Бадников оган/Коледе леде

Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Едвај се чека да дојде вечер :icon_lol:
Собиравме дрва недела дена пред Нова година, опремени сме до максимум :D
Пошто постариве од моево маало од населбава пред некоја година се испокараа околу тоа кој да организира, кој да биде кум, последниве 4 години ние го правиме огнот :D
Старосна граница 25 години, постари не примаме :icon_lol:

Инаќе не се разбирам многу во празнициве, ама кога има јадење никогаш не одбивам :icon_lol: Пита со паричка правиме и на бадник и на Василица :pos:
Пријател, околу тоа кој треба да биде кум да организира ова она , тоа треба да биде нај мал проблем. Правите лебче, ставте две парички , на кој се падне тие се догодина кумови. Бар кај мене у маало овака прават (мада не палам со нив јас ) . И организаторот си средуа се а другите што идат ред е да донесат некој дрвце, мезе, ракиче и ред други работи, мислам дека овака е океј.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
многу убава традиција и обичај ама ко шо гледам од година у година секаде се по оскудно и по оскудно е. нема да ме чуди еден ден и воопшто да не се ни пали оган. за жал
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Со оглед на тоа што се договаравме во 5до12 јас сум презадоволен од оганот. :)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ехе убавини.
Се сеќавам 2-3 пати се враќав да ја празнам торбичката :pos:
Неможев ни јас да се донесам до дома, сега ги гледам со едно кесенце, ја минат само својата зграда и си одат дома. Ем нема кој да им отвори, ем не ни се шета како порано, додека не го свртиш „пола“ град дома одење нема. Па на крај броење и пребројување, три јаболка тебе и тебе и тебе, па лутење ако неможеш се да поделиш:)
Вчера имаше прекрасна атмосфера, очигледно добро се организираат со жива музика, со озвучување, греена ракија, мераци. Плус имаше огнови и пред секој кафич речиси, па луѓето надвор се забавуваа. Ова се најубавите празници, да ги уживаме максимално :)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ме боли душава кога гледам се помалку Коледари, се помалку еуфорија околу празниците, ако нема тони алкохол не вредело да се оди, само мрчење зашто е вака, зашто е онака... стварно ме боли душава.
Најпрекрасни празници, одвај сум заспивала од возбуда и за оганот и за Коледе, па и ден денес со најголема радост го дочекувам кршењето на лепчето, делењето на питата.
Ми се плаче што единствена радост за празниците е алкохолот.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Православието врие од словенски паганизам.Славењето слави кое се практикува само кај македонците и србите е пагански обичај вметнат во православието поради неможност да се искорени.

Врие зошто црквата била немоќна да ги искорени сите тие пагански обичаи.Има и случаи каде некои светци во православната црква се всушност словенски пагански божества.Инаку култот кон паганските божества кај Јужните Словени бил најмалку развиен.Тоа не било случај со Западните Словени и со Источните Словени каде дури и биле подигани храмови а и биле вршени обреди на многу повисоко ниво.Причината зошто бил толку слабо развиен култот кон паганските божества кај Јужните Словени е дека ние многу порано ја имаме прифатено Христијанската религија, за разлика од другиве кои се христијанизирале некаде околу единаесетти или десетти век беше ми се чини, не сум сигурен за ова.Така на пример името „Вук“ кај Србите е всушност име кое ги штитело децата од прерана смрт или пак од некаква болест, ама тоа име останало и ден денеска кај нив и е прифатено од нивната црква.Повојница истотака е пагански обичај и ред други.
Ете така, да споменеме за да биде малку поинтересна темата.
Инаку и мене ми е жал што се намалува бројот на коледари од година во година.
Друго, треба да се земе и фактот дека повеќето деца одат не зошто сакаат јаболко или пак сакаат некое чоколадо, туку одат од врата на врата за пари.Не дека ова го немаше и во мое време, го имаше ама не се гледаше до толку низ призмата на парите.Денеска децава се спремни цело Скопје да го поминат за да соберат илјада денари.Во мое време се задоволуваме со една стотка за на флипери и не го шетавме цело Скопје само за пари.Али омилена ни беше куќата на Петар Гошев и Бучковски, зошто даваа таму знам пола литар кока-кола на секој кој ќе дојдеше таму.
Во секој случај беа тоа убави времиња, ако ништо друго беа исполнети со дружба.Тоа ми остана во сеќавање.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Православието врие од словенски паганизам.Славењето слави кое се практикува само кај македонците и србите е пагански обичај вметнат во православието поради неможност да се искорени.
Никој не ги оспорува паганските елементи во православната црква.
Но славењето "слави" односно "светец" во Македонија и дабовото дрвце (кое било еден од основните симболи на Македонците во античко доба) тешко дека може да се наречат словенски. Та, нели, не се само Србите и Македонците словени!?
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ме боли душава кога гледам се помалку Коледари, се помалку еуфорија околу празниците, ако нема тони алкохол не вредело да се оди, само мрчење зашто е вака, зашто е онака... стварно ме боли душава.
Јас оваа година се изненадив позитивно од големиот број на групи коледари кои дојдоа кај нас на врата, а плус и последниве две години ја продолжуваме традицијата на возрасна група коледари која доаѓа со музички инструменти уште рано-рано .....па така денот ни почнува со песна и салата :icon_lol:
 
S

Shellshock nam67

toa se ok ama edno ne mi e jasno moze treba da otvorime posebna tema na forumov.
Zosto vo Makedonijava ni nasa, koga stanuva zbor za verskive praznici niz gradovive vo drzavaa razlicno se slavi !!!
http://mk.orthodoxwiki.org/Свети_Василиј_Велики
konkretno za parickata kaj vas Skopjancista :LOL:, denes ja barate parickata, kaj nas pak za Stara nova Godina.
Ko da sme dve drzavi posebni :cautious:
kade se tuka popjve so mercedesite :mad:, da objasnata ili samo za arac sobiranje se tuka !!!:eek:
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
toa se ok ama edno ne mi e jasno moze treba da otvorime posebna tema na forumov.
Zosto vo Makedonijava ni nasa, koga stanuva zbor za verskive praznici niz gradovive vo drzavaa razlicno se slavi !!!
http://mk.orthodoxwiki.org/Свети_Василиј_Велики
konkretno za parickata kaj vas Skopjancista :LOL:, denes ja barate parickata, kaj nas pak za Stara nova Godina.
Ko da sme dve drzavi posebni :cautious:
kade se tuka popjve so mercedesite :mad:, da objasnata ili samo za arac sobiranje se tuka !!!:eek:
Tоа е така поради многуте обичаи. Секој град/помало место има различни обичаи.
И во Скопје има многу кои кршат лепче/пита со паричка за Василица.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
toa se ok ama edno ne mi e jasno moze treba da otvorime posebna tema na forumov.
Zosto vo Makedonijava ni nasa, koga stanuva zbor za verskive praznici niz gradovive vo drzavaa razlicno se slavi !!!
http://mk.orthodoxwiki.org/Свети_Василиј_Велики
konkretno za parickata kaj vas Skopjancista :LOL:, denes ja barate parickata, kaj nas pak za Stara nova Godina.
Ko da sme dve drzavi posebni :cautious:
kade se tuka popjve so mercedesite :mad:, da objasnata ili samo za arac sobiranje se tuka !!!:eek:
Не ги субвенционирала државата се жалеа пред некој ден :facepalm:
А за ова и јас не сфаќам зошто на едни места (обично Југозападна Македонија - Охрид, Струга, Ресен, Дебар, Битола, Прилеп, Кичево) палат оган за Василица т.е.Стара Нова Година, а надвор од овие места за Бадник?

ПС : Чувството ко ќе ти дојдат од сабајле на врата за коледе деца Скопјанишча - бесценето :pos:
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Tоа е така поради многуте обичаи. Секој град/помало место има различни обичаи.
И во Скопје има многу кои кршат лепче/пита со паричка за Василица.
no kade e tuka crkvata da reagira ??? ...mislam stupidno e kako seto toa se odviva vo makedonija, jes da sme bile deleni a pa do olku nikad ne bilo do sega. preska gledav nesto na 24 vesti se ispoti popot ama nikako da objasni za sustinata na vakvoto dejanie ...i taka e toa sekoja godina nisto ne se menuva nitu se isfrlaat nekoi paganski obicai tuku na nekoj nacin stanuvaat sostaven del od obicaite na crkvata.
Dobro e bar so vencavkata nasekade e ista :pos:
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Не ги субвенционирала државата се жалеа пред некој ден :facepalm:
А за ова и јас не сфаќам зошто на едни места (обично Југоисточна Македонија - Охрид, Струга, Ресен, Дебар, Битола, Прилеп, Кичево) палат оган за Василица т.е.Стара Нова Година, а надвор од овие места за Бадник?

ПС : Чувството ко ќе ти дојдат од сабајле на врата за коледе деца Скопјанишча - бесценето :pos:
еден демант:
Во Прилеп се палеше коледарски оган сношти
една потврда:
Да ние вртиме паричка само на Василица, а ова Скопјаниве кој како сака
една забелешка:
смени го то Југоисточна Македонија во Југозападна.....че ти се смејат скопјаничиштана
имаш лајк за скопјанчињата пред врата.... Мери Крисмас
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
no kade e tuka crkvata da reagira ??? ...mislam stupidno e kako seto toa se odviva vo makedonija, jes da sme bile deleni a pa do olku nikad ne bilo do sega. preska gledav nesto na 24 vesti se ispoti popot ama nikako da objasni za sustinata na vakvoto dejanie ...i taka e toa sekoja godina nisto ne se menuva nitu se isfrlaat nekoi paganski obicai tuku na nekoj nacin stanuvaat sostaven del od obicaite na crkvata.
Ова е исто ко да прашаш зашо збориме на толку дијалекти :pipi:
Имаме доста обичаи и богата традиција која е пренесувана од колено на колено, така да секој се води по она шо им го кажале/оставиле предците.
Dobro e bar so vencavkata nasekade e ista :pos:
Цената за венчавка е различна во секоја црква :pos:
Охрид била троа поефтина, да видам да не верувам :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom