ај да си признаеме
Епаа, ја со ќотек пораснав бе! Ќотек од машките нашколо, со сестра ми си споделувавме по неколку клоци и кубења за коса, од мајка ми по некоја шамарница оти ја тепала сестра ми, па јас да не бидам покусо, ама од тато си имам здрави ќотеци јадено...
:raz: Се сеќавам првиот пат кога маваше тато по мене без да гледа каде удира беше на моја многу мала возраст, и тоа бев некое прво или второ одделение и веднаш до местото кај шо живеевме тогаш имаше една трафика и жената шо работеше таму ни беше пријателка...епа јас украдов едни бомбони, мајка ми у моментот не носеше пари да ми ги купи и после вечерта мислам дека ми ги најдоа у панталоните...само знам дека мама го молеше тато да не ме убие...
А вториот салам ќотек беше во прва средно и тоа, си ставив редица обетки на увото и човеков дома беше пиперка лут зошто не сум прашала, па и тогаш си го изедов ќотекот и дури се сеќавам дека бев со намера да бегам од дома! Кога подобро ќе размислам за тоа, тоа беше само последователност на целото мое бунтовно однесување, претходно ми видоа шливка на вратот, се вратив дома неколку пати пијана и сл. и тоа беше само врв на целокупната тензија која владееше дома...
И во меѓувреме да не ги заборавам неколку шлаканици ама со пуштање крв од носот, зошто не сум јадела доволно (како помала) :star:
Нема врска, не ми остави тоа ни трауми, ниту гнев спрема тато, напротив - со тоа само сфатив колку ми значи семејството и колку ми е посебен он, ама од друга страна мислам дека јас не би ги тепала моите деца...едноставно немам срце!
А како ќе ги воспитам...поима неам :raz: