VoniVaraS
Искусен :)
- Член од
- 20 април 2009
- Мислења
- 543
- Поени од реакции
- 328
Ааах и ти ли сине Дибек.Фино што си пишувал. Лесно ќе поминам преку навредите од типот „материјалистички копилиња“ пошто сум отрпнат.
Него, де кажи ми, кој ти е тебе аргументот во овој пост?
Дека Бракот е религиозна институција? Дека не е религиозна институција?
Дали се сложуваш со Лурц дека монотеистичките религии го дефинирале бракот?
Мислам, читам-читам и не можам да ти фатам позиција. Јасно ми е едино дека не го разбираш граѓанскиот брак како институција пошто ми предлагаш да живеам во вонбрачна заедница. Што никако не е исто.
Де, пробај да ја објасниш својата позиција во контекст на темава, плиз.
Еве се корегирам. Атеистите на форумов не се материјалисти туку селективни читачи на постови.
Извинете за “навредливата“ шега.
Јас во мојот пост напишав дека:
Бракот е и општествена институција, заснована како договор помеѓу сопружниците со одредени правила, прописи и обврски кои произлегуваат од тој доброволно склучен договор, помеѓу двајца, пред официјано лице матичар, во присуство на двајца сведоци. Добро го дефинирав граѓанскиот брак?
Духовното поврзување помеѓу двајца кое се врши во црква не е задолжително и обврзувачко туку избор и договор на двајцата идни брачни другари.
Во мојата дефиниција, лична, за брак сепак има еден предуслов. Двајца, ТРЕБА да стапат во брак ако и само ако, сакаат да оформат семејство со ДЕЦА. МАЖ, ЖЕНА и минимум едно ДЕТЕ е семејство кое има потреба и морална и материјална од институцијата брак. Тоа и го напишав предходно но кој да прочита.
Јас тебе ниту било кој друг не советував да живеете во вонбрачна заедница. Колку што се сеќавам ти си женет и имаш дете (или деца) така?
Двајца кои што да речеме се сакаат и живеат заедно, а при тоа не сакаат да оформат семејство со деца (доволни си се еден на друг) немаат апсолутно никаква потреба од БРАК и венчавки во црква или матично. Граѓанска унија, договор некаков на нотар или сл. во целост може да им ги покрие правните аспекти од нивното заедничо жвеење. Како што и пишав предходно (но кој да чита) тука спаѓаат и ЛГБТ групациите ко што по ниеден основ не можат да влезат во потесниот круг на дефиницијата на традиционално семејство.
Во денешно време се дефинираа нели неколку видови на врски и заеднички соживот со некој: во брак, во цивилна унија, итскомпликејтет (ако има и трето лице) и слично.Секој си избира што најмногу му одговара.
Околу тоа кој е “авторот“ на бракот не едноствно да се одговори бидејќи од многу одамна се имаат измешано државните со религиските правила и обврски во бракот и семејството.
Еве на пример ако ти кажам дека јас и тебе те сметам за верник, ти ќе ми се смееш.
Но ако: не крадеш, не лажеш, кога има потреба некој му излегуваш во пресрет и му помагаш во рамките на своите можности... и слични вакви морално етички правила, да не набројувам, ги почитуваш, ти за мене си верник. Вон институцијален, поради несогласување и презирање на негативностите кои што во текот на годините да речеме се насобрале во институцијата црква, но сепак си верник и со своите постапки и делување си да речеме богоугоден, сакал ти или не.
Припадниците на одредена религија кои што себеси се нарекуваат верници а при тоа не почитуваат основни морално-етички начела се институционални неверници. Тие сакале или не, сепак не се богоугодни.
Ме разбираш што сакам да кажам или пак те навредив?
Цело време сакате да ја оцрнувате Црквата и незнам зошто не признавате некои придобивки од животно значење, за кои што е заслужна црквата и некои нејзини истакнати припадници. А такви има и тоа многу.
Црковни лица го описменија и образуваа овој народ во минатото. Кирил и Методиј, Климент и Наум ни дадоа (створија) такви силни корени кои што не држат до ден денешен да опстанеме.
Црквата и држењето во заедништво, помогнаа Македонецот да опстане и по вековни ропства.
Јазикот и верата се темелите на овој народ.
Колку сакате можете да ја негирате улогата на црквата денес (во слободна држава е многу лесно тоа) фактите се спротивни.
Зошто, едноставно се срамите од традицијата? Би ја навел како пример само еве „Галичка свадба“.
Тоа ни е традиција со векови. Немало Македонска држава, немало зкон за семејство и брак, окупаторот (не само турците туки останатите низ вековите) баш ги заболе по кои правила се склучувале браковите.
Но бракот одсекогаш се склучувал со една единствена цел, оформување на семејство со пород. Со деца наследници и продолжувачи на опстанокот на еден народ а при тоа и на целиот човечки род.
Денешниве модерни заедници имаат разни варијации на тема заедничи живот. Затоа според мене и цврсто стојам на ставот, дека не секое задничко живеење треба да се дефинира како брак.
Почитувањето на основните морално етички принципи при заедничкиот живот поради тоа што сте таков, односно ги имате вродени, и неможете да се однесувате поинаку е добра основа за брак и имање на традиционално семејсво. Семејството со деца по дифолт вклучува љубов. Ретки се идиотите кои немаат љубов кон своите деца. Постоењето на љубов е секогаш добра основа.( Да се самоцитирам „Јас сум верник, верувам во љубовта.“)
Стапување во брак и останување во него по прописи или нивно мало скришно виткање по потреба, поради страв дали од духовна (божја) казна или материјална од судот, (ќе ми земе пола куќа) се погрешни основи, темели, за опстанок на едно семејство.
Морав вака опширно да се објаснувам за да ми ја “фатите“ позицијата.
Ако пак не ме разбра некој можеби и ќе се дообјаснам. Само не ми вадете од контекст делови. Ок?