За да те натера некој да го положиш животот, треба да има идеал.
Мала дигресија со иста поента.
Што вели Темпо за состојбата во Македонија кога делел памфлети за слободна социјалистичка Југославиа.
Вели, абе овие овде во Македонија кога ќе им спомнеш Југославија коса им се крева на главата, нема шанси да ги кренеш на поголемо востание.
Ама затоа Ченто со дружината му го растури памфлетот за независна обединета Македонија.
Под тој идеал во 1945 се собраа 200.000 македонска војска.
За жал Темпо беше подобро организиран со една мала тајфа и удри каде требаше, не сотре, до ден денес пиеме од тој отров.
Исто и за текстот на знамето.
Идеалот е тој, ако народот се осеќале како Бугари, идеалот ќе беше Боже чувај ја ОБЕДИНАТЕ БУГАРИЈА или само Бугарија.
Да не зборам за односот на бугарската војска во Македонија за време втора светска војна, каде “бугарскиот“ народ во западна Македонија беше препуштен на ножот на Балистите.
Така не се гради однос према сопствен народ, само према поробен.
Така народот е тој, тој е денеска во голем дел составен дел на бугарската нација и треба еднаш да се престане со сеење омраза помеѓу двете нации.
Суштинска разлика немаме, само терминолошка, а таа можеме да ја минимизираме.