Ауфвидерзен Македонијо!

Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Kako da ne be, 180 saata prekovremeno. Ednas ili max dvapati vo nedelata namesto doma ke si prespie tamu,bre jaka muda. Realno ne rabotat ni 100 saata mesecno, toa da si tamu ne znaci deka nesto rabotat. Ovoj rodninava odmor ima po najmalku dva meseca godisno, pa nekoi praksi vamu tamu, dopunsko obrazuvanje itn i po 3 meseca u godinata mu se sobira. Abe ko bubreg u loj e.
Sekako deka vo Germanija bi mu bilo poarno (samo od finansiski aspekt) ,ama i tuka ne mu e slabo. Tamu ke go gledat dali nesto raboti ili ne tuka moze tasakot da si go prci pa nikome nista.
--- надополнето: 2 август 2013 во 09:17 ---
Nego so gabe vrtite muabeti i nekoi tintiri mintiri,ni 5% od nevrabotenive ne se spremni i sposobni nitu pak sakaat da se nafatat so nekoja rabota. Toa e vistinata.
Site sakaat diploma vo gepot i klativratovska rabota kade sto ke zemaat plata i nisto nema da rabotat. I jas sakam.
Ти посакувам и ти да најдеш таква работа па да видиш како е.
Во Тетово има 3 уролози а секој ден има дежурен доктор + секој ден има доктор во амбуланта. Ако се погоди 2 доктори да се во сала едниот е и дежурен и во амбуланта и на оделение. Немој да зборуваш кога немаш појма како стојат работите и носиш заклучоци само од рекла-казала.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
немам храброст да се борам веќе, си мислев да поминат тие мизерни 6 години студирање и ќе биде приказна...ама лошо беше многу филмови даваа тогаш се во ист период и доктор хаус, и оној со пластичните хирурзи кај штоо изигруваа мачо мени, и уште еден куп....извини а детето мајка ми и татко ми ли ќе ми го растат?силен карактер треба за тоа и многу жртви.
Волонтер 4000!
Друже мора некој да направи жртва за понатаму да се средат работите, е сега работата е дали си ти тој кој ќе ги сече конците или друг. Дали мислиш дека ако седиш тука во мкд и фатиш 40 и кусур години, а детето ти порасне над 15тина години и почне секој ден да ти бара пари а ти немаш да му дадеш ни денар ќе бидеш среќен?
Дали мислиш дека со тие мочани 4000ки може да се гледа дете. Другарче 3 години со денешни услови на технологија кога секој ден имаш шанса да го гледаш на skype детето и било како се ништо. Не велам дека не жртвата е голема али за 3 години ќе можеш да ја повлечеш и фамилијата таму и да се тргнеш од оваа мизерија. Инаку и додека си таму не очекувај првите години дека ќе живееш добро бидејќи ако се удреш на живот и си удоволиш се што ти треба нема да ти остане ниту денар. Само жртвување и штедење на максимум додека си таму и за во рок од 5 години си нов човек, а клошараната што се прават патриоти нема да ја затворат устата ни сега ни тогаш. Ќе си менуваат политички партии, кои ќе ги пикаат на работа за 5000 ки али битно е да си патриот! За кого бе патриот, овие копилиња на оние кои до вчера ни ги убиваа блиските му дадоа поголеми права од нас, сите се вработени на подобри места и земаат подобри плати а ние сме му слуги. Бегај од тука додека можеш, имам пријатели доктори кои станаа луѓе откако заминаа надвор и тоа во било која западно европска земја. Скандинавските земји и Швајцарија се најдобри али незнам како би можело да се замине за таму без бугарски пасош, ако знае некој ве молам или отворете тема или напишете тука, и ме интересира за било која професија како се условите. Јас треба да дипломирам сега на Градежен факултет и пред мене имам уште 2 години за постдипломски па сакам за тие 2 години да го усовршам германскиот, али ако има некоја подобра прилика за во скандинавските земји или пак во Швајцарија се сложувам да учам било кој јазик па макар и од нула и да работам првите години додека не научам стручен јазик било каква работа.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Па ако не знаат германски ни два збора и квантни физичари да се ќе ги вратат.

Има неколку шо го чепкале јазикот, ама не е само тоа фактор, можеби во моментот во одреден град во Германија нема потреба од таков кадар, можеби има потреба ама некој друг на тоа интервјуто покажал подобри способности.....
--- надополнето: 2 август 2013 во 10:02 ---
Ова дојде како џупците наши шо праат муабет под саатот. Вика а бе кај е Бајрам, замина Германија тој имаше фамилија таму. А бе сите имаме ама никој не не зема :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

Така да сите овде познаваат доктори што заминале и земаат плата од баснословна сума на пари таму :icon_lol:.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.460
Поени од реакции
24.196
Ај да не им го расипуваме филмот, некој можи и ке се попишмани и нема да замини, па после ние ке му бидеме криви дека ете лажно сме го информирале и дека ради нас останал тука, а ако заминел се ќе било поинаку.
Ете најнова информација од прва рака. Кога ке слегувате од автобус или на аеродром обавезно да си ставите гумени чизми од оние за во шталите зелените, ете вакви

за да не се извалкате од млекото и медот што течи по улици. Слушнав дека до глуждови било нивото на мед и млеко, а сите знаеме колку многу тешко се вади и остава флеки.
Среќно и ауфвидерзен.
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Ај да не им го расипуваме филмот, некој можи и ке се попишмани и нема да замини, па после ние ке му бидеме криви дека ете лажно сме го информирале и дека ради нас останал тука, а ако заминел се ќе било поинаку.
Ете најнова информација од прва рака. Кога ке слегувате од автобус или на аеродром обавезно да си ставите гумени чизми од оние за во шталите зелените, ете вакви

за да не се извалкате од млекото и медот што течи по улици. Слушнав дека до глуждови било нивото на мед и млеко, а сите знаеме колку многу тешко се вади и остава флеки.
Среќно и ауфвидерзен.
Ме фаќа нервоза кога гледам вакви батки на кои претежно му е наредена работата тука во мкд и јадат од потта на другите. Никаде нема да течи мед и млеко али со штедење и упорна работа парите кои се земаат таму во 1 година во мкд нема да ги земе никој за 10. А тоа за чизмите еве јас рмбам една работа тука во мкд валкана нешто слично како чистење на штали а сум платен помалку од питач, чаре сега? Нема секој среќа да седи по цел ден на компјутер, да живее по принципо „тато носи мама меси“ до 30 и кусуро години. Верувај за некој и во мкд е чизми ама тука е платено за цел ден од 6 до 6 колку во германија и другите земји во 1 час. И јас да сум вработен и да земам барем 2ца членови од фамилијата по 500 евра месецо ќе седам тука и нема да ми е лошо, али да работам за плата тука од 100-200 евра и тоа со факултет не иди во предвид. Подобро таму во штала за 1500-2000 евра откако во мкд со факултет за 100 евра.
Пак ќе пишам МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МНОГУ ГОЛЕМИ ЃУБРИЊА КАКО НАРОД, заминуваја од тука ѓупци, а се враќаат со џипови од 100 000 еври, а да ги прашаш викаат дека нечини таму, ако отидеш и ги побараш таму не те познаваат за разлика од деновите кога се враќаат тука и ти се секој ден на гости и најмногу те сакаат. Шипците а и општо муслиманите се држат 10000000 пати повеќе од нас, еден заминува таму и сите ги зема со него.
 
Чекај сега контри малце.
Јас реков да неодиш??
Ете и чизми имаш, значи пасошот во раце и правец Германија.
И не прави сега муабети од типот кисело е грозјето. Ете тебе конкретно што те спречува да заминиш во ветената земја каде ке заработуваш баснословни суми за истата работа која ја работиш тука а си платен како питач. Сигурен сум дека за автобуска карта во еден правец имаш заштедено, пасош досега би требало да извадиш, ќе речиме дека и некаква диплома имаш а и да немаш не е проблем, ете учен си да работиш тешка физичка работа. И сега што е проблемот, кој те спречува да заминиш, мене само тоа не ми е јасно?
Вакви теми знаеш колку има на форумот, ке си помисли човек како воопшто има тука луѓе останато. Па не е Германија на другиот крај на светот, за еден ден таму си.
П.с ти да земаш 500 евра месецот;).
 
Не вика никој дека то е ветена земја, туку за разлика од тука нешто многу подобро, диплома “каква таква“, за разлика од поголем дел од нашиов кадар барем факултетот го учам со знаење, а што ме спречува е друга работа.
1.Бугарски пасош сеуште немам, а без него тешко дека можам да работам
2.имам уште 2 години постдипломски пред мене, кои ќе ги учам без разлика дали би ми биле признаени таму или не и за тоа време да го усовршам јазикот особено стручниот дел од него
3.Минатата година бев по кола од германија и за тие 5 дена кои и седев во Минхен успеав да разгледам наоколу какви работи работат нашите (барем тие 2 фамилии каде што бев), каде живеат и во кои услови живеат.
Заклучок- во било која земја не значи дека би работеле работа по струка и не тече можеби мед и млеко, со нивната плата во нивната земја е доста тешко да се постигне многу нешто слично како тука, потешко е да купиш свој стан, и тн. Али во нашава со 100 евра плата месечно, ако не си обезбеден во поглед на станбеното прашање, никогаш нема да го обезбедиш :)
Сума сумарум кажувам дека колку и да е тешко и таму е барем трудот подобро платен во однос на тоа што е кај нас, те ценат повеќе како човек а не само како предмет како што работат нашиве газди тука на кои му заработуваш по 800-1000 евра месецот, а за тебе одвојуваат едвај по 200 со сите придонеси.
 
Се е тоа во ред што го кажа, не велам не. Ене кај се 2 години, ке поминат дури да трепниш. Имаш време и пасош бугарски да извадиш. Незнам оти така си имаш сфатено дека јас или било кој друг ве спречува да замините, напротив. Проблемот е што 99.9% тука само си прават филмчиња како е таму и имаат голема желба да заминат, а од друга страна никако да заминат, па претежно им останува само да кукаат на форуми како тука нечини, ве искоритуваат, не ве ценат и незнам што. Ем не им чини , ем уште тука се. Е тоа неможам да го сварам.
И најчест изговор им е нема таму кој да ги прими, никој не ги зема, немаат пасош и уште еден милион мали причини кои реално ако ги споредиме со желбата за емигрирање се гола вода. Со други зборови не им држи газот да ризикуваат, па си вадат комплески тука.
 
Не велам дека некој ме спречува, ти пишав така бидејќи искоментира во смисла таму штали ова она па ајде одете сега работете (нешто како со потсмев). Јас ти кажав што ме спречува, за време на летото наредна година планирам 3 и пол месеци да бегам со студентска таму, а после пост дипломски бришам од тука на било кој начин. За кукање има и такви и такви, обично се враќаат или не заминуваат луѓе кои имаат грб од дома, односно кои живеат сеуште на сметка на родителите. А оние кои сме останале да гледаме лично ние фамилија и да заработиме и за нас самите верувај дека нема многу мислење ниту за работа ниту за ништо.
За тоа никој не ги зема, многу е поедноставно кога има кој да ти помогне особено првиот месец во смисла за барање сместување, да ти објасни како стојат работите во таа област, на што да внимаваш и тн, али ако нема кој и самиот ќе се снајдеш.
Немам ништо лично кон никого, али ме нервираат несериозни муабети во поглед на вакви теми.

ОН топик
Немам многу време да пребарувам по форумов дали има таква тема, или пак некој ако има повеќе инфо како стојат работите за заминување за Швајцарија, или скандинавските земји?
Ме интересира во поглед со признавање на дипломи, јазик, пасош и тн.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.460
Поени од реакции
24.196
Не велам дека некој ме спречува, ти пишав така бидејќи искоментира во смисла таму штали ова она па ајде одете сега работете (нешто како со потсмев). .
Од муабетот можам да заклучам дека за жал слабо конташ.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.460
Поени од реакции
24.196
Можеби Да, а можеби Не, секој си има право на свое мислење ;)
Во право си секој има право на свое мислење, па макар било и грешно, но за конкретниот случај незнам каде ти виде штали и работа во истите. Да не ме сфатиш погрешно, искрено се надевам дека факултетот подобро ти оди:).
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.029
Поени од реакции
954
Без лични навреди, глупаво е да пишуваме кој колку разбира и кој колку конта, и на кој како му оди факултетот, без разлика дали на мајмун му оди добро факултетот и конта како што викаш, тој барем напиша дека е маж и дека работи и за таа плата 5 или 6 000 незнам како ја напиша, мене ми конта многу и го завршив факултетот на време...затоа оти повеќе ми конта дремам дома пред компутер, тато ми го плаќа интернетот и струјата и водта и памперсите за детето...и јас како него одев да работам...пишав и погоре...сум ги берем зелените краставици и сум ги оставал да презреат другите. а кога аплицирав за работа во италија да берам портокали или...незнам не се сеќавам уште што, знаете што ми рече човекот??? бараме работници исклучиво од светиниколските села најдобро ја работеле работата, најмногу познавање имале во таа област. и разбрав дека многу од нив останувале таму...и напредувале во работата.цигла по цигла, направиле и дом. како што кажува мајмун, треба работа и штедење, да знаеш да ја цениш работата, и трудот. ние македонците особено овие од мојов град одат да работат, за да купат беемве, да го довлечкаат и да шкрипат со гумите, тој менталитет го немаат и циганите
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Во право си секој има право на свое мислење, па макар било и грешно, но за конкретниот случај незнам каде ти виде штали и работа во истите. Да не ме сфатиш погрешно, искрено се надевам дека факултетот подобро ти оди:).
Слушни ме друже, јас имам 21 година, последнава година поминав низ толку срања што некој ги нема поминато ни до 50 год. Од факултетот имам уште еден испит кој го оставив поради што морав да се вратам дома и да заработам за да ги прехранам мајка ми и сестра ми, а воедно и да си ги платам сметките за престој во Скопје. Работам по 17 часа тука во мкд, работам тутун и работам уште по 8 часа со тоа што го учам на факултет. Ако ти е доволно досегашен просек ми е 9.4 на градежен факултет и досега сум терал се на време, па се надевам дека јас разговарам и губам време кое го имам денес како празник со некој кој конта подобро од мене кога одлучил да ме цитира со овие зборови. НЕ сме седнати тука да дискутираме кој конта, а кој не. ФАКТ е дека во оваа држава има леб за оние кои јадат од државното кесе, кои се потрчковци и кои ја ограбија истата таа државичка. ФАКТ е дека моментално на сметка на огромниот процент на запишани луѓе на факултети и делење на дипломи на секакви будали паѓаат уште повеќе платите. ФАКТ е дека во оваа држава сите сакаат да лежат и никој не сака да работи, живееме полуксузно од побогатите земји и кукаме. Носење на мобилен телефон, плаќање на кабловски, дигитални и интернети не се потреба туку луксуз. Во државава кого и да прашаш ќе ти каже дека интернетот му е потреба, а кажи ми колку од нив заработуваат од него. Сите седат само на фб по цел ден и го тепаат времето наместо да фатат некоја работа и да го заработат лебот. Мои врсници седат со по 50 денари за кафе и 50 денари за цигари или кладилница по цел ден во чаршија, али тоа е поради што има кој да ги рани дома. Девојки по 20 и кусуро години сеуште ги мрзи и незнаат да си направат јадење, да си го постелат креветот и да си исчистат дома. Платите во државава се катастрофа, некои луѓе со свои бизниси кои 90 посто се на црно начекаа и направија милионски суми на грбот на луѓето. Знаеш до што водат овие работи кои ти ги набројав горе ХАОС. Доаѓаме до ситуација кога нема кој да работи кога сите имаме дипломи, а нема работници, кога некој го пере умот дека треба да се завршуваат факултети и незнам што, кога средното образование е направено задолжително со што и ќоро и слепо и паметно и будало секој има средно образование со што се потценуваат родителите наши бидејќи пред 30 години вредела дипломата за средно образование, а денес ни факултетската нема никакво значење Денес е поголем бројот на разводи откако бројот на склучени бракови, знаеш ли зошто? Поради истите причини што ти ги набројав горе, поради тоа што на никого не му се работи, сите сакаат да бидат во костум и да не ги извалкаат рацете. Многу дечки заминаа и надвор од земјава и по бродови и каде уште не, дел од нив се вратија, а дел останаа. Знаеш кој се вратија? Оние кои спаѓаат во групите кои ти ги набројав погоре, оние кои потешко од чинијата и приборот за јадење немаат видено во животот.
--- надополнето: 2 август 2013 во 12:55 ---
Без лични навреди, глупаво е да пишуваме кој колку разбира и кој колку конта, и на кој како му оди факултетот, без разлика дали на мајмун му оди добро факултетот и конта како што викаш, тој барем напиша дека е маж и дека работи и за таа плата 5 или 6 000 незнам како ја напиша, мене ми конта многу и го завршив факултетот на време...затоа оти повеќе ми конта дремам дома пред компутер, тато ми го плаќа интернетот и струјата и водта и памперсите за детето...и јас како него одев да работам...пишав и погоре...сум ги берем зелените краставици и сум ги оставал да презреат другите. а кога аплицирав за работа во италија да берам портокали или...незнам не се сеќавам уште што, знаете што ми рече човекот??? бараме работници исклучиво од светиниколските села најдобро ја работеле работата, најмногу познавање имале во таа област. и разбрав дека многу од нив останувале таму...и напредувале во работата.цигла по цигла, направиле и дом. како што кажува мајмун, треба работа и штедење, да знаеш да ја цениш работата, и трудот. ние македонците особено овие од мојов град одат да работат, за да купат беемве, да го довлечкаат и да шкрипат со гумите, тој менталитет го немаат и циганите
Не оправдувам одење на работа за 4000 со факултетска диплома особено не со медицина или технички науки. Можеби сум помлад од тебе, али совет од мене ти е да си учиш јазик и додека го тешаш времето на форумов и по фб да бараш работа надвор од земјава. Жално е ова што се случува, имам мои роднини кои одат за тие мочани 4000 ки како волонтери во болниците, а си ја тупеле главата 6 години на факултет и тоа во друг град и потрошиле пари колку за еден стан, а се платени помалку од еден чистач кои има решение за работа во истата таа институција и има завршено едвај 8мо одделение.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.460
Поени од реакции
24.196
Без лични навреди, глупаво е да пишуваме кој колку разбира и кој колку конта, и на кој како му оди факултетот, без разлика дали на мајмун му оди добро факултетот и конта како што викаш, тој барем напиша дека е маж и дека работи и за таа плата 5 или 6 000 незнам како ја напиша, мене ми конта многу и го завршив факултетот на време...затоа оти повеќе ми конта дремам дома пред компутер, тато ми го плаќа интернетот и струјата и водта и памперсите за детето...и јас како него одев да работам...пишав и погоре...сум ги берем зелените краставици и сум ги оставал да презреат другите. а кога аплицирав за работа во италија да берам портокали или...незнам не се сеќавам уште што, знаете што ми рече човекот??? бараме работници исклучиво од светиниколските села најдобро ја работеле работата, најмногу познавање имале во таа област. и разбрав дека многу од нив останувале таму...и напредувале во работата.цигла по цигла, направиле и дом. како што кажува мајмун, треба работа и штедење, да знаеш да ја цениш работата, и трудот. ние македонците особено овие од мојов град одат да работат, за да купат беемве, да го довлечкаат и да шкрипат со гумите, тој менталитет го немаат и циганите
Баш е тоа и најбитно во цел муабет, само кој како си го има сфатено. Неколку факти за реалноста тука кој некој упорно не сака да ги види. Факт е дека државата не ни произведува квалитетни кадри( пак ке нагласам со чесни исклучоци). И како и би произвела, од што и од кој. Непишано правило е дека ако дедоти бил професор, таткоти бил професор тогаш и ти мораш да бидеш професор. И таквиот професор кој станал тоа што станал по крвна линија треба да ги спрема идните кадри. Очекуваш квалитет од нив. Исто е и со медицината или докторите. Се по крвна линија. Незнам ете кажи ми било која друга профитабилна гранка каде најчесто не е поврзана со роднинско пријателски односи, а не со квалитет.
Едноставно немаме квалитетни кадри во скоро никоја област пошто нема кој да ги произведе, а истите тие кадри се имаат замислено дека се бог и батина во светски рамки, а реално се никој и ништо на светскиот пазар на труд. Не дека тука никој не ги цени туку реално толку вредат. И тие неколку што вредат или си заминаја или и тука живеат сосем добро. Но тие колку се 1% , сите останати сме нискоквалитетен производ. Е тоа е реалноста за жал.
--- надополнето: 2 август 2013 во 13:28 ---
Слушни ме друже, јас имам 21 година, последнава година поминав низ толку срања што некој ги нема поминато ни до 50 год. Од факултетот имам уште еден испит кој го оставив поради што морав да се вратам дома и да заработам за да ги прехранам мајка ми и сестра ми, а воедно и да си ги платам сметките за престој во Скопје. Работам по 17 часа тука во мкд, работам тутун и работам уште по 8 часа со тоа што го учам на факултет. Ако ти е доволно досегашен просек ми е 9.4 на градежен факултет и досега сум терал се на време, па се надевам дека јас разговарам и губам време кое го имам денес како празник со некој кој конта подобро од мене кога одлучил да ме цитира со овие зборови. НЕ сме седнати тука да дискутираме кој конта, а кој не. ФАКТ е дека во оваа држава има леб за оние кои јадат од државното кесе, кои се потрчковци и кои ја ограбија истата таа државичка. ФАКТ е дека моментално на сметка на огромниот процент на запишани луѓе на факултети и делење на дипломи на секакви будали паѓаат уште повеќе платите. ФАКТ е дека во оваа држава сите сакаат да лежат и никој не сака да работи, живееме полуксузно од побогатите земји и кукаме. Носење на мобилен телефон, плаќање на кабловски, дигитални и интернети не се потреба туку луксуз. Во државава кого и да прашаш ќе ти каже дека интернетот му е потреба, а кажи ми колку од нив заработуваат од него. Сите седат само на фб по цел ден и го тепаат времето наместо да фатат некоја работа и да го заработат лебот. Мои врсници седат со по 50 денари за кафе и 50 денари за цигари или кладилница по цел ден во чаршија, али тоа е поради што има кој да ги рани дома. Девојки по 20 и кусуро години сеуште ги мрзи и незнаат да си направат јадење, да си го постелат креветот и да си исчистат дома. Платите во државава се катастрофа, некои луѓе со свои бизниси кои 90 посто се на црно начекаа и направија милионски суми на грбот на луѓето. Знаеш до што водат овие работи кои ти ги набројав горе ХАОС. Доаѓаме до ситуација кога нема кој да работи кога сите имаме дипломи, а нема работници, кога некој го пере умот дека треба да се завршуваат факултети и незнам што, кога средното образование е направено задолжително со што и ќоро и слепо и паметно и будало секој има средно образование со што се потценуваат родителите наши бидејќи пред 30 години вредела дипломата за средно образование, а денес ни факултетската нема никакво значење Денес е поголем бројот на разводи откако бројот на склучени бракови, знаеш ли зошто? Поради истите причини што ти ги набројав горе, поради тоа што на никого не му се работи, сите сакаат да бидат во костум и да не ги извалкаат рацете. Многу дечки заминаа и надвор од земјава и по бродови и каде уште не, дел од нив се вратија, а дел останаа. Знаеш кој се вратија? Оние кои спаѓаат во групите кои ти ги набројав погоре, оние кои потешко од чинијата и приборот за јадење немаат видено во животот.
.
Е па конечно сме на иста линија. Денес секој може ако сака да има диплома. Не е нешто којзнае што. Колку вредат е сосем друга работа. Но како се имаат замислено дека ете јас завршив факултет и сега јас или морам да живеам како бубрег во лој или државата не чини. Реално нивната стручност во најмала рака е дискутабилна.
И за болдот малце. Реално според тебе процентуално колку од младината е ваква, и колку баш од нив мислат дека државата не им чини и дека надвор е спасот и дека таму со таа диплома ќе живеат како бубрег во лој. За нив беа наменети тие гумени зелени чизми, не за да работат по штали како ти што си претпостави туку да не се извалкаат кога ке слезат од автобусот пошто до глуждови е таму нивото на мед и млеко.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom