и таму...
Секаде има деликвенти што го нарушуваат јавниот ред и мир.
Добредојде во реалноста пријателе...Каде што не тече мед и млеко...
Додека бев надвор од Македонија бев сведок на пресметка со огнени оружја,пресметувајки се за банални работи.На едниот му свирнаа куршум во колено,другиот го утепаа од чотек.И тоа деца кои се уште не беа полнолетни...
Не треба секогаш да се бара вината во домашното воспитување туку и во останатата околина...Како што рекоа претходно,да цитирам

Секогаш ќе се наоѓа по некој малоумник кој ќе успева да ги залаже другарите за правење вакви работи.
Мислам дека е се јасно...
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.279
Поени од реакции
27.744
Од каде знаеш како е на западот?
Си живеела, живееш таму...?
Или мислењево го базираш врз амерички филмови?
Капитализмот иде од западот.
Капитализам е општество каде прва работа се парите, па човештвото.
Ние се стремиме кон тоа. Сум била во некои држави и сум го видела тоа.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Капитализмот иде од западот.
Капитализам е општество каде прва работа се парите, па човештвото.
Ние се стремиме кон тоа. Сум била во некои држави и сум го видела тоа.
Немој да го споредуваш тој капитализам во Америка и тоа уредување во западна Европа. Една допирна точка нема... Најмалце менталитетот на луѓето.
Ти можеби си била во некои држави низ Европа како турист, ама ако имаш малце барем живеено ќе видиш дека не си во право. Кај нас има далеку поголема нечовечност и омраза отколку на запад.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Нема врска ова, во Данска на татко ми еднаш му се расипа колата и пола зграда се симна за да помогне кога видоа дека се мачи да открие што е, избацете го од глава тоа дека на запад се бесчуствителни створења.
 
Член од
4 мај 2007
Мислења
598
Поени од реакции
208
На братучед ми куќата дечишта секој ден му ја каменуваат од нигде никаде, т.е. не само на него на цела улица, прозори скршија, се осмелија до дома да влезат да лупаат по врати...полицијава ќе дојде за 2 саата ќе запише у тетратката нешто, ќе преземеме, аха аха и ништо ко да не се десило. Малолетни оставени после 12 на школски ден. Да земеш да ги задавиш најдобро.

Еднаш викаат полиција и никој не крева, сабајлето кога отидоа да пријават им рекле ама ние до 6 работиме :pos:страшно.
Да се надоврзам за неспособниве џандари... Пријавува мајка ми дека човек со капуљача во 3-4 наутро се вртка околу колата(а во тој период кај мене пред зграда во 1 месец 10 радија коли здиплија.) Полицаецот по телефон рече ако мислите дека сака да ви ја обие колата дојдете до станица пријавете, зошто вака неможеме да искочиме на терен...

Исто така на сестра ми и украдоа мобилен во недела(бош ден нели ? ) Оди во станица карпош-не работат, во ѓорче не работат и на крај во беко и и рекле дека мора да пријави во станица во општината каде што и го украле мобилниот, а станицата не работи во недела...:tapp::tapp:
 
G

Geezer

Гостин
Полицијата е само споредниот дел во приказнава, поентата е малце поинаква. И нема врска дали градот е голем или мал. Конкретно, јас не живеам во Скопје и ова се случи во помал град од Скопје.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Ќе кажам две случки што многу убаво ја рефлектираат јадната и мизерна духовна состојба во која се наоѓаме како колектив.

Во автобус типац и се искивал на жена во фаца, му рекла жената следен пат да кива во марамче и типот почнал да и се дере пред цел автобус. Дали некој од тие 20 мажи што биле во автобусот реагирал? Никој не се поместил.

Друг случај, влегува бабичка во автобус ама на добри 80 год и едвај оди. До неа седи типче на 15-16 ја гледа у фаца и мува не го лази да и отстапи место. Требаше да го чукнам по рамо да му текне да стане.

Во странство ми се има случено на еден скитник да му се слоши на трамвајска станица и застана еден пар (се гледаше многу добро ситуирани) и седеа со него едно добри пола саат додека не се опорави и сигурно да е ок. Женава и вода му донесе, на брза помош се јави, такси сакаше да му плати да го однесат до дома така да не е точно дека на запад никој нема да ти помогне. Има и таму прекрасни луѓе.

Еднаш прочитав цитат од казачкиот атаман кога дошле во Македонија после октомвриската револуција 1917 и Србите ги населиле кај нас. Вели: „Иако и самиот роб македонскиот народ го дели последното залче леб со нас“.

Сега ни за нас не двоиме камоли за некој друг.

Сме станале плашлив, духовно и физички тотално утепан народ, се јачаме на послабите и фините а им молчиме на безобразните и расипаните.

Во моментов жените ни се поборбени него машката популација што за еден народ е катастрофа зашто не можеш од една жена да очекуваш да ги врши работите кои се типично машки.

Надеж ми е дека кај помаливе генерации нешто може да се смени (со добро воспитување и едукација) кај остатокот едино да се трудиме да не станува полошо зашто моментално имаме тотално извртени животни вредности со тенденција на влошување.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom