Балкански триумфализам за успехот на другиот

Член од
25 март 2012
Мислења
8.607
Поени од реакции
5.241
Пуно, несакајќи ја погоди поентата. Имаш таков талент.

Хрватите имаат една од десетте најквалитетни репрезентации, а отпаднаа по групи. Што значи дека првенствово е тешко разочарување за нив, ама сепак, верувам дека во неделата никој не бил тажен, туку сите се силеле на победата на Германија.

Сеа, тебе тоа ти изгледа нормално и тоа не е чудно воопшто. Од мал те лоботомирале да навиваш за „братските“ нации кои му помогнале на сиротиот и угнетен албански народ да се избори за своите права. Ама тоа не значи дека таквото однесување е нормално.
Чекај сега, мене ми реплицира или на некој албанец, што мешаш баби и жаби...

Не е навивање за туѓ успех и кога навиваш за репрезентацијата на твојата држава? Сопствен успех е постигнувањето на Вардар?
Што има разлика навивањето за Германија со навивањето за Македонија?

Глупости, нема врска тоа, никој немаше да навива за Германија кога би имале слаба репрезентација, мислиш имаше некој албанец кој навиваше за САД?
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Баш вчера вечерта седам со другари,и на ТВ покажуваа на АЛФА мислам,која држава колку титули има освоено.И Бразил 5 а Германија 4 и еден од моиве другари на другиов му вика МИЕ ВЕ ВОДИМЕ СО ЕДНА ТИТУЛА а другиов па НАШИОТ ИГРАЧ ГО ПРОГЛАСИЈА ЗА НАЈДОБАР НА МУНДИЈАЛОТ,КАЈ Е ТОЈ ВАШИОТ... трагедија.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Нормално дека ќе навивам за Германија, вујко ми е не е во Аргентина, во Хамбург е.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Мислам дека овој феномен идентификација во група не е екслузивитет само на Балканот, туку влече корени уште од пред 5000 год. би си. кога се оформила земјата.
Човекот е научен да се идентификува во група од причина што полесно може да се заштити себеси, поинтензивно да ги доживее успесите и полесно да ги преброди неуспесите.
Е сеа разликата помеѓу нашиве балкански примитивци и германските е разликата во менталитетот кој што се делкани низ тие 5000 год. овие табула раса.
Инаку пред дузина години и германските племиња ги обесувале на колец главите на своите поразени и правеле селфи за да се пофалат пред жените.
Она пак што го кажува холандскиот стручњак Ван Дер Сабаховиќ кога некој остров во Полинезија навива за Низоземска е нешто друго, тоа е веќе криза во идентитетот и докажување за тоа.
Од тие причини Хитлер бил најголем Германец, Караџаферис е најголем Грк, Љубчо Георгивески најголем Бугарин итн. итн.
Иначе Дежуловиќ греши во следново, кога Бразил би ја имал генерацијата на Пеле, Гаринча и Германија би играла бледо на ова светско првенство слично како Бразил тогаш хрватските навивачи би носеле жолта боја, барем повеќето и би виореле жолти знамиња на фејсбук.
Чисто онака колку да се биде во победничкиот тим, кога веќе таму не се наплаќа влезница, не се бара виза и секој е добредојден.
 
Последно уредено:
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.402
Поени од реакции
4.266
Понесватлива ми е целата таа шарада што кај нас се случува на плоштад кога ке освоиме 4то, 7мо или 10то место на некое натпреварување отколку радувањето кога тимот за кого навиваш (во недостаток на твојот државен тим) ке освои 1 место на мундијал. Смешно ми е кога правиме пречеци како да сме освоиле 1 место, па тоа приеми кај претседател, па приеми кај премиер, па приеми кај директор на агенција за спорт и млади, па репортери од плоштад, од аеродром, абе да ти е гадно да пуштиш телевизор и да се засрамиш што си припадник на таков народ. Па држави освојуваат први места и не прават такви смешки, си прават прослави ама сето тоа во спортски дух, оставаат простор за тоа наредниот пат и слабо да се пласираат.
Кога немаш твој тим за кого да навиваш секако дека ке навиваш за некого од некои лични мотиви и симпатии и нормално дека кога ке побети тој за кого си навивал ке се радуваш... тоа е спортот, некогаш е многу чудно како тоа може на човека да му потечат солзи за тоа кога тимот за кого навива ке биде поразен а додека истиот тој е сосема рамнодушен на вест дека автобус со 50 деца паднал во провалија и сите загинале....
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Од тие причини Хитлер бил најголем Германец, Караџаферис е најголем Грк, Љубчо Георгивески најголем Бугарин итн. итн.
Рамстор бил најголем шфицарски дуќан...
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.264
Поени од реакции
84.361
Текстов нема врска, ниту па може да им се пресликува на хрватите, кога тие имаат една од десете најсилни репрезентации, а не се ни 10 милиони.

