Ауфвидерзен Македонијо!

Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.029
Поени од реакции
954
„Четири ипол години секојдневно патував по 70 километри од дома до работа и назад… Во својот град, Скопје, не можев да најдам вработување. На дожд, снег, виулици и пеколни жештини го чекав полураспаднатиот автобус и се клацкав во него. Плачев попатно, плачев во себе, за да не ме видат другите, бидејќи нели сум лекар, треба да сум со крената глава…“ Вака 34 годишната Ана Крстевска го почна раскажувањето за своето работно искуство како лекар по општа медицина во Македонија.
Реалноста и’ ги урнала детската фантазија и студентскиот ентузијазам.
„Под закопчаниот бел мантил го криев внатрешниот немир“, продолжува Ана.
„Далечината до селото воопшто немаше да ми биде проблем доколку се’ друго беше подносливо. Но, работев во амбуланта до која што немаше асфалтиран пат, во која што зиме немаше греење, ќе немаше ниту сапун за раце, ако сама не купував. Згора на се’, го трпев и гневот на пациентите поради неточниот апарат за мерење притисок. Себе си се доведував во ризик кога одредував терапија. И сето тоа за 12 илјади денари. 12 илјади денари од кои што половина ги трошев за автобуски карти, а со останатите 100 евра требаше да живеам ’угледно’ како што доликува на лекар кој шест години макотрпно учел и инвестирал во себе за да дипломира со просек над 9. Го изгубив достоинството!“, со доза на гнев заклучува Ана. “Но, не го изгубив сонот да бидам лекар кој, освен од љубов кон работата, ќе живее и од солидна плата“.
Следејќи го сонот, Ана веќе една година работи и специјализира психијатрија во северногерманскиот град Грајфсвалд:
„На почетокот ми беше чудно што платата стигнуваше редовно на секој први во месецот. Во Македонија постојано се случуваше некој застој, или од Фондот за здравство или нешто друго.“ – вели Ана, со осетна (воочлива) радост и олеснување. Таа сега е редовно вработена како општ лекар, а болницата финансиски и’ ја покрива специјализацијата.
„Добивам плата од 2700 евра. Месечните трошоци за кирија и сметки ми се некаде околу 600-700 евра. Со остатокот надоместувам се што пропуштив во Скопје. Растоварувањето не е само од финансиски аспект и условите и третманот се далеку подобри, европски. Владее воспоставен систем на тимска работа и меѓусебно почитување“ – со воодушевување раскажува Ана.
Сега може да се пофали дека работи во болница во која што има најсовремена апаратура, има од кого на учи, не се соочува со недостиг на основни средства за работа и ги следи најмодерните медицински трендови. Единствено што недостига- вели- е млад медицински персонал. Болницата имала слободни работни места и потреба од нов кадар за работа и специјализација. „Овде пациените се како во хотел, но и ние вработените не сме на полошо“, како на шега прокоментира Ана, задоволна што ужива во достоинството на својата професија.
Во своите стремежи, Германија како крајна дестијација ја имаат уште стотина лекари и други медицински работници во Македонија. И работат на остварување на целта.
Владимир Трајковски, рентгенолог ова лето се посвети на интензивно учење на германскиот јазик. Се труди до октомври да дојде барем до неопходното Б1 ниво: „Наизглед е тешко да се учи германски, но кога ќе се сфати логиката на јазикот, се’ станува полесно. Важно е да се има мотив. Една болница од Германија веќе ми понуди работа за која што аплицирав и сега се концентрирам колку можам подобро да го совладам јазикот и што побргу да заминам…“ – вели Владимир.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да не налетаат паметњаковиќи да ви расправаат дали на девојчево овие 2700 евра се бруто или нето, да кажам дека се нето. Чисти пари кои и остануваат со одбиени даноци од 40%. Чиста плата за Ана е 2700 евра.

Фала пријатно.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Aufviedersehen доктори!....и ќе се видиме, ама таму кај вас.....ништо нема овде да остане.....
Германија знае да препознае школувани и вредни интелектуалци, на Македонија не и требаат такви...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Македонија за десет години ќе има таков недостаток на стручен медицински кадар што Африка ќе и изгледа одлична дестинација за лекување.

Само нека продолжат со оваа истребувачка политика на млади кадри, далеко ќе догураат.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.029
Поени од реакции
954
Да не налетаат паметњаковиќи да ви расправаат дали на девојчево овие 2700 евра се бруто или нето, да кажам дека се нето. Чисти пари кои и остануваат со одбиени даноци од 40%. Чиста плата за Ана е 2700 евра.

Фала пријатно.
и 16 000 не се малку пари, ако имаш млади родители, и да си имаш покрив на глава, да си осигуран бар за 10 години дека ќе бидат до тебе и не мислиш за комуналии, за јадење дома...си ставаш само кредит на мобилниот, цигарчиња..ако не секој ден секој втор ден на кафе можеш да седнеш...не се малку!
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Doktorite sekade gi baraat. Treba da se glupi vo Makedonija vreme da si gubat. Fakt e deka kad tad doktorite ke gi snema,togas ke se kacat i platite. Ama kasno ke bide.
Samo treba da se gleda na prikaznata i od malku poinakov aspekt. Neka izracunaat kolku pari Makedonija vložila vo nejzinoto obrazuvanje. Ova treba da se reši na megjunarodno nivo,npr Germanija da plaka odredena suma na fakultetite od kade sto dovagaat studentite sto ze zaposluvaat tamu. Ili pak kaj nas da se uvede 100% plakanje na studiite od svoj gep. Neka si platat,pa neka odat nadvor.
btw germanskite doktori begaat vo Norveška. tamu se 2-3x pogolemi platite nego vo germanija.
Istoto važi i za ostanatite struki.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Doktorite sekade gi baraat. Treba da se glupi vo Makedonija vreme da si gubat. Fakt e deka kad tad doktorite ke gi snema,togas ke se kacat i platite. Ama kasno ke bide.
Samo treba da se gleda na prikaznata i od malku poinakov aspekt. Neka izracunaat kolku pari Makedonija vložila vo nejzinoto obrazuvanje. Ova treba da se reši na megjunarodno nivo,npr Germanija da plaka odredena suma na fakultetite od kade sto dovagaat studentite sto ze zaposluvaat tamu. Ili pak kaj nas da se uvede 100% plakanje na studiite od svoj gep. Neka si platat,pa neka odat nadvor.
Кои пари вложила Македонија во образование бе, на српски книги уште учат на медицина. Вложила Македонија...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
и 16 000 не се малку пари, ако имаш млади родители, и да си имаш покрив на глава, да си осигуран бар за 10 години дека ќе бидат до тебе и не мислиш за комуналии, за јадење дома...си ставаш само кредит на мобилниот, цигарчиња..ако не секој ден секој втор ден на кафе можеш да седнеш...не се малку!
Зошто да земаат докториве 16000 во Македонија кога можат да земаат 2500 евра во Германија за истата работа. Па не се ненормални да останат доле. При такви услови за работа кои им се нудат.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
btw 2500 evra za doktor vo Germanija e 0.​
16000 e za stažist. Inaku doktorite kaj nas zimaat od 30.000 pa nagore. iam i kaj nas takvi so plati od 2000+ evra po privatnite kliniki.​
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.029
Поени од реакции
954
Пријатели отворете го сајтот на министерството да видите, специјализациите ги направија 6 години, ако се има во предвид дека веќе си завршил факултет од 6 години...кој ентузијазам треба да го имаш за да запишеш медицина, да завршиш, за која плата ќе работиш и со кој народ ќе работиш
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
У министерство за здравство треба да работат све генијалци бе со она какоговикаш ај кју над 180,како мене.
-Министерот за здравство​
жалосно е се во оваа моја чудесна земја.....​
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Кои пари вложила Македонија во образование бе, на српски книги уште учат на медицина. Вложила Македонија...
Ako ne se lažam baš za medicinski fakultet imase emisija na ovaa tema eden student-diploma ja čini Makedonija preku 20.000 evra. Pa sega vidi.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Јас баш пред некој ден слушнав од министарот за здравство дека имале голем прилив на вработени од приватниот сектор во државниот.... што ширите вакви невистини ццц.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
btw 2500 evra za doktor vo Germanija e 0.​
16000 e za stažist. Inaku doktorite kaj nas zimaat od 30.000 pa nagore. iam i kaj nas takvi so plati od 2000+ evra po privatnite kliniki.​
Дали е Германец, Швеѓанин, Шпанец, Македонец сите почнуваат од 2000 евра. Следна година им даваат 300 евра покачување, секоја година наредна по 300 евра. Ноќни трудови месечно по 180 евра, празник 250 евра, сабота и недела. И почетник да си ќе ти се соберат околу 3000ки месечно.

А кај нас у приватна клиника дека земаат по 2000 евра кој ти кажа? Да не се случајно тоа хирурзи или за доктори збориш? И да не случајно се бројат на еднава рака?

40 000 денари е плата после една година во Филип Втори како доктор. Првата година е 22 000 денари. РАботно време од 7 до 8 вечер, секој ден и сабота.
--- надополнето: 30 јули 2013 во 10:20 ---
Пријатели отворете го сајтот на министерството да видите, специјализациите ги направија 6 години, ако се има во предвид дека веќе си завршил факултет од 6 години...кој ентузијазам треба да го имаш за да запишеш медицина, да завршиш, за која плата ќе работиш и со кој народ ќе работиш
Некаде те прочитав дека имаш медицина, зошто не го учиш Германскиот и да заминеш?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom