БДП-то ни отиде во минус (-1,4%)

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
По денешните аукции и утрешното враќање на парите, на Владата сепак и остануваат за тршење уште 11, 2 милиони евра. Откако Владата најви дека годинава ќе запре со задолжувања во странство, трендот го продолжи дома, преку издавање на записи.

Земи за да вратиш, лошо многу лошо.
--- надополнето: 2 октомври 2012 во 17:02 ---
Рекорден раст на трошоците на живот

01.10.2012 | 17:53
Прочитано: 413

Рекорден раст годинава на трошоците на живот. За 5,3 % пораснале животните трошоци во месец септември споредбено со истиот период лани.

12812.jpg
Според анализата на 24 Вести втор најскап месец досега е август со зголемување на трошоците за живот од 3,7%. Минатиот месец во споредба со септември минатата година регистриран е најголем раст кај огревот и осветлувањето за цели 15,2%, потоа кај домувањето 10,4%, исхраната е зголемена за 5,8%. Најскапиот месец оваа година дирекно удри по домашниот буџет се жалат граѓаните

И цените на мало во септември на рекордно ниво годинава. Споредбено со ланскиот септември статистика измери раст на цените на мало за 4,7%. Земјоделските производи бележат раст од фантастични 17%, непрехрамбените производи за 7,5% додека прехрамбените за цели 6%.
Според анализите што ги прават сидикалците само во август за храна и пијалоци на едно семејство му биле потребни нешто повеќе од 13 илјади денари.

http://24vesti.mk/rekorden-rast-na-troshocite-na-zhivot
 
БУУУУУУУУУУУ

http://www.kapital.com.mk/mk/makedo...otuvanja_vo_administracijata_po_ramkoven.aspx

"Притоа, ваквата одлука доаѓа во услови кога македонската економија и официјално влезе во рецесија. И додека државите од регионот со рецесијата се спревуваат преку отпуштање службеници од администрацијата..."

Почекај избори да поминат па после може да се направи нешто.

Општопознат факт е дека на политичари не им се верува да не почнувам од 15ти септември на блане па до 8-те милијарди на гвујо како и САМО 80 МИЛИОНИ за СК2014 но состојбата во Економијата ни е алармантна посебно на ова укажуваше подолго време доцнењето на повратениот ДДВ бидејќи со НОРМАЛНА и Супердупер власт како нашава НЕМА ШАНСИ за грешки туку се е влијание на пустите ЕУ и НАТО а ние сме чисти и горди...што сме македонци де така??

Супер ми е и горд сум тиририри там там там тамм..и така од гордост живееме среќно и весело а статистиката баталете ја оти ако и верувате ќе ви каже дека сме поблиску до Африка и третиот свет(дур и по образование и здравство бидејќи првото создава малоумници кои имаат голем избор за да бидат глупи а кај вториве гинат роденчиња од бактерии како во африка) затоа пуштете Шител па ќе видите како се работи сегде се инвестира вие пак одма сакате ефекти...за ефекти ќе почекаме а дотогаш ќе го гледаме Полат.
 
Лани меленото месо беше 200 денари а сега е 300, тоа е повеќе од 5 проценти или не?
 
Лани меленото месо беше 200 денари а сега е 300, тоа е повеќе од 5 проценти или не?

Според Завод за статистика тоа е покачување од 5,3 проценти.
Башка не знам зошто се луксузираш да јадеш месо? Јади ориз, остави го месото за владата, во просек заедно ќе јадете сарма.
 
Според Завод за статистика тоа е покачување од 5,3 проценти.
Башка не знам зошто се луксузираш да јадеш месо? Јади ориз, остави го месото за владата, во просек заедно ќе јадете сарма.
Оризот е 50 денари оваа година...
Од каде сега меленото месо е 300 денари. Каде во кој маркет?
 
Оризот е 50 денари оваа година...
Од каде сега меленото месо е 300 денари. Каде во кој маркет?

Не купувам од маркет бразилско генетски изменето месо, од касапница касап што коли свињи.
 
ММФ ја намали проекцијата за економскиот раст на Македонија

Меѓународниот монетарен фонд ја намали проекцијата за економскиот раст за македонската економија годинава од два на еден отсто. Причина е влошената состојба во развиените економии како резултат на европската должничка криза што влијае и врз македонската економија. Прогнозите се неповолни за Македонија која трговски доминантно е зависна од ЕУ. Претставникот на ММФ Александар Тиеман ја оцени како стабилна фискалната и монетарната политика на земјава, но предупреди на внимателност на среден рок. Посебен предизвик е во делот на јавниот долг каде ММФ советува тој да се стабилизира, а дефицитот да не биде поголем од 1,5% од БДП.
 
Грешка си поима немаш од економија, врска немаш каков пад на бдп ние сме топ реформатори во светот и се најболље предавнику еден :) Вака пишуваат кога се дозирани од сител и латас
 
Грешка си поима немаш од економија, врска немаш каков пад на бдп ние сме топ реформатори во светот и се најболље предавнику еден :) Вака пишуваат кога се дозирани од сител и латас

Со раст од 1% годишно ќе ни требаат 540 години за да го имаме сегашниот европски просек. Само кој да чека толку.

Не знам како оваа информација ќе се одрази на нашата берза, any hint?
 
Со раст од 1% годишно ќе ни требаат 540 години за да го имаме сегашниот европски просек. Само кој да чека толку.

Не знам како оваа информација ќе се одрази на нашата берза, any hint?
1% хмммм тоа значи окулу 2% раст во втората половина на годината...незнам баш. Берзата е утепана мислам дека нема баш да реагира нешто. Иако теоретски ова е лошо ама не е некое изненадување така да мислам дека ништо нема да се промени значително.
 
Со раст од 1% годишно ќе ни требаат 540 години за да го имаме сегашниот европски просек. Само кој да чека толку.
а тек колкав раст ќе имаат членките на ЕУ за 540 г. или ќе застанат на 0% за да не почекаат?:pos:
 
Грешка си поима немаш од економија, врска немаш каков пад на бдп ние сме топ реформатори во светот и се најболље предавнику еден :) Вака пишуваат кога се дозирани од сител и латас
Па баш вака велат. Еве го Ставрески
Македонија е брзорастечка економија која се наоѓа на раскрсница меѓу Истокот и Западот и Северот и Југот, што ја олеснува работата на бизнисмените кои што се наоѓаат во Македонија за извоз во која било европска земја.

Вака вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ја претстави Македонија како поволна бизнис дестинација пред индиските компании на бизнис форум во Ченаи.

- Македонија е брзо растечка економија споредено со други земји во Европа што значи дека ја споредуваме земјата со други европски земји што имаат стапка на раст од еден до два проценти. Пред кризата Македонија имаше просечна стапка на раст од 5 до 6 проценти, а исто така и многу полесно излезе од кризата споредено со други европски земји. Стапката на растот во 2010 и 2011 изнесуваше три проценти што се заснова на извозот кој што се зголемува од 25 до 30 проценти на годишно ниво. Ова се јавува поради странските директни инвестиции, односно компаниите кои што отвориле свои бизниси во слободните економски зони, истакна министерот пред индиските стопанственици.

Тој потенцира дека Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ што е важно за секој бизнисмен, бидејќи, како што рече, со тоа се дава едно високо ниво на стабилност и на предвидливост на законодавството, политиките и регулативите кои се важни за самиот бизнис.

Ченаи, која е петта дестинација каде владината делегација ги претставува инвестициските можности во Македонија пред индиски стопанственици во повеќе градови, е еден од економски најбрзо растечките градови во светот и единствен индиски град кој е рангиран на Форбс листата „Топ 10 најбрзо растечки градови во светот“. Во овој индиски град со популација од 4,7 милиони жители водат бизнис 24 индиски компании кои вредат над милијарда долари. Тој е познат како град на автомобилската индустрија со фабрики на Хјундаи, Рено, Нисан, Форд, БМВ, Митсубиши. Исто така, развиена е информатичката индустрија.

Денешната презентација се организира во соработка со најголемата стопанска комора во Индија ЦИИ - Конфедерација на индиските индустрии.

Инвестициските потенцијали на Македонија претходно беа презентирани и пред бизнис заедниците во Њу Делхи, Бангалор, Тривандрум и Хидерабат.

Во состав на делегацијата се и министерот без ресор за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и директорот на Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони Виктор Мизо.
Ставрески вели РМ излезе от кризата, а Q1 и Q2 со пад и реално има рецесиja.
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=04DFFA87D444714F86B640813DACE8C4
 
Не се жалете бе нетуку плукајте само по државата може и бетер да биде, замислете да живеевне во Конго.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom