А1 Македонија (VIP)

Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
провервам на ЕБИЛЛ гледам сметката ми изнесува 883 денари, на мене гласаст 2 броја, едниот со 600 ден претплата, која не успеав да ја преминам, а бесплатните минути не ми беа надминати, а на другиот број со претплата од 200 ден, со надминати само 10 денари.... немам користено ни роаминг, ниту пак имам праќано пораки кон интернационални мрежи, користев ГПРС интрернет, напрајв сообраќај околу 50 ден, кој , како шо пиши, вклучени се во претплатата.... се јавив на 1234 ми рекоја дека требало да биди изготвена деталната сметка за да можеле да ми кажат, а од деталната сметка нема ни трага ни глас :( имал некој вакви недоразбирања?
Проверви проверви си ти :)

Кога ќе сватите дека претплатата на која што сте се договориле ви стига фиксно. Во твојот случај 600 денари плаќаш обавезно, независно дали си ги искористил минутите и пораките и разговорите и не знам што. Значи гледам имаш два броја на едно име најверојатно со 600 и 200 денари претплата и дечкото погоре ти израчуна феноменално.

Не гледам никакво недоразбирање, туку само неразбирање.
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
653
Поени од реакции
532

значи, знам дека фиксна претплата е 600 ден (со вклучен ДДВ) и 200 ден (со вклучен ДДВ), значи се на се требаше да дојди сметка од 810-820 ден со ДДВ, убо знам како функционира системот, дека на нет ги кажва цените без ддв, значи ДДВто си го пресметав дополнително. ме интересираше онака чисто информативно дали некој имал ваков проблем, не одма да ми рипните со напаѓање дека незнам да пресметвам
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889

Па ти немаш проблем
Всушност интернетот додади си го на сметката и испаѓа 880 ли колку и да ти стигнало таму.
Грешка си интернетот не ти е во преплатата (од кај тоа дека ти е во претплата?), си пишува и на страната последен од услугите е http://www.vip.mk/cm/offer/postpaid/tariffmodels/smart/index.php
GPRS сообраќај се тарифира по 10KB.

значи 590+230+ 63 за интернет = 883
 
па и јас мислев дека е за интернетот, ама вака пиши на страницата

Вклучениот износ во месечната претплата може да се користи за национални разговори, пораки и интернет сообраќај, и не вклучува повици кон премиум броеви, меѓународен и роаминг сообраќај.
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Од каде сега дека мобилниот интернет не спаѓал во претплатата. Ако не е интернетот нема да потрошам ни 20% од претплатата тогаш. Скоро сите луѓе со кои комуницирам или се на ВИП или имаат резерва телефон со ВИП број и едино што правам за да истрошам некој денар од претплатата е со интернет. И кај мене не се наплаќа одделно од претплатата...
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Моја грешка е се извинувам, испомешав нешто ни јас не знам како, свашта :)

toni-bitola чекај си ја деталната да видиш за тие 63 денарчиња :)
 
T

The Blob

Гостин
Јас сум на Vip postpaid, интернет сообраќајот исто така влегува во сумата што можеш да ја трошиш во склоп на претплата, така да нешто имаш прекорачено од бесплатното за тие 60тина денари
 
SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Многу лоша понуда на телефони има во последно време.
Почетокот на мај ми завршува договорот од две години, па периодов ми се јавуваат ден преку ден од контакт центарот за да ме прашуваат за обновување и така возбудени, ќе ми дадат бесплатен телефон, а тоа бесплатните телефони за греота. До скоро не беа ја ажурирале ни страницата, стоеше стар каталог од кој 90% од телефоните никаде ги немаше, или барем така кажуваат само, па за нивни луѓе ги чуваат.
 
peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
Едно прашања во врска со ова пола претплата: Дали за 295 денари имаш вклучено 590 денари разговор или само добиваш пониска цена по минута. Сестра ми е на М претплата, и дојде сметка 744 денари. Од вип и рекле дека ако надминеш 295 денари не се плака пола претплата туку цела..
 
С

сашенко

Гостин
Јас сум на Vip postpaid, интернет сообраќајот исто така влегува во сумата што можеш да ја трошиш во склоп на претплата, така да нешто имаш прекорачено од бесплатното за тие 60тина денари
Ај малце повеќе за тоа интернетот на вип постпејд ако можеш кажи брат

  1. Има нешто бесплатно?
  2. Како се наплаќа од минута?
  3. Искуство?
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
Едно прашања во врска со ова пола претплата: Дали за 295 денари имаш вклучено 590 денари разговор или само добиваш пониска цена по минута. Сестра ми е на М претплата, и дојде сметка 744 денари. Од вип и рекле дека ако надминеш 295 денари не се плака пола претплата туку цела..
Јас сум на истата претплата, месечно по 295 но немаш разговор 590 туку 295, а за тоа дека ако надминеш 295 се плаќа цела претплата не е точно ја 3 месеци го користам надминуам и ми доаѓа негде накај 400 денари.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020

Ај објасни ми го ова. Некако ми нема логика. 590 сум и јас, смарт м ама нели на пола 295 треба да плаќам. Е сега надмината ми е 340. Што како другото..
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Едно прашања во врска со ова пола претплата: Дали за 295 денари имаш вклучено 590 денари разговор или само добиваш пониска цена по минута. Сестра ми е на М претплата, и дојде сметка 744 денари. Од вип и рекле дека ако надминеш 295 денари не се плака пола претплата туку цела..
295 денари претплата = 295 денари за разговор. Не сте разбрале изгледа или сте дозволиле лесно да ве измачкаат во вип кога ви објаснувале. Сестра ти се убила од муабет и ете ти резултат.

--- надополнето ---

Ај објасни ми го ова. Некако ми нема логика. 590 сум и јас, смарт м ама нели на пола 295 треба да плаќам. Е сега надмината ми е 340. Што како другото..
Ништо не те разбрав тука??

Ако мислиш дека и на тебе ти опнале цела претплата бидејќи си ја надминал, сметката ќе ти беше над 600 денари со се ДДВ, а не 519.

До душа од тој дел од сметката што си ставил слика ништо не се разврзува едно со друго. :)
 
peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
Кога те убедваат тврдат дека добивап 590 денари разговор. Мене веќе 3 месеци ме молат да потпишам договор.. дури ми стига флаер во кој тврдат дека добивам 590 денари за пола цена. Али не потпишувам пошто не сакаат да ми дадат гратис СМС-и кои сега ги имам.

Ова искочи „Летна промоција:пола леб, пола цена“
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Ништо не те разбрав тука??

Ако мислиш дека и на тебе ти опнале цела претплата бидејќи си ја надминал, сметката ќе ти беше над 600 денари со се ДДВ, а не 519.

До душа од тој дел од сметката што си ставил слика ништо не се разврзува едно со друго. :)
И мене не ми е јасно. Чудна сума. 290 е претплатата (340 изговорено) и 70 ддв..
Другото незнам што значи. Не дека мења нешто, онака ме интересираше.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom