Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Може некој да стави студии, предавања, документарци (добри) за Уран и Нептун ?

:)
Ако не те мрзи да читаш, имаш добри статии на Википедија. Мислам дека во било кој документарец нема да најдеш нешто повеќе за тие две планети отколку на Википедија.
Уран и Нептун се најмалку истражени планети и за нив се знае најмалку. Посетени се единствено од Војаџер 2 и сите поголеми откритија што се имаат направено за нив, се баш од Војаџер 2.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949

Тоа Космос е списание или...?Порано излегуваше Вселена од Ѓоре ценев,ама го нема неколку години.

Што штампа има кај нас,по можност на некој попознат јазик?
„Космос“ е документарната серија на Карл Саган од 70-ти, која со нови податоци и понапредна продукција веќе е добар дел снимена и најавена е во март да започне да се емитува на FOX. Сега наратор е директорот на Хајден планетариумот во Њујорк, астрофизичар и еден од најголемите „промотори“ на науката во денешно време. Уште познат и по
 
Член од
7 август 2010
Мислења
150
Поени од реакции
50
Има ли нешто, некоја агенција во Македонија што се занимава со истражуване на вселената или ние немаме такви работи?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.270
Поени од реакции
15.386
Планета доаѓа кон Земјата- доаѓаат земјотреси, цунами ...?
Радио станицата Турнер, го пренесува предупредувањето на д-р Каплан, за планетата која наводно доаѓа кон Земјата. Според неговите зборови, објектот чии димензии се со големина на планета, ќе се доближи до Земјата во август 2014 година

Д-р Каплан, исто така наведува дека пред да се доближи планетата, на Земјата ќе се почувствува влијание поради гравитацијата на тоа небесно тело. Радио станицата