На кој му е океј нека продолжи,слободно!
Секој нека си прави како му е убаво,еден живот е,нема реприза.
Додека жените немале право да се образуваат,мажите измислувале.Време е да се одморат малце,многу се заморија во последниве векови,па да не прегорат де
формулата за добивка ако е ефикасна не се менува....
едно ќе те прашам миличка моја,
правам куќа сам, влечам цемент, песок, цигли, ѕидам, шалувам итн...
направив куќа ама... не било крај на работите
требало грозје да се стави, 1 тон низ раце ми поминаа од требење дршки до мелење и правење вино и ракија, складирање и тн... па сметало некое бетонче скрши го и преправи го, требало да се среди дворот, да се направи настрешница, фурна да се изѕида, буре да се премести, да се искречи....
секој ден има навистина многу работа по дома
јас работам и жена ми работи, значи двајца враб отени...
како се осмелувате да кажете дека само вие работите по дома, само вие средувате, гаќи перете и нзнам што, ко ние маживе да сме само мрзи амерички пред телевизор????
и плус кујната е мое задолжение, бар за викенд јас готвам за она да се одмори, а инаку секој ден јас мијам садови, помагам
е сеа ајде да се смениме на еден ден миличка ( се надевам не ми се лутиш на изразот ) и да видиме на кој му е потешко
има МАШКИ и ЖЕНСКИ работи и така функционира од памтивек и така ќе продолжи да функционира, без разлика дали ти само дома переш или чистиш, па дали мислиш дека е лесно на еден маж да се грижи за се?
или ќе плаќаж електричар за секое расипување на бојлер или шпорет или за промена на осигурач, или водоводџија за секоја чешма што протекла или незнам канализација коа се затнала од косата у када?
не биди плитка ( ова со извинување го кажувам, али констатирам по постовите дека имаш проблем да работиш само ти домашни обврски ) и види ја поголемата слика
уствари цело време вртите на женските обврски дома
каде се машките??????????????????
немој те молам
и да еден живот е нема реприза али за разлика од другите јас со радост работам и стварам за моите деца да им е убаво, за они да живеат како треба, да не се расправаат тато и мама за тоа чија е чија работа, да има слога, разбирање, помош еден на друг а не да си лечиме фрустрации и комплекси кој чисти а кој не.
не си во право ама твојот став и твој и несакам да ти го сменам, само те замолувам да погледнеш од овој агол, мој агол, машки агол, за 99,9 % од жените непозннат