Бадников оган/Коледе леде

Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.583
Поени од реакции
3.591
Се сеќавам 6 другари бевме ама се делевме во 3 групи по 2ца за да куќите и зградите ги поминеме по 3 пати (автоматски тројно повеќе кеш).Во една куќа ни дадоа 100че и од тука одма трчанка ги наоѓаме останатите 2 групи за да ги преупатиме во истата куќа. Фанаа и они по едно 100че ... еее ќарот беше масивен :D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Јас се збирав со другарите и одевме сите заедно од една во друга куќа. Во едната фрли една ракија, во другата фрли друга, во третата фрли трета и така ко за загревање поминувавме едно 15-тина куќи, па сетне почнувавме по зградите.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Порано обавезно си правев списочиња, ради тоа што никако не можев да запамтам кој-каде живее. Од вечер за секоја зграда и влез, посебно ливче правев. Така на секој стан, каде што живеат Македонци штиклирав, а каде што не живеат Македонци пишував знак икс.
Ама нешто сум побркала... па другарките ги однесов во стан каде што живееле Албанци. Човекот не` гледаше збунет, па ни даде кутија наполитанки и на секоја по една пееска. :icon_lol:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Како помал знам едни деца се фалеа дека отишле кај Благица Павловска и им кажала дека немала ништо им дала 1000ка и им кажала да си ја делат.
Ако не ја бива за мода ја бива за Коледе :ROFLMAO:
Кај се тие деца,еве јас давам иљадарче,тие нека пеат пред врата,
додека јас ќе правам Коледе.
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
ние им фрлавме буренца во зграда зошто од цела зграда само 3 стана ќе отвореа... а по куќите даваа.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Порано кога шетавме, мислам дека појдовме кај Сашо Мијалков, видовме ламби и се вкопавме хах..
Пееме шо пееме, излегоа луѓе од внатре, не знаеа што е тоа, им објаснавме, не натераа уште неколку пати да испееме, се изнасликавме и т,н.. и ме прашва и дечко по колку пари збирате (реално збиравме по 2000 и нешто) али ние да се исфалиме му велиме по 5000/6000К и чоеков, вади новчаник ми се обрати мене, ми ја накитивте куќата со нов адет, на ви 5000 денари и одете си дома немој да шетате по темицава и по ладново.
Мислам дека беше последната година кога шетав.
Што ти е PR eeej :D:D:D:D:D:D:D:D

Бегај таму бе!
 
Ф

Флеш

Гостин
Ние во Крушево големите не шетаме коледе, шетаме „ДЕВА“ можеби знае некој што е :D
П.с не шетаат сеа и големите „ДЕВА“ јас лично не шетам :D

Порано кога шетавме, мислам дека појдовме кај Сашо Мијалков, видовме ламби и се вкопавме хах..
Пееме шо пееме, излегоа луѓе од внатре, не знаеа што е тоа, им објаснавме, не натераа уште неколку пати да испееме, се изнасликавме и т,н.. и ме прашва и дечко по колку пари збирате (реално збиравме по 2000 и нешто) али ние да се исфалиме му велиме по 5000/6000К и чоеков, вади новчаник ми се обрати мене, ми ја накитивте куќата со нов адет, на ви 5000 денари и одете си дома немој да шетате по темицава и по ладново.
Мислам дека беше последната година кога шетав.
Боже Мили .... Не САШЕ МИЈАЛКОВ !!!! НЕЕЕЕ :cool:














пс ..... ова беше чиста заебанција за Саше шо го мотаат дека праел нешо ....
 

TheQueen

Поларна мечка од цвет на цвет
Член од
26 ноември 2013
Мислења
584
Поени од реакции
791
Случки имам на тој ден многу, но повеќето не се поврзани не се поврзани со Коледе. Всушност, тој ден ми е роденден (утре), па повеќето случки се од мојот роденден. случки се од мојот роденден.
Само еднаш, се сеќавам дека татко ми ме однесе кај децата и јас малку да поиграм. Собрав нешто...
Потоа се вратив и им се фалев на гостите колку „богатство“ сум собрала.:)
 
P

parvati

Гостин
Коледе леде трака сто посто не е вмрофска
Има нели дел утепало деде:ROFLMAO:
Кој ги дира бе пензионери у овој наше поднебје док су они на власт.

Онтопик
Не се сеќам мал сам бија
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Може некој и песничката да ја напише, јас ја заборавив. Или некој ремикс.
 

Fiend

смут џезер
Член од
29 март 2012
Мислења
947
Поени од реакции
1.074
^Кој што спие нека стане
Нека месе колачиња за дечиња
Ако нема колачиња нека дава оревчиња
Ако нема оревчиња нека дава динарчиња
Ако нема динарчиња џамот лета на парчиња
оо коледе
Вака нешто...
 

vlay_markoman

r3k1NNz0R.mp3
Член од
24 септември 2012
Мислења
176
Поени од реакции
43
najinteresna slucka od kolede e okolu 03;00 ideme kaj komsiite i namesto gazdata iskaca zena mu edna jaka milfica u tanga so ne vrzan penjoar najdobar kolede za mene i ostanati 5~torica za nekoj laga za mene vistina
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Коледе леде
паднало греде
утепало деде
деде се мачи
баба го квачи
за четири јајца
ни гуски ни шатки
ни Коледе

Денеска е Коледе
утре е Божиќ
ќе колеме теле
теле вика леле
не колете мене
ќе ви месам пита
да јадеме сите
К О Л Е Д Е :)


Знам кога бев дете одевме на Коледе измешано и момчиња и девојчиња. Станувавме рано кај 6 ипол, а тргавме на Коледе накај 7 саатот.
Нешто што највеќе собиравме беа јаболките, бонбонит и костените, а секако и по некоја паричка.
Се сеќавам отидовме да пееме на врата кај една Албанка, а она бидејќи не го славеше празникот ни даде на сите по 100 денари и сникерс чоколатца.
Најинтересни ми беа циганчињата кои ја пееа Коледарската песна, но со некој текст кој немаш врска и правеше да се газиме од смеење.

Ахххххх ми недостига детството:(...... како би отишол сега на Коледе :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom