БДП-то ни отиде во минус (-1,4%)

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Задача од 3то одделение.:)
Седи, кец по матгематика :)

Извадено од ДЗС:
„Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во ноември 2011 година, во однос на ноември 2010 година, изнесува 94.7.“

„Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, изнесува 95.6.“

Ако во ноември 2010 сме имале индекс 100 (референтна точка), во ное 2011 сме имале 94.7. Потоа овие ги множиме со 95.6 % и добиваме индекс 90,5.

Заклучок: падот од ное 2010 до ное 2012 е 9,5 индексни поени, т.е. проценти.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Нема шанси размисли “растел„ од 2008 до 2011 некаде август „континурано“ значи во ноември 2010 бил најверојанто за 3-4% понизок од ноември 2011 а сега во ноември 2012 е понизок од ное 2011 за 4.4% значи ноем 2012 во споредба со ноември 2010 е сигурно помалку од 4% пад најверојатно окулу 0% пад а не пад од 10%. Задача од 3то одделение.:)
Ги имаш бе бројките убаво средно , во ноември 2011-та падот е за 5,3% во споредба со ноември 2010.

А во ноември 2012-та падот е 4.4% во споредба со ноември 2011.

-5,3%
-4,4%

Во ноември 2012 , падот е скоро 10% во споредба со ноември 2010. Еве имаш добра пресметка погоре , не е 9,7% туку 9,5% , пошто веќе во 2011-та имаме пад.

Овој пад во индустриското производство само во третото тримесечие од 2012-та е околу 28 милиони евра , во споредба со истиот период лани.
Во второто тримесечие 2012 падот е 36 милиони евра.
Во првото тримесечие 2012 падот е 32 милиони евра

Јануари-септември 2012 = 96 милиони евра помало индустриско производство во споредба со истиот период лани.

Конкретно за третиот квартал , поголемо индустриско производство имало дури и во 2008-ма , барем за овој квартал , вратени сме во 2007-ма.

2012-та ќе биде најслаба година.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Еве како стојат некои држави со растот или падот на БДП-то по квартали:

ЕУ
I: +0,6%
II: -0,7%
III: -0,5%

Македонија
I: -1,4%
II: -0.9%
III: +0,2%

Србија
I: -2,3%
II: -0,6%
III: -2,5%

Бугарија
I: +0,5%
II: +0,5%
III: +0,5%

Црна Гора
I: -2,4%
II: +0,3%
III: 0%

Албанија
I: -0,2%
II: +2,1%
III: +2,7%

Хрватска
I: -1,3%
II: -2,2%
III: -1,9%

Како што можеме да видиме од оваа наша околина, најлошо стојат Хрватска и Србија , а најдобро Албанија и Бугарија.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi
Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307
ни сме во голема каша додека нашите партнери не се опорават како србија германија и грција....така да очекувам иста година и во 2013, позитивна нула,
 
jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
ни сме во голема каша додека нашите партнери не се опорават како србија германија и грција....така да очекувам иста година и во 2013, позитивна нула,
Би требало да се движи растот помеѓу 1 и 2 отсто по мое мислење.Сепак тоа е многу мал раст и незнам само како ќе ги вратиме заемите од пред 7-8 години кој до сега сигурно се достасани негде 300-400 мил. евра.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
ни сме во голема каша додека нашите партнери не се опорават како србија германија и грција....така да очекувам иста година и во 2013, позитивна нула,
Разумно мислење... доста реално.
--- надополнето: 7 јануари 2013 во 21:03 ---
Би требало да се движи растот помеѓу 1 и 2 отсто по мое мислење.Сепак тоа е многу мал раст и незнам само како ќе ги вратиме заемите од пред 7-8 години кој до сега сигурно се достасани негде 300-400 мил. евра.
Зарем и тогаш се задолжувавме?
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Зарем и тогаш се задолжувавме?
Не баш, најголемиот дел од долгот е од пред 3-4 години.

Утре ќе се враќаат 175 милиони евра од долгот

Утре Mакедонија ќе раздолжи 175 милиони евра од достасаната еврообврзница. Со каматна стапка од 9,9 проценти на сметките на кредиторите од Британија, Швајцарија, Бразил и Аврстија ќе легнат 183 милиони евра.
Еврообрврзницата која сега Македонија ја враќа е една од двете издадени од државата, а задолжувањето е направено во 2009 година.
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240

Сите пари ни ги земаа :facepalm:
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307
јака камата во тоа време, отишле 8 милиони онака, ама морало да се земе секоаш така вима ама за шо, за плати, тоа не ме бендисва, сеа земаа кредите со ептен поволни стапки за да вратат со лоши стапки, сепак ова го оправдувам оти се раздолжуваме од ептен лош кредит........и време е да се мисли на развој, доста се во администрација луѓе иако сме во небрано секоаш ке притискат албанците да се 25% за жал, а додека се вработуват они ке се вметнуват и македонци.....и нема крај......
 
jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Зарем и тогаш се задолжувавме?
За жал да.Тоа се задолжувањата уште од времето кога владееше СДСМ ми се чини 2004/05 година и тоа е првата еврообврзница со рок од 10 години и ако не се лажам околу 4.5% камата.Овие утрешниве се дело на ВМРО кога удри кризата 2009-та па се задолжија со втората еврообврзница со поголема камата од некаде 10%
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571

...
Наместо да плаќа 2 отсто камата на заем од ММФ, македонската Влада по многу повисока цена ќе се задолжува со издавање нова еврообврзница, во втората половина од годинава. Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд го оправдува владиното задолжување на странските пазари на капитал, бидејќи тоа го правеле и други земји.

„Одлука на македонската Влада е дали ќе се задолжува со еврообврзница или, пак, ќе склучува аранжман со ММФ. Македонија само го следи примерот на многу дури земји, кои наместо аранжман со Фондот, преферираат задолжување на слободниот пазар на капитал. Каматата за задолжување со склучување аранжман со ММФ се движи од 1,5 до 2 отсто, зависно од износот“, изјави вчера првиот човек на мисијата на ММФ за Македонија, Вес Мекгру, на завршната прес-конференција од посетата на мисијата на ММФ на земјава.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Со седење/серење на форум стварно незнам како ќе го поправите БДП-то?
Давајте издржани предлози под услов да не ја спомнувате државата како виновник :) состојбава во која се наоѓаме е танго танц, а за него се потребни двајца државата е виновна 40%, а останатите 60% му припаѓаат на самиот народ.

Населете ја земјава со Германци и нека останат истите политичари ќе видите дека стандардот ќе ни стане Германски.
Политичарите се глупи и дрчни секаде во светот и во Германија и во Јапонија и во САД апсолутно секаде... приватниот сектор е оној кој ја прави разликата.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
БДП-то да ни отиде и минус (-140%) место за паника нема бидејќи почнува светското ракометно првенство во Шпанија, каде што ќе игра Македонија, ќе се скандира „Гоцевата раса“ И од таа ракометна еуфорија нашиот народ заборава на лошата економска состојба...
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307
Со седење/серење на форум стварно незнам како ќе го поправите БДП-то?
Давајте издржани предлози под услов да не ја спомнувате државата како виновник :) состојбава во која се наоѓаме е танго танц, а за него се потребни двајца државата е виновна 40%, а останатите 60% му припаѓаат на самиот народ.

Населете ја земјава со Германци и нека останат истите политичари ќе видите дека стандардот ќе ни стане Германски.
Политичарите се глупи и дрчни секаде во светот и во Германија и во Јапонија и во САД апсолутно секаде... приватниот сектор е оној кој ја прави разликата.

сите може да придонесиме, ајде почни да купуваш македонски производи, не преплавија со милка чоколади и српски прехранбени производи, а за идеи дадени се многупати ама не ги спорведува никој
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Еве како са прогнозите и како оди един от моторите на БВП - извозот.

Kajgana Shop

На врв Bottom