Праењето пари е основа на фудбалот у денешно време, па така и идејава не е ништо подалеку од тоа...Откриено е ново тржиште на таленти кои може за евтини пари да се шиткаат у големите европски клубови, па Платини и компанија демек сакаат да им помогнат на балканските земји да доживеат да гледаат поатрактивен фудбал...
Концепцијата која била некад дека фудбалот се игра заради навијачите и публиката сега е тотално изменета , и сеа фудбал се игра заради пари...
Многумина тука ја споредуваат оваа лига со јадранската во кошарка...Не е баш адекватна споредбата ...Еве ќе се задржам на екс-ју државите...У баскет Цибона нема навијачи, Гробари не одат на гостувања надвор од Србија,Делије бојкотираат,Олимпија има некоја смешна група која ни сама не знае што праи, Торнадо може да се каже дека го губат шмекот на жустри навијачи...Другите екипи немаат навијачки групи...Епа и во ваква ситуација, на толку малку активни групи, на првиот Ф4 што се одржа во Љубљана дојде до инциденти помеѓу Делије и полицијата...Не е битно зашто, како ,кој ,што се десило...
Е сеа...Замислете у фудбал на Маракана да дојде БББ и да пеат Уби србинаа, или србе на врбе...Или па обратен случај...Па тие нема да си отидат од таму како што си дошле и целиот епилог би бил многу крвав...Или па замислете Гејт 7 да дојдат на ЈНА и да играат против Партизан, а со нив се и Делије како православни браќа па заедно да навиваат...Пекол...
Тоа секако дека Платини не го гледа , али се прашувам зашто некој не му укаже на тоа...Одговорот е секако поради парите...Најголем протагонист на идејава е Толе Караџиќ, претседателот на ФСС и он секако дека има некој надомест поради тоа...Дејо Савиќевиќ и Влатко Марковиќ се против идејата и ја ги поддржувам пошо имаат добро размислено и целиот проблем го имаат разгледано од сите аспекти , а не само од финансискиот...
Лигава е замислена да биде по урнек на балтичката мислам или скандинавска(не знам како се вика тачно) и не знам дали има некои бенефиции од неа , како што се идење директно у ЛШ или Уефа куп...Али, ова не е Скандинавија, ова е Балкан и тука на народот малце му треба за да пламне и од една обична фудбалска утакмица да почне војна...Па и за 50 години од сеа лигава би била лоша идеја, а камоли сега ,15 години после војната...
Добро сеа, квалитетот ќе се зголеми, ќе се игра подобар фудбал, навијачите делумно ќе се вратат на стадионите али сето тоа е само привидно...Иста ваква фама и бука имаше кога почна јадранската у баскет, па после 2 години увидоа дека лигата не носи некоја голема добробит, не се игра подобра кошарка, полупразни сали на утакмиците итн...Не знам ни дали направија договор со Евролига за да може победникот од јадранска да иде директно во тоа натпреварување...
Ја не би праел ваква лига...Поднебјето е се уште зелено и свежи се спомените за повторно да се евоцираат...