Балкански триумфализам за успехот на другиот

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Борис Дежуловиќ луцидно го анализира овој белег на балканскиот менталитет: курчење со туѓ успех – успех на друга држава или народ. Дури и расправање и тепање за нешта кои си ги припишуваш себеси, а немаат никаква допирна точка со твојата сопствена култура, историја, традиција, бутур. Примери купишта.

Германија победи. Балканските фанови на мајншафтот урлаат повеќе одошто Германците. Балканските запенети „победници“ се поегзалтирани што Германија тепа отколку кога нивниот сопствен национален тим би победил на Светското првенство. Некои освестени Албанци (поради пресудниот учинок на Шкодран Мустафи во финалето, разбира се) веќе се прогласија за светски прваци во фудбал.

Дежуловиќ го деконструира тој (во суштина, ропски) менталитет да се гордее со туѓи успеси и дури да се билда некаква супериорност. Текстот е за Хрватите, но истиот комотно може да се преслика и на Србите, Босанците, Македонците, Албанците. Капакот на сето тоа е што после успехот на фиљан тимот, следува и селски триумфализам поради успехот на фиљан тимот. Социјалните мрежи се преполни со ваквиот (ничим незаслужен) тиумфализам каде се черечи Бразил – Бразилците немаат појма од фудбал, маалскиот тим од Кичево ќе играл боље, „Бразилци цркнете од мука!“, „их, што ти е немачка машинерија“, итн. Читајќи ги коментарите, станува јасно дека титулата е нивна заслуга (не толку на Немците) пошто они го изиграле финалето и директно учествуеле у триумфот.

Германските фудбалери и нивниот тренер ни во еден момент не го понижија противникот. Во сите коментари покажаа респект за Бразил и чувство за реалност. Тоа јасно ги одделува германските шампиони од балканските сељаци кои победија и на ова светско првенство у примитивизам.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.610
Поени од реакции
5.245
Текстов нема врска, ниту па може да им се пресликува на хрватите, кога тие имаат една од десете најсилни репрезентации, а не се ни 10 милиони.

И не знам дали дотичниов знае што е навивање. МНормално е дека балканците ќе навиваат за Германија.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
@Тапетарот Петар, отсекогаш сум се думал што е тоа во човекот кој се храни со интернационален банализам. Во конкретниов случај, делење на триумф со интернационален колектив. Истата е интересна, ама мислам е неблагодарно да се нарече како балкански синдром. Мислам, не знам шо толку се зафатени сите во поглед на плукање на Балканов. Еве, во поглед на геополитика, дури имаме и геополитички дефрагментирачки процес наречен „Балканизација“ (дали Британија ќе се Балканизира“).
I'm pretty sure дека најдобар дел од популацијата на Молучките острови навиваше за Холандија, додека жителите кои дремат на Никобардските и Андаманските острови навиваа за Англија, повеќе од самите Енглези.
Но, ова само да си го оправдам глупиот народ кој живее на овие 550 илјадарки км кв, и кој и по тоа не е поразличен него останатите 510 милиони км кв.

Темата е супер. Штета, пошо планирав да пишувам статија на оваа тема за следната недела. Ексик. Ај може ке добијам некоја содржина за нова хипотеза (дај Боже теорија).

Јас инаку, одсекогаш сум сметал дека се работи за сиромашен, неисполнет дух кој има потреба да дели триумф со апстрактни работи. Во случајот, таквиот дух е склон кон sharing на успшех на она што носи најмногу успех. Истиот тој „Балканец“ кој урла за победата на Немачка во фудбал, тешко дека би урлал за победата на Немачка во ватерполо. Тоа е интересниот Part. Што се бара инстант успех за braggin наоколу, не? АКо гледаш дека другарите честат за одбранет докторат, и навиваат за Англија, ти имаш убава можност да запишеш четврта угостителско вонредно и цело лето да ги заебаваш, оти си фан на Немачка.

Дефинтивно пишам статија за ова! хехе
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Текстов нема врска, ниту па може да им се пресликува на хрватите, кога тие имаат една од десете најсилни репрезентации, а не се ни 10 милиони.

И не знам дали дотичниов знае што е навивање. МНормално е дека балканците ќе навиваат за Германија.
o puno, ovaj tekst ne je za futbollit, be. ali, iç da ne mu sekirash. forza shkëndia!
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.319
Поени од реакции
26.255
Текстов нема врска, ниту па може да им се пресликува на хрватите, кога тие имаат една од десете најсилни репрезентации, а не се ни 10 милиони.

И не знам дали дотичниов знае што е навивање. МНормално е дека балканците ќе навиваат за Германија.
Пуно, несакајќи ја погоди поентата. Имаш таков талент.

Хрватите имаат една од десетте најквалитетни репрезентации, а отпаднаа по групи. Што значи дека првенствово е тешко разочарување за нив, ама сепак, верувам дека во неделата никој не бил тажен, туку сите се силеле на победата на Германија.

Сеа, тебе тоа ти изгледа нормално и тоа не е чудно воопшто. Од мал те лоботомирале да навиваш за „братските“ нации кои му помогнале на сиротиот и угнетен албански народ да се избори за своите права. Ама тоа не значи дека таквото однесување е нормално.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.634
Поени од реакции
31.849
Вака оди некако ,,мапата" на навивање. Прво се тргнува од балканските земји пример Србија, Хрватска (овие две се први) па ако победат или освојат небаре Македонија е во прашање. Веројатно се влечка тука југоносталгичарскиот синдром кој се пренесува од поколение на поколение, па сетне блискост на јазици, култури.

Потоа топката се префрла на рандом европски држави, пошто тие се нашинци исто, Европската унија не обединува, сите се крепиме, ако нас никој 5 посто нe' не клецка.
Па така Германија сите ,,ја сакаме". Па ако некој ни се спротиви има нож да фрлиме преку социјалните мрежи, небаре мајка ни окарал.

Во психологијата има едно се нарекува идентификација. Работите кои не можеш сам да ги реализираш, а ги реализира некој твој близок (ова најчесто е релација родител-дете, пример од мал родителот го форсира детето да свири гитара, од мал го учи да зборува 10 јазици) создаваат чувство и радост како да лично сам си ги реализирал. Па така татко кој абер нема од свирење гитара, а животна желба му било да научи, свршува кога неговиот син прави партали на гитарата.

Така некако и ова. Се заситуваш на туѓиот успех, до степен на присвојување како да е лично твој.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Феномен кој се наоѓа на микро и макро ниво. Од родители што живеат низ успехот и медалите на нивните деца до маалските Прч, Чваре и Љоци
што киснат во локалната спортлајф и во прво лице баснословно ги раскажуваат подвизите на нивните тимови-љубимци.
Тепавме, изгубивте и така натаму, ментален склоп помеѓу народот познат како ќитење со туги перја или Basking in reflected glory.

Оваа когнитивна self-serving фора за стимулирање на его и себеутешение покрај просечноста во животот е и те како раширена,
не само низ земји од третиот свет како балканските туку и големи земји како Ју-Ес-Еј.
Се користи како превентивен одбранбен механизам против закани за егото и самодовербата, како и одржување на углед во очите на општеството.
Интересно е тоа што самиот менталитет поттикнува зголемување на самодовербата и потенцира дека
станува збор за луѓе кои веруваат во сопствените лаги што ги прави патолошки случаи.

Истражување спроведено во 1976 од Robert Cialdini на седум-осум факултетски кампуси покажало дека после спортски натпревар меѓу кампусите,
припадниците на победничкиот кампус носеле далеку повеќе облека и симболи кои ги претставува како претставници на тој кампус отколку оние кои загубиле.
Во истото истражување, студентите кои не биле од тимот биле запрашани да го опишат натпреварот па припадниците на победничкиот кампус за својот тим зборувале во прво лице множина доколку припадниците на оние кои загубиле ја користеле заменката "тие".

Уште еден нус продукт на овој феномен е деиндивидуализацијата што во масовни случаи може да доведе до некое ниво на "proxy herd mentality".
Сепак, не постои критериум кој прецизно одлучува дали набљудуван случај навистина е Basking in reflected glory.

Претпоставувам дека на нашиве простори, посебно нашава држава проблемот со самодоверба е евидентен.
Постојаното негирање на идентитетот од страна на соседните земји и те како
може да го наведе обичниот граѓанин да посегне по туѓи перја како би се чувствувал попретставително во своите и туѓите очи.
Самата историја на македонскиот народ не посочува кон постоење на премногу простор
за развој и себеусовршување. Постојаните обиди на странски нации да го асимилираат
македонскиот единствено го стимулирал овој процес кој и онака е присутен кај луѓето.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
74
Поени од реакции
82
Да го ебе Дежуловиќ Другиот, Третиот, и по ред колку и да се. Фудбал ко фудбал, исто ќе има напалени и на балканот и во скандинавија и во афганистан, како и секоја забава за широкии маси. овој идиотот што ќе "деконструирал" е еден од многуте деконструктирачи со кои е запоседнат балканот, еднаков на идиотите кои демек ги критикува. балканот има многу поголема штета од вакви мувлосани "интелектуалци" задоени со неписменоста, незнаењето и професионалниот опскурантизам на континенталните шарлатани, него ли сите напалени навивачи, чировци и останати гниди со ропски менталитет.
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184

Кажи кога ти е роденден, ќе ти ги испратам собраните дела на Дерида за поклон. :cool:
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
74
Поени од реакции
82
Кажи кога ти е роденден, ќе ти ги испратам собраните дела на Дерида за поклон. :cool:
праќај одма, да знам да го деконструирам илинден на време и идиотите што ќе го слават
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Интересно и јас размислував на темава деновиве, посебно по една случка на Facebook, кога откако го искритикував Меси поради неговата игра, од еден непознат пријател добив навреда, да го цитирам „Да те ебам во таа устата педерска.“ Понудата секако ја одбив, зашто устата одамна е сигурна дека е хетеро, како и останатото.
Е сега, зошто добив навреда за критика на еден фудбалер од држава која се наоѓа преку еден океан, од еден човек кој е роден во село блиску Штип, облечен гордо во дрес со сина-бела боја заедно со својата девојка, исто така член на МЕНСА како и тој, не ми беше јасно. Зошто би се чувствувал така заштитнички за држава во која сигурен сум дека никогаш не бил и дека нема потекло, немам конечен одговор но би пробал да глумам нешто демек сфаќам.
Наједноставното објаснување би било дека едноставно во животот нема за што да „зграпчи“ за да се чувствува како победник, па затоа решил да биде дел од нешто што не може да го контролира а може да му донесе полесно шанса за да се чувствува победнички, од пример да навива за Брегалница Штип или едноставно да стане некаков подобар човек лично. Истото е како се чувствуваат горди со победа на партијата за која гласале и носеле маица на некој митинг или пак им победила серијата која ја сакале на некои награди. Државата и регионот мора да излезе од оваа лузерска ситуација, а дотогаш - ќе имам вакви пациенти.
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
праќај одма, да знам да го деконструирам илинден на време и идиотите што ќе го слават
Таму е потребна поинаква, пофизичка деконструкција, Дерида нема многу да ти помогне.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Да го ебе Дежуловиќ Другиот, Третиот, и по ред колку и да се. Фудбал ко фудбал, исто ќе има напалени и на балканот и во скандинавија и во афганистан, како и секоја забава за широкии маси. овој идиотот што ќе "деконструирал" е еден од многуте деконструктирачи со кои е запоседнат балканот, еднаков на идиотите кои демек ги критикува. балканот има многу поголема штета од вакви мувлосани "интелектуалци" задоени со неписменоста, незнаењето и професионалниот опскурантизам на континенталните шарлатани, него ли сите напалени навивачи, чировци и останати гниди со ропски менталитет.
Митре, синко. Покажи малце емпатија кон неписмените као Дежуловиќ. Не можеле сите да дипломираат кај тебе у гранап. Тесно е, калабалак.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
74
Поени од реакции
82
Таму е потребна поинаква, пофизичка деконструкција, Дерида нема многу да ти помогне.
праќај тесла тогаш.
Митре, синко. Покажи малце емпатија кон неписмените као Дежуловиќ. Не можеле сите да дипломираат кај тебе у гранап. Тесно е, калабалак.
дал госпот место за сите, кој на нива, кој во каменоломот кај г-н крстиќ, кој говедар.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.065
Поени од реакции
12.612
Борис Дежуловиќ луцидно го анализира овој белег на балканскиот менталитет: курчење со туѓ успех – успех на друга држава или народ. Дури и расправање и тепање за нешта кои си ги припишуваш себеси, а немаат никаква допирна точка со твојата сопствена култура, историја, традиција, бутур. Примери купишта.

Германија победи. Балканските фанови на мајншафтот урлаат повеќе одошто Германците. Балканските запенети „победници“ се поегзалтирани што Германија тепа отколку кога нивниот сопствен национален тим би победил на Светското првенство. Некои освестени Албанци (поради пресудниот учинок на Шкодран Мустафи во финалето, разбира се) веќе се прогласија за светски прваци во фудбал.

Дежуловиќ го деконструира тој (во суштина, ропски) менталитет да се гордее со туѓи успеси и дури да се билда некаква супериорност. Текстот е за Хрватите, но истиот комотно може да се преслика и на Србите, Босанците, Македонците, Албанците. Капакот на сето тоа е што после успехот на фиљан тимот, следува и селски триумфализам поради успехот на фиљан тимот. Социјалните мрежи се преполни со ваквиот (ничим незаслужен) тиумфализам каде се черечи Бразил – Бразилците немаат појма од фудбал, маалскиот тим од Кичево ќе играл боље, „Бразилци цркнете од мука!“, „их, што ти е немачка машинерија“, итн. Читајќи ги коментарите, станува јасно дека титулата е нивна заслуга (не толку на Немците) пошто они го изиграле финалето и директно учествуеле у триумфот.

Германските фудбалери и нивниот тренер ни во еден момент не го понижија противникот. Во сите коментари покажаа респект за Бразил и чувство за реалност. Тоа јасно ги одделува германските шампиони од балканските сељаци кои победија и на ова светско првенство у примитивизам.
Борис Дежуловиќ нека им продава памет на неговите сакани сонародници - Хрватите, кои говорат германски политературно и од самите шваби и од почетокот на 20-от век кога сеуште биле дел од тогашната Австро-Унгарска Империја им се умилкувале и подлижувале на швабите.

Во Хрватска полесно се наоѓа преведувач на германски јазик, отколку на англиски или шпански јазик, кои патем - се најкористените јазици во светот, ако не ги земеме во предвид Кинезите и Индијците, чии што јазици се најговорените бидејќи Кинезите и Индијците ги има најмногу во светот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom