Бадников оган/Коледе леде

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Традиционално, ден пред Бадник во повеќето скопски маала се пали Бадников оган, се служи посна храна, грејана ракија и убаво македонско вино. Палењето на бадниковиот оган има за цел да ја навести радосната вест за раѓањето на Исус Христос. Бадникувањето, всушност знаачи бдеење, или исчекување на радосната вест.



Колку вие практикувате да одите на Бадников оган?
Ќе присуствувате ли на некој оган вечерва и во кое маало?
Се надевам оние кои ќе одат некаде ќе стават слика од огнот и трпезата/грејаната ракија :pipi:

Коледе леде
паднало греде
утепало деде
деде се мачи
баба го квачи
со четири јајца
гускини, шаткини.

Денес е Коледе,

утре е Божиќ
ќе колеме теле
теле вика леле
не колете мене
ќе ви купам зеље
да месите пита
да јадете сите.

Коледееееееееее


Со оваа песна малите дечиња-коледарчиња од рано изутрина на Бадник по стариот добар обичај одат од врата до врата на христијанските домови, чин кој според црковните верувања го навестува скорешното Христово раѓање. Вредните дечиња за својот труд и испеана песна добиваат костени, бонбони, јаболка, портокали и некој денар.
Сте оделе ли вие на Коледе? Како ги пречекувате коледарчињата?
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.747
Што се однесува до оганот. Не треба да се пали на Бадник. Колку што знам кога бев јас дете се палеше само за Василица. Не знам сеа од кај испадна и за Бадник. А на Коледе се одело, ехее, нас само пари ни даваа. А инаку чувството беше незаменливо. Како деца тоа ни беше најголемо доживување. Инаку по правило пари не се даваат, овошки и слатки, барем јас така знам. Првата песна сме ја пееле, а искрено втората сега прв пат ја читам. :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Увек се палеле оган за Бадник, не знам што ти е тоа чудно, од кога знам за себе се пали оган за Бадник. Иначе ја обожавам оваа традиција и ги обожавам овие празници, будат топлина, среќа, љубов и спокој.

А Коледе беше класика, не се пропушташе никако, станување у 5 за у 6 да се иде на Коледе. Тоа беа прекрасни денови!
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Првата песна сме ја пееле, а искрено втората сега прв пат ја читам. :)
Една песна е во две строфи...не се две песни :smir:
Инаку ќе одам вечерва на оган, а и практикувам секоја година да свртам некој круг низ моето маало па да видам повеќе огнови.
Како мала одев на Коледе и со душа чекав да дојде 5 саат сабајле за да тргнеме :icon_lol:
Секоја година ги пречекуваме малите коледарчиња со многу овошје и по некој денар.
Имаме прекрасни обичаи кои треба да ги негуваме и празнуваме со многу љубов, добрина, насмевка, среќа.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Кој што спие
нека стане
нека меси колачиња,
ако нема колачиња
нека даде бонбончиња
ако нема бонбончиња
нека даде паричиња,
ако нема паричиња
нека даде Се Што Има!
БАДЊА БАБА!

Со оваа песна поручек после 4 часот во Тетово, малите деца па и оние багабонти од над 16 години си одат и си пеат по куќите маскирани, не за колачи туку за парички.

Така функционираме.

Во маало има жена која оди од стан до стан собира пари по 250ден за организирање на бадниковата вечер, прасе за после 12 часот, алкохол и се останато.

За жал, самите организатори си собираат се што ќе купат 40% сигурно одат во нивните фрижидери, и потепено почнуваат да ја уништуваат забавата за која јас веќе не ни планирам да одам.

Во секое маало исто се организира, но незнам дали секаде постои тој криминал.
 
P

PewDiePie

Гостин
Ехх Коледе,ко копиљаци сме се поместувале од идење по згради,алчни дечишта јбг. :)
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Прво факт е дека ова не е Христијански празник, меѓутоа на луѓе како мене не ни причинува никаквов револт и не ми смета тоа што не е некој христијански празник, за мене сите празници се празници во кои треба да се потсетат луѓето кои им се роднините, кои им се родителите, да се дружат пријателите, да стекнат нови пријатели, и се разбира да се потсетат и да ја негуваат традицијата. Ама во Македонија а и слободно можам да кажам во светот процесот на "модернизација" и глобализација, со извиличи и го измени празникот, поправете ме ако грешам меѓутоа мислам дека овој празник е празник во кој би требало да се соберат соседите, и луѓето од една мала, да го запалат огнот, да се дружат да јадат пијат, околу нив да трчаат нивните деца и да им пеат коледарски песни. Јас се сеќавам на оваа слика, но денес гледам друга слика, пола соседство искарани половина не ни запалиле оган тие што запалиле не сакаат ни да се видат па кога ќе се испијанат си кажуваат тоа што вистина го смислат, и на крајот сето ова зачинето со политика и со кичерај.

А децата е тие повеќе не пеат сега страмота е дете од 6 одделение да пее страмота било а малите дечиња шетаат со 10 икончиња за да собираат повеќе пари па и ако му дадеш помалку од 10 денари те гледа како да си му украл од неговите.

Младите е тоа е веќе интересна приказна, младите се луѓе кои треба да ја продолжуваат традицијата, но комплетно целата традиција а не само делот со пиење и карање, повеќе не се знае ни кој со кој е ни каде е ни што е празникот ни што се празнува ни што симболизира огнот ни ништо сега само Цеца и пиењето, се чудам зошто го палат огнот па не ни мора да го палат нека се соберат кај некој и нека пуштат цеца и нека се испијанат, за тоа не треба оган.
Општините се трудат на некој начин да го соединат народот и прават традиционален оган по плоштадите, но се прашувам за кој за некој што чека бесплатно да се испијани и бесплатно да се нахрани за луѓе без култура и без никаков страм кој не го гледаат огнот туку виното или било што само да е бесплатно.

Ваков коледарски оган НЕ БЛАГОДАРАМ, празникот го уништија не ми е жал за празникот жал ми е за Македонската традиција, си размислувам како било порано во селото се палело оган па таму се среќавале и дечковци со девојки многу се земале и слично тоа било традиција и празник, а ова е кичерајски коледарски оган.
 
H

HITCH

Гостин
Коледе леде
паднало греде
утепало деде
деде се мачи
баба го квачи
со четири јајца
гускини, шаткини.

Денес е Коледе,
утре е Божиќ
ќе колеме теле
теле вика леле
не колете мене
ќе ви купам зеље
да месите пита
да јадете сите.

Коледееееееееее!!!


Обожавам коледарчиња! Нема ништо поубаво сабајле да те разбудат мали, мили дечиња, со нежни детски гласчиња, кои имаат некои 5-6 годинки.
Божиќ е еден од моите омилени празници!

За многу години нека е!
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.747
Увек се палеле оган за Бадник, не знам што ти е тоа чудно, од кога знам за себе се пали оган за Бадник. Иначе ја обожавам оваа традиција и ги обожавам овие празници, будат топлина, среќа, љубов и спокој.

А Коледе беше класика, не се пропушташе никако, станување у 5 за у 6 да се иде на Коледе. Тоа беа прекрасни денови!
Crazy in Love кај нас не било обичај да се пали оган на Бадник, затоа ми е чудно, е сега кај вас може поинаква била работата. Јас не паметам такво нешто, се палело само за Василица, тоа за Бадник сега почнаа да го прават пред неколку години.
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Кој што спие
нека стане
нека меси колачиња,
ако нема колачиња
нека даде бонбончиња
ако нема бонбончиња
нека даде паричиња,
ако нема паричиња
нека даде Се Што Има!
БАДЊА БАБА!

Со оваа песна поручек после 4 часот во Тетово, малите деца па и оние багабонти од над 16 години си одат и си пеат по куќите маскирани, не за колачи туку за парички.

Така функционираме.

Во маало има жена која оди од стан до стан собира пари по 250ден за организирање на бадниковата вечер, прасе за после 12 часот, алкохол и се останато.

За жал, самите организатори си собираат се што ќе купат 40% сигурно одат во нивните фрижидери, и потепено почнуваат да ја уништуваат забавата за која јас веќе не ни планирам да одам.

Во секое маало исто се организира, но незнам дали секаде постои тој криминал.
Кога бевме помали со оваа песничка и по сите куќи во малото, роднини, пријатели и во малските продавници, собиравме "плен". Кога ке завршевме секој од нас имаше едно вреќуле полно со костени, јаболки, портокали, бонбони и чоколади, и по некоја паричка.
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Вечер на огааан ајдее................Огин и Пламен фрла по мене, дека сум голем бекријаа...ехааааааа:party3::party3::party3::party3::party3::party3::party3::party3:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Кога бевме помали со оваа песничка и по сите куќи во малото, роднини, пријатели и во малските продавници, собиравме "плен". Кога ке завршевме секој од нас имаше едно вреќуле полно со костени, јаболки, портокали, бонбони и чоколади, и по некоја паричка.
Ехе убавини.
Се сеќавам 2-3 пати се враќав да ја празнам торбичката :pos:
 
M

MacedoniaGirl

Гостин
Коледе леде
паднало греде
утепало деде
деде се мачи
баба го квачи
со четири јајца
гускини, шаткини
КОЛЕДЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!

Супер песничка, го обожавам овој празник! Како што кажа и Crazy in Love, буди чувство на среќа, радост, здравје, топлина, убавина :)
Вечер кај нас во маало ќе се пали оган, а и на вести кажаа дека оваа година во Аеродром ќе има најголем оган :)

Едвај чекам утре сабајле, нема ништо поубаво од малите коледарчиња кои весело ќе пеат коледарски песнички :)
Јас имам одено некаде до 6-то одделение :)
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Кога бевме мали ние, и овде во маало , големите не учеа да пееме...

Коледица, Меледица
Кур се шета по улица
Еднаш ни е во година
како цвеќе во градина!!!
Коледе, Коледе!!!!!

:vozbud::vozbud::vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom