Демек сите мажи папучари биле, во кој филм сте двајцата
?
Инаку за обрските на мажите и жените генерално.
Денес и едните и другите одат на работа само што жените имаат и едно мало купче додатно за по дома кое на мажите им се „подразбира“ дека се женски обврски. И не се работи само за тоа дали имало машина за перење и шпорет туку дали некоја работа ти лежи или не, односно колку физички но и психички те замара да ја правиш.
И самото тоа да ставам алишта у машина за перење ме нервира без разлика дали е лесно а за пеглање да не збориме, досадно е ептен а не е физички тешко
.
Така да кој смета дека жените малку работат нека си смени пол и нека ги прави сите тие „лесни“ работи секој ден без пауза 40 години (раѓање и гледање деца нема ни да споменувам
).
Не е лесно да си жена а кој смета дека може подобро нека се смени со неа па нека рмба по дома и плус нека иде на работа, тешко дека некоја би одбила таков каваљер
.