И во денешно време ретко некој сака да влегува во ризик, ова од искуство. Колку си понастрана од некоја случка толку подобро, не знаеш кој како ќе реагира.
Пред 10тина години на една жена и се превитка ногата и од тротоар падна на улица, тој пред мене што помина со колата не ја ни закачи да речеш еве виновен и ја прегази. Застанав и јас и излеговме да видиме дали и треба помош, да се носи на лекар и таа фала дечки ништо не ми е, се е во ред.
После неколку месеци покана и за двајцата, среќа имаше сведоци и таа го загуби случајот и плати оштета. Еве јас ќе бев виновен демек и сум ја закачил после него иако застанав понастарна и испаднав да помогнам.
Лани ова време карши влада, вртам десно и еден со точак ми паѓа со точак пред кола, среќа не возев брзо избегнав у лево и не го ни допрев. Излегов од кола да видам што се случува и дали е добро, станува овој со точаков се превиткува и ми се дере Глеаш ли кај возиш бе, што леташ ќе ме прегазиш пцуе вика, у меѓувреме доаѓа полиција и почнаа распит шо било како било. Едниот од џандарите почна виновен си што паднал си го уплашил, скршен точакот итн.
Кога од другата страна шипо врти полукружно на семафорот и застана, а кога искочив од кола ми се дереше, терај бе брат ТЕРАЈ НИШТО НЕ МУ Е, НЕ СИ ЈА ЗЕМАЈ БЕЉАТА!
Застана дечково и им вика на полицајциве, јас се видов бев паркиран од другата страна точкаров му рипна пред кола на човеков, еве ви документи број се што треба јас ќе сведочам ако треба нешто. И мене ми даде број и податоци у случај ако треба нешто да му се јавам.
Секогаш сум гледал да помогнам без разлика дали некој застанал на пат со дефект, сообраќајка, паднал или било што друго кога требало помош да се даде. Ама како поминува времево и како гледам дека е повеќе има гомно карактери и избегнувам веќе било како да се инволвирам во било какви ситуации.
Не дека и мене у тој момент не ми се најде тој што застана и дека ќе наебев ако не застанеше, туку кој ќе се ебаваше по судови и заебанции.