И не знам дали дотичниов знае што е навивање. МНормално е дека балканците ќе навиваат за Германија.
Сиромав. Некој ќе напише горка вистина за Албанците, макар и во една реченица и независно дали треба да се одбрани идиотска нишка од менталитетот, АлКаеда, или само обичен криминалец, одма се рипа да се брани.
После иди збори за објективност.
Понесватлива ми е целата таа шарада што кај нас се случува на плоштад кога ке освоиме 4то, 7мо или 10то место на некое натпреварување отколку радувањето кога тимот за кого навиваш (во недостаток на твојот државен тим) ке освои 1 место на мундијал. Смешно ми е кога правиме пречеци како да сме освоиле 1 место, па тоа приеми кај претседател, па приеми кај премиер, па приеми кај директор на агенција за спорт и млади, па репортери од плоштад, од аеродром, абе да ти е гадно да пуштиш телевизор и да се засрамиш што си припадник на таков народ. Па држави освојуваат први места и не прават такви смешки, си прават прослави ама сето тоа во спортски дух, оставаат простор за тоа наредниот пат и слабо да се пласираат.
Кога немаш твој тим за кого да навиваш секако дека ке навиваш за некого од некои лични мотиви и симпатии и нормално дека кога ке побети тој за кого си навивал ке се радуваш... тоа е спортот, некогаш е многу чудно како тоа може на човека да му потечат солзи за тоа кога тимот за кого навива ке биде поразен а додека истиот тој е сосема рамнодушен на вест дека автобус со 50 деца паднал во провалија и сите загинале....
Тоа е. Новите генерации не знаат како е да живееш во држава, која е потенцијален победник во скоро било кое натпреварување, па мораат да импровизираат.
Но, најлошото во тие славења не е духовната беда, туку несфатливата потреба на луѓето да најдат причина за славење и радост. Многумина од нив уопште не се ни разбираат од спорт, не слават ради некој успех, туку слават ради самото славење.
У ствари и тоа е духовна беда, пошто не се толку свесни дека можат да се забавуваат и слават затоа што им се слави и забавува, не мораат да чекаат повод.
Тоа има врска и со следново - ако праам именден, роденден, банкет, матура и сл. онда може да ечи музика и комшиите имаат разбирање, али ако праам журка ќе ми викнат полиција.
 
Последно уредено:

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Интересна тема, многу убаво напишана, со многу убава поента, јас како пример за тоа до каде оди ова, ќе дадам и конкретен пример. Значи уште кога Германија победуваше на почетокот гледав малку чудни коментари, но, си велев, ај... По тоа што се случи со Бразил, јас се згрозив од се она што го прочитав и си велев колку германските нацисти би се гордееле со тоа што го пишува македонската младина на социјални мрежи, младина која врска нема со Германија, освен што сака да се пресели таму. Па тоа муабети за ариевска раса, Хитлер, Евреи, цигани и останати одвратни нацистички изрази, фрази и повторување на истите до бескрај. Мистерија ми е, еве се уште, како успеваат да поврзат ариевска раса, логори и Аушвиц со Светско првенство во фудбал..
И јас навивам, интересно ми е, ама до тој степен да се израдувам или тажам ко роднина мој лично да го дал/примил победоносниот гол, мало морген.
Претпоставувам самото навивање како навивање во случајов е потреба да се припаѓа некаде, особено од аспект што сме реално прилично утепан крај на секој план и со навивањето и победите на омилените репрезентации се создава чувството дека се дел од големите, дел од победничкиот тим, дел од моќните. Затоа и реално сите навиваат за репрезентации како Франција, Бразил, Италија, Холандија, Шпанија, Германија, Аргентина. Ретки се тие што навиваат за послабите држави, а уште поретки тие што навиваат за Иран, Нигерија или Јужна Кореја на пример. Затоа што немаат шанси да бидат дел од победниците, а тие и онака се во “лузерскиот тим“ со самото тоа што не сме квалифицирани и фудбалот ни е поголема трагедија од Титаник кога потона..
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.399
Поени од реакции
38.885
Е сега, зошто добив навреда за критика на еден фудбалер од држава која се наоѓа преку еден океан, од еден човек кој е роден во село блиску Штип, облечен гордо во дрес со сина-бела боја заедно со својата девојка, исто така член на МЕНСА како и тој, не ми беше јасно.
Игорче? :pos::pos::pos:
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
8.098
Причина според мене е нефункцинирањето на системот на овие Балкански држави. Конкретно би рекол на екс ЈУ државите, имено по распадот на државата која имаше секогаш конкурентна фудбалска репрезентација, кокнурента лига, големи клубови се создадоа помали државички пред се од националистички карактер дека тие самите се најдобри во се. Е тука настанува клучниот проблем, се смали пазарот, се смали бројот на луѓе, цел тој обрт на пари, клубовите и репрезентациите од година во година се помалку и помалку конкурентни. Во тој начин на функционирање нормално Германските, Италјанските, Англиските клубови и репрезентации се подобри. Кон крајот на деведестите се почнува со пренесување на туѓи национални лиги, најчесто се крадат и ефтино па А1, Сител па и сите јавни сервиси МРТ, ХРТ, РТС, ги пренесуваат истовремено и подобрите странски и своите лоши првенства. Оваа работа расти со појавата на интернетот, насекаде се пренесува дури и за извршувањето на физиолошки потреби на играчите, се појавуваат кладилниците, западните федерации и клубови растат и се богатат а нашите стагнираат.
Значи ти имаш можност да одбериш што ќе гледаш доброто странско или лошото твое. Поголемиот дел од спортските вљубеници го избираат странското. Порано за тоа си немал шанса, исто како и што сега немаат и никогаш немале жителите на западните држави. Единствено се величи самиот себеси а другиот не го спомнува, конкретно во Англија или Германија практично е невозможно да следиш туѓа национална лига, значи или треба дебело да си платиш сега по најново или до пред неколку години воопшто и го немало. Кога ќе дојди големо натпреварување нормално тој учествува и има шанса за титула затоа што има пари, има интерес од луѓето а ние или учествуваме колку само да се броиме или воопшто не учествуваме. И нормално тој од Штипското село гледа фудбал само на телевизија кога во негова близина нема ништо од спорт, чита на интернет дека Меси се посрал вчера 3 пати а идоли на жена му и на децата му се странци.
Во странство не знаат дека балканот постои а не пак на некој да му бидеш идол.
Комплесот од помала вредност свесно или не свесно сме го создале сами а не дека сме послаби од некој во нешто. Едноставно е, стагнираме додека тие работат.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.978
Поени од реакции
37.251
Темава е повеќеслојна - остава простор дискусијата да се развие во повеќе насоки. Но од повеќето коментари не можев а да не добијам впечаток дека малку сте забегале од поентата. Не се проблематизира навивањето на Балканците за „големите“ и „другите“, кои се „повеќе-од-нас“, туку начинот на кој се прави истото. Барем колку што јас разбрав... Доколку се полемизираше за тоа дали навивањето за „другите“ и „големите“ е само „Балканштина“ во прашање, дециден сум дека не е баш така. Имаше убави мислења кои прецизно ја доловија поентата: секој човек на планетава, поради X причини може да се поистоветува со Y друга нација на која не припаѓа. И тоа е 100% точно. Јас имав прилика сосем случајно да запознаам човек, Бразилец, кој никогаш не бил во Македонија, но заради некој негов став, во неговите очи Македонија е „големата“ и типот е болен по неа. Негова животна желба е да допатува тука. На сите спортски натпревари навива за Македонија и после секој успех на некоја наша репрезентација ми пишува пораки во инбокс: „We won!“. Го потцртав она We, само за да ви покажам колку е само симптоматичен овој случај. Значи, по мое мислење, господинот Хрват (на кој не му го ни запомнив името), не сака да потенцира дека е проблем што НИЕ навиваме за ДРУГИТЕ и ГОЛЕМИТЕ, туку за тоа КАКО навиваме за другите и големите! Одговорот на ова прашање ни е познат на сите.

Сосема друго ниво на дискусија е она кое навлегува во доменот на постколонијалните студии. Ни деконструктивистичката анализа на Дерида и неговите теории за „другоста“ не смеат да бидат изоставени при оваа дискусија. Со право и беше споменат, сметам. ;) Мошне интересна апликација на целата ситуација за „Балканизмот“ и идентитетот може да се пронајде и во опсежните студии за „Ориентализмот“ на бројни книжевници и теоретичари од кои би ви ги препорачал барем Едвард Саид и Амин Малуф.

А еве како нас не гледаат дел од Европејците (не се далеку од вистината):
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Нема никаков феномен не замарајте со глупости,кога не нема во никој спорт ти мора да гледаш а воедно и да навиваш за некој,убаво пишале погоре за времето на Југославија дали некој сте слушнале дека навива некој за Бразил,Реал Мадрид или Челзи...се знаело Вардар,Партизан,Ѕвезда
Е сега се разбира има исклучоци русофили,германофили итн итн ама тоа се пред се искомплексирани,неуки прости луѓе кој сакаат да привлечат внимание а не свакаат дека изгледаат смешно
*има такви доста на форумот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom