Атеистите и бракот

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Фино што си пишувал. Лесно ќе поминам преку навредите од типот „материјалистички копилиња“ пошто сум отрпнат.

Него, де кажи ми, кој ти е тебе аргументот во овој пост?

Дека Бракот е религиозна институција? Дека не е религиозна институција?

Дали се сложуваш со Лурц дека монотеистичките религии го дефинирале бракот?

Мислам, читам-читам и не можам да ти фатам позиција. Јасно ми е едино дека не го разбираш граѓанскиот брак како институција пошто ми предлагаш да живеам во вонбрачна заедница. Што никако не е исто.

Де, пробај да ја објасниш својата позиција во контекст на темава, плиз.
Ааах и ти ли сине Дибек.
Еве се корегирам. Атеистите на форумов не се материјалисти туку селективни читачи на постови.
Извинете за “навредливата“ шега.

Јас во мојот пост напишав дека:
Бракот е и општествена институција, заснована како договор помеѓу сопружниците со одредени правила, прописи и обврски кои произлегуваат од тој доброволно склучен договор, помеѓу двајца, пред официјано лице матичар, во присуство на двајца сведоци. Добро го дефинирав граѓанскиот брак?
Духовното поврзување помеѓу двајца кое се врши во црква не е задолжително и обврзувачко туку избор и договор на двајцата идни брачни другари.
Во мојата дефиниција, лична, за брак сепак има еден предуслов. Двајца, ТРЕБА да стапат во брак ако и само ако, сакаат да оформат семејство со ДЕЦА. МАЖ, ЖЕНА и минимум едно ДЕТЕ е семејство кое има потреба и морална и материјална од институцијата брак. Тоа и го напишав предходно но кој да прочита.
Јас тебе ниту било кој друг не советував да живеете во вонбрачна заедница. Колку што се сеќавам ти си женет и имаш дете (или деца) така?
Двајца кои што да речеме се сакаат и живеат заедно, а при тоа не сакаат да оформат семејство со деца (доволни си се еден на друг) немаат апсолутно никаква потреба од БРАК и венчавки во црква или матично. Граѓанска унија, договор некаков на нотар или сл. во целост може да им ги покрие правните аспекти од нивното заедничо жвеење. Како што и пишав предходно (но кој да чита) тука спаѓаат и ЛГБТ групациите ко што по ниеден основ не можат да влезат во потесниот круг на дефиницијата на традиционално семејство.
Во денешно време се дефинираа нели неколку видови на врски и заеднички соживот со некој: во брак, во цивилна унија, итскомпликејтет :) (ако има и трето лице) и слично.Секој си избира што најмногу му одговара.
Околу тоа кој е “авторот“ на бракот не едноствно да се одговори бидејќи од многу одамна се имаат измешано државните со религиските правила и обврски во бракот и семејството.
Еве на пример ако ти кажам дека јас и тебе те сметам за верник, ти ќе ми се смееш.
Но ако: не крадеш, не лажеш, кога има потреба некој му излегуваш во пресрет и му помагаш во рамките на своите можности... и слични вакви морално етички правила, да не набројувам, ги почитуваш, ти за мене си верник. Вон институцијален, поради несогласување и презирање на негативностите кои што во текот на годините да речеме се насобрале во институцијата црква, но сепак си верник и со своите постапки и делување си да речеме богоугоден, сакал ти или не.
Припадниците на одредена религија кои што себеси се нарекуваат верници а при тоа не почитуваат основни морално-етички начела се институционални неверници. Тие сакале или не, сепак не се богоугодни.
Ме разбираш што сакам да кажам или пак те навредив?:cautious:

Цело време сакате да ја оцрнувате Црквата и незнам зошто не признавате некои придобивки од животно значење, за кои што е заслужна црквата и некои нејзини истакнати припадници. А такви има и тоа многу.
Црковни лица го описменија и образуваа овој народ во минатото. Кирил и Методиј, Климент и Наум ни дадоа (створија) такви силни корени кои што не држат до ден денешен да опстанеме.
Црквата и држењето во заедништво, помогнаа Македонецот да опстане и по вековни ропства.
Јазикот и верата се темелите на овој народ.
Колку сакате можете да ја негирате улогата на црквата денес (во слободна држава е многу лесно тоа) фактите се спротивни.
Зошто, едноставно се срамите од традицијата? Би ја навел како пример само еве „Галичка свадба“.
Тоа ни е традиција со векови. Немало Македонска држава, немало зкон за семејство и брак, окупаторот (не само турците туки останатите низ вековите) баш ги заболе по кои правила се склучувале браковите.
Но бракот одсекогаш се склучувал со една единствена цел, оформување на семејство со пород. Со деца наследници и продолжувачи на опстанокот на еден народ а при тоа и на целиот човечки род.

Денешниве модерни заедници имаат разни варијации на тема заедничи живот. Затоа според мене и цврсто стојам на ставот, дека не секое задничко живеење треба да се дефинира како брак.
Почитувањето на основните морално етички принципи при заедничкиот живот поради тоа што сте таков, односно ги имате вродени, и неможете да се однесувате поинаку е добра основа за брак и имање на традиционално семејсво. Семејството со деца по дифолт вклучува љубов. Ретки се идиотите кои немаат љубов кон своите деца. Постоењето на љубов е секогаш добра основа.( Да се самоцитирам „Јас сум верник, верувам во љубовта.“)

Стапување во брак и останување во него по прописи или нивно мало скришно виткање по потреба, поради страв дали од духовна (божја) казна или материјална од судот, (ќе ми земе пола куќа) се погрешни основи, темели, за опстанок на едно семејство.

Морав вака опширно да се објаснувам за да ми ја “фатите“ позицијата. ;)

Ако пак не ме разбра некој можеби и ќе се дообјаснам. Само не ми вадете од контекст делови. Ок?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Зошто не сакате да си признаете сами со себе дека поседувате религиски норми и правила, ...ништо страшно од тоа само подобар живот,никој нема да ве осудува,напротив ќе бидете благословени ....а вака само си се тешите дека не постои ништо ,сепак потсвеста ви зборува дека има ,но вашата суета не дозволува да се покорите ,па на некој начин барате оправдување,кажувате некои ваши лични правила за нас тешко прифатливи....
1. Верувај ми, драга Џули, ич не поседувам религиски (од која религија само мислиш не знам, ама од монотеистичкиве ќе речеме дека е) норми и правила. Да не набројувам, ама тие се косат со мојата логика и мојата природа и не ги почитувам.

2. Не знам кој ќе ме благослови, ниту пак што би значело тоа. А и не сум заинтересирана.

3. Нашите правила не се лични и субјективни (како што се на верниците) напротив се законски утврдени и потврдени, издржливи и докажливи. Не можете да се пофалите со тоа.... да, за вас се тешко прифатливи, зошто вие имате лични и субјективни, а не објективни и општоприфатени правила на однесување. Кои, по пат, ниту самите не ги почитувате, ама така знаете да си лажете самите себеси (ти не си богоугодна, не се потчинуваш на мажот, тоа го заклучивме).
--- надополнето: Oct 25, 2011 10:20 PM ---
Јас колку што знам не постои период од настанокот на Земјава па до денес каде што религијата не била застапена. Впрочем и археолошките истражувања го докажуваат тоа. Формата на религијата не е битна. Битно е тоа што речиси низ сите колку толку евидентирани обичаи во брска со бракот се кријат религиозни побуди.
Да, но тогаш доаѓаме до делот каде што ниту една монотеистичка религија не го измислиле бракот, туку го украле од митологијата, како и многу други работи.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
1. Верувај ми, драга Џули, ич не поседувам религиски (од која религија само мислиш не знам, ама од монотеистичкиве ќе речеме дека е) норми и правила. Да не набројувам, ама тие се косат со мојата логика и мојата природа и не ги почитувам.

2. Не знам кој ќе ме благослови, ниту пак што би значело тоа. А и не сум заинтересирана.

3. Нашите правила не се лични и субјективни (како што се на верниците) напротив се законски утврдени и потврдени, издржливи и докажливи. Не можете да се пофалите со тоа.... да, за вас се тешко прифатливи, зошто вие имате лични и субјективни, а не објективни и општоприфатени правила на однесување. Кои, по пат, ниту самите не ги почитувате, ама така знаете да си лажете самите себеси (ти не си богоугодна, не се потчинуваш на мажот, тоа го заклучивме).
--- надополнето: Oct 25, 2011 10:20 PM ---
Тоа дали сум јас богоугодна или не има кој да суди ,мислам вие сте последната која треба да кажувате....И не можете да тврдите што почитуваме или не ,но знам дека така е најлесно да се оправдате ...а Бог никаде не вика дека треба да сме потчинети не живееме во турско ропство ......да се почитува Да ,да се има подршка големо ДА ,да се жртвуваме еден за друг ДА ,да имаат неизмерна љубов сопружниците и тоа ДА,дека семејството е свето и тоа големо ДА ,да се има љубов за ближните и пријателите,да нема лицемерие и гнев...ДА . .Жената е благословена од Бог . Треба да се усовршува и гради , од Бог е награда да сте успешна жена во секој поглед ,а дека треба да се потчинеме тоа не го сфаќам,не е спорно дека сопругот го ставам на прво место ,никогаш не скокам пред него,секој збор е почитуван ...а потчинетоста сепак мислам ..не влегува во мојот контекст....И ние не се фалиме самите никогаш да ви е јасно ,многу е поубаво кога ќе ве пофали друг .....Тогаш сте блажени...поз
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ако пак не ме разбра некој можеби и ќе се дообјаснам. Само не ми вадете од контекст делови. Ок?
Мислам дека твојата дефиниција за брак е ептен фалична дека мора да се има предуслов дете за да биде оформен еден брак.
Што ако некој е верник и не сака да има деца во бракот , дали тоа значи дека тој исто така нема право на брак според тебе, зошто гледам овде ги спомуваш само атеистите со морални девијации.
Тој договор на нотар или некој правен субјект, не е возможен едноставно во ова општество во кое живееме сега. Прост пример ти е користење на право на здравствена заштита, ако немаш брак твојата соппруга или ти ако не си вработен го немаш тоа право, истото се однесува за финансирање на станови за брачни парови каде што мораш да имаш официјален документ и уште многу работи помали или поголеми.

Ипсисимус еднаш спомна, па ќе повторам за да биде појасно, атеистите знаат да љубат исто како и верниците, атеистите имаат морал исто како и верниците, единствената разлика е што на атеистите не им е потребна баба Рога за да го прават тоа по принципот стап и морков, тие имаат доволна развиена свест да направат дистинкција помеѓу морално и неморално, етички и нетички, ова се учи со читање и на други книги не само религиозни и практицирање на други вештини истоа така кој не се религиозни. (ова свати го како мој став, не ги застапувам сите)

За традицијата потполно се согласувам дека треба да се чуваат црквите и манастирите како дел од нашето културно наследство, и да се направи се за нивно зачувување. Лично јас секогаш донирам по некоја понезначителна сума кога ќе појдам на манастир за неговото одржување, и покрај тоа што МПЦ е крајно безобразна институција.
 
Прочитај го уште еднаш, ама сега полека и целосно, мојот пост.

Не е предуслов за брак да имаш дете, туку да САКАШ да имаш дете. Постојат парови што НЕ САКААТ да имаат деца.

Среќно семејство, МАЖ, Жена и ДЕЦА бесценето.
За се останато постои мастер кард.

Прочитај го двапати средниот дел од мојот пост, за моралот и етичките норми кај верниците и неверниците.
--- надополнето: Oct 26, 2011 9:17 AM ---
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Џули бе!
Не си го читај Писмото како сакаш.
Точно си пишува во него.... кое е местото на жената ,,да учи во тишина, да не подучува, да не се спротивставува....,,
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Прочитај го уште еднаш, ама сега полека и целосно, мојот пост.

Не е предуслов за брак да имаш дете, туку да САКАШ да имаш дете. Постојат парови што НЕ САКААТ да имаат деца.

Среќно семејство, МАЖ, Жена и ДЕЦА бесценето.
За се останато постои мастер кард.

Прочитај го двапати средниот дел од мојот пост, за моралот и етичките норми кај верниците и неверниците.
--- надополнето: Oct 26, 2011 9:17 AM ---
Изгледа дека имаме само поинакви ставови, не са работи за недоразбирање ама јас ќе се обидам да те разубедам:).
Јас потполно те разбрав што сакаше да напишеш, но ти се обрати кон атеистите како некоја посебна група која не би сакала дете во бракот, додека верниците не ги ни спомена, затоа јас само оставив можност за сомнеж дека има и верници кој не би сакале дете од икс причини.
Потполно те подржувам во твојата теза дека е бесценето да бидеме како гугучките на омотот за палома, арно ама некој тоа не го сакаат, и сакаат да живееат сами, парови без деца, ЛТБГ парови итн. Кој сме јас и ти како субјекти ако тие истите плаќаат даноци, такси на оваа држава од кој се градат згради за млади брачни парови, се лечиме во државни болници, мислам дека е фер и тие да ги уживаат истите права како и останатите кој се држат до формулата за брак со деца. во моментов тоа институциите не им го овозможуваат ако го немаат ќатипот.
Средниот дел ако мислиш за улогата на црквата во нашата држава, се согласувам делимично зошто овде имало и големи манипулации со грчки, бугарски, и српски цркви на кој единствена цел им била битисувањето на овој народ ама тоа е веќе муабет за во историја.
Во моментов црквата во Македонија е институција која врши грабеж на сопствениот народ, и нема никаква позитивна улога.
100 евра или половина просечна македноска плата за ритуал од 20 минути како венчавка и крштевка без разлика на имотната состојба на поединецот е грабеж за мене.
Овде имам видено магистри и доктори по право, економија, историја и останата фела кој живеат на работ на сиромаштијата и крпат месец за месец, додека немам видено ниту еден сиромашен поп.
Тоа доволно кажува за дрскоста и цените на нивните услуги, како и за МПЦ која го аминува тоа.
Значи муабетот ти е во ред со Климент и улогата на црквата, ама тоа е свршено минато време.

Ако се однесуваше средниот дел за твојата перцепција за верниците, тогаш да и јас сум верник зошто ги почитувам основните постулати на христијанството, арно ама тоа е само твоја перцепција, јас не можам да се декларирам како таков зошто не верувам во ништо трансцедентално.
 
P

Princ

Гостин
Ајде по ред
1. ич не поседувам религиски норми и правила. Да не набројувам, ама тие се косат со мојата логика и мојата природа и не ги почитувам.
Зошто тогаш на пост на темава напиша дека планираш да влезеш во брак со оној со кој планираш да имаш дете?Јас ќе ти го кажам моето гледиште од религиозна гледна точка, а ти од атеистичка гледна точка, па ваљда ќе постигнеме некаков консензус околу мислата дека атеистите селективно превзимаат религиски норми и правила, оние што им одговараат.
Значи според мене, религиски, има целосна смисла да планираш да влезеш во брак со оној со кој планираш да имаш дете. Ова не е ништо непознато. Сите свети книги велат нешто у стилу "влезете во брак со оној со кој планирате да имате дете". Верувам за оваа точка ќе се согласиш со мене, и нема и за ова да го тупиш. Ќе претпоставам дека ќе се согласиш со мене, и ќе продолжам. Е сега, зошто ти како атеистка, планираш да влезеш во брак со оној со кој планираш да имаш дете. Зошто? Што тебе те плаши да имаш дете со некој со кој уште не си во брак туку можеш да си бидеш во врска.
Ова е страшно, точно ти беше онаа која рече дека планираш да влезеш во брак со оној со кој планираш да имаш дете.

ЕДИТ: оригиналнио пост:
Јас би стапила во брак, иако не гледам ништо посебно во тоа. Би стапила во тој момент кога ќе сакам на сите да им кажам ,,е, баш со овој, ќе правам деца, одлучив,,.
Откако ќе одговориш на ова прашање, ќе преминам на второто, па и на третото ако добијам одговор на второто. Чисто да не се мачам џабе да куцам.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.033
Поени од реакции
83.466
Е сега, зошто ти како атеистка, планираш да влезеш во брак со оној со кој планираш да имаш дете. Зошто? Што тебе те плаши да имаш дете со некој со кој уште не си во брак туку можеш да си бидеш во врска.
Иако прашањево не е упатено кон мене, сметам дека единствениот логичен одговор кој атеист би можел да го има на прашањето - зошто го пријавува во матично заедничкото живеење, е исклучиво заради некакви практични причини, од типот на социјална сигурност на детето или нешто слично.
Но, еве ваљда ќе кажат...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Ајде по ред

Зошто тогаш на пост на темава напиша дека планираш да влезеш во брак со оној со кој планираш да имаш дете?Јас ќе ти го кажам моето гледиште од религиозна гледна точка, а ти од атеистичка гледна точка, па ваљда ќе постигнеме некаков консензус околу мислата дека атеистите селективно превзимаат религиски норми и правила, оние што им одговараат.
Значи според мене, религиски, има целосна смисла да планираш да влезеш во брак со оној со кој планираш да имаш дете. Ова не е ништо непознато. Сите свети книги велат нешто у стилу "влезете во брак со оној со кој планирате да имате дете". Верувам за оваа точка ќе се согласиш со мене, и нема и за ова да го тупиш. Ќе претпоставам дека ќе се согласиш со мене, и ќе продолжам. Е сега, зошто ти како атеистка, планираш да влезеш во брак со оној со кој планираш да имаш дете. Зошто? Што тебе те плаши да имаш дете со некој со кој уште не си во брак туку можеш да си бидеш во врска.
Ова е страшно, точно ти беше онаа која рече дека планираш да влезеш во брак со оној со кој планираш да имаш дете.

ЕДИТ: оригиналнио пост:

Откако ќе одговориш на ова прашање, ќе преминам на второто, па и на третото ако добијам одговор на второто. Чисто да не се мачам џабе да куцам.
Еве ти прост одговор, одговор даден еден трилион пати до сега, ама ти намерно го избегнуваш.
ЗАТОА ШТО МОЕТО ДЕТЕ ЌЕ ДОБИЕ НАЈМНОГУ БЕНЕФИЦИИ АКО Е СОЗДАДЕНО ВО БРАК.
БРАКОТ НЕ ГО ИЗМИСЛИЈА РЕЛИГИИТЕ.

ОВА Е ЗАКЛУЧЕНО.

Следно прашање?
--- надополнето: Oct 26, 2011 6:33 PM ---
Јас повеќе не пишувам тука зошто мислењето на Мачорка е избришано, а вие селективно си правите муабети со истомисленици.
Поздрав уживајте си во дискусијата.

<< Едит од Princ: Мачорка сама го избриша постот и PurplePuma сепак ќе учествува во дискусијава дур сака и може >>
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Еве ти прост одговор, одговор даден еден трилион пати до сега, ама ти намерно го избегнуваш.
ЗАТОА ШТО МОЕТО ДЕТЕ ЌЕ ДОБИЕ НАЈМНОГУ БЕНЕФИЦИИ АКО Е СОЗДАДЕНО ВО БРАК.
БРАКОТ НЕ ГО ИЗМИСЛИЈА РЕЛИГИИТЕ.

ОВА Е ЗАКЛУЧЕНО.

Следно прашање?
--- надополнето: Oct 26, 2011 6:33 PM ---
Јас повеќе не пишувам тука зошто мислењето на Мачорка е избришано, а вие селективно си правите муабети со истомисленици.
Поздрав уживајте си во дискусијата.
Не сакам да ја негирам твојата порака само да ја проширам со моите видувања.
Точно е дека бракот не го измислиле религиите, но исто така е точно и дека тие многу помогнале бракот да се прошири и видоизмени, а со тоа и да се задржи како форма на здружување која денес ни е блиска и секојдневна. Сепак, ни под разно бракот не го поистоветувам со религијата, ниту било кој има право тоа да го прави ... ок, има право, но греши :)
Од бракот имаат придобивки сите, но не верувам дека детето има најголеми. Замисли дете кое е сакано од двајца родители, тоа ќе биде сакано без разлика дали постои брак или не. А онаа лошата варијанта, ако не е сакано, нема многу да му биде ублажена ако е родено во брак. Од друга страна, размисли за позицијата на родителите кои имаат дете кое не е родено во брак. Во тој случај нивното родителско право (нормално и обврска) па колку и да го сакаат своето дете и тоа како може да биде оспорено и негирано.

Како и да е, иако се согласувам, не верувам дека нешто воопшто е заклучено :)
 
Од аспект на државата, и бенефициите на државата, подобро му е да е брачно.
Од социјален аспект, и деца на разведени родители можат да бидат повеќе сакани од брачни деца.

А баш ме интересира, еве нека се јават муслиманите, како се среќни нивните ќерки (во Македонија нема толку традиционални христијански семејства, затоа и ги земам муслиманите како пример) кога се бира маж за нив, кога многу тоа не смеат.
Јас имам пријателки муслиманки кои живеат сосема опуштено, нормално, но со нас студираат девојки кои пред факултет ги чека братот да ги однесе дома, оти вереникот ќе мисли дека се ,растурени, ако пијат кафе со колегите.

Ако веќе зборуваме за среќата на децата, под притисок на религијата - не се среќни.
Ако зборуваме за бенефиции од државата - во брак добиваат најмногу.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Ајде по ред

Зошто тогаш на пост на темава напиша дека планираш да влезеш во брак со оној со кој планираш да имаш дете?Јас ќе ти го кажам моето гледиште од религиозна гледна точка, а ти од атеистичка гледна точка, па ваљда ќе постигнеме некаков консензус околу мислата дека атеистите селективно превзимаат религиски норми и правила, оние што им одговараат.
Значи според мене, религиски, има целосна смисла да планираш да влезеш во брак со оној со кој планираш да имаш дете. Ова не е ништо непознато. Сите свети книги велат нешто у стилу "влезете во брак со оној со кој планирате да имате дете". Верувам за оваа точка ќе се согласиш со мене, и нема и за ова да го тупиш. Ќе претпоставам дека ќе се согласиш со мене, и ќе продолжам. Е сега, зошто ти како атеистка, планираш да влезеш во брак со оној со кој планираш да имаш дете. Зошто? Што тебе те плаши да имаш дете со некој со кој уште не си во брак туку можеш да си бидеш во врска.
Ова е страшно, точно ти беше онаа која рече дека планираш да влезеш во брак со оној со кој планираш да имаш дете.

ЕДИТ: оригиналнио пост:

Откако ќе одговориш на ова прашање, ќе преминам на второто, па и на третото ако добијам одговор на второто. Чисто да не се мачам џабе да куцам.
Добро, а каква врска има ова што го зборуваш, со темата која што си ја започнал - Бракот и атеистите? Не за друго, туку претходно реков дека темава е тотална утка, од старт поставена. Зошто ги делиш луѓето на религиозни и атеисти, па врз основа на тоа и бракот како институција со атеистите? Имаше еден дечко со ник Легионер, он даде одлични и кратки објаснувања за бракот, така да треба да се држиш за тоа, ако воопшто нешто сакаш да полемизираш за бракот, па и за атеистите (иако мислам дека излишно е што нив ги делиш како некоја група - знаеш како некоја нерелигиозна секта - за што мислам дека е апсурдно)...

Али глеам дека темава ептен забега.. така да како сакаш....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom