Strenght
Never Give Up!!
- Член од
- 24 април 2010
- Мислења
- 2.516
- Поени од реакции
- 1.824
Ако завршил за лекар незначи и дека е добар лекар. Па сега како што има факултети во секое поголемо село, негледам причина зошто некој би се чукал по градите како незнам што да направил. Тоа ти иди како на времето некој средно завршил. Голема работа. И да не го занемариме фактот со мито и корупција, сепак и професорите се луѓе и тие сакаат пари. Што го кошта него да ти пише една оценка погоре, посебно ако добро си ја платил. Да не мислиш случајно лекарите или професорите од платата што ја земале направиле палати , викендици, возен парк колку за едно помало село. И сега ти ми тврдиш дека кадрите што излегуваат од тие факултети вредат нешто??
Со чесни исклучоци, све друго е чкарт.
И затоа да се навратиме на темата. Јас пак ке речам ако сметаат дека се способни и дека дипломата им е заслужена со знаење и талент а не со канта сирење, слободно нека си ја пробаат среќата во Герамнија. Да видиме и ние и тие колку вредат на слободниот пазар, а не тука каде посебно за медицината се оди по крвна линија. Таму нема мама тато, дедо чичо. Или те бива или куферите и назад. Никој ,а посебно јас не ги држи со сила тука да останат. Напротив јас и посакувам да заминат. Не ми се ништо побитни од малтерџиите, ѕидарите, фасадерите и сите останати кои ако ништо друго со пот ги вадат парите. Веќе ако треба некој да ги плаќа за да кукаат и да се замислуваат дека се ептен способни ,подобро тоа да биди Германија отколку ние.
Абе со тебе нема крај

Сега имаш ти госпоѓа која си седи и си ја прчи цел ден како мојот матичен лекар што ми е... Ама имаш и луѓе коишто работат многу а платата не им е баш пристојна... И кога ќе се споредат и тие што се вредни и умеат гледаат да забушаваат пошто работа + нема да им донесе повеќе пари во џебот...
Иначе да... Надвор од македонија каде што се бара работната сила нема таму правдање вака така... Или те бива и праиш пари или не те бива и ќе кукаш цел живот за ова се согласувам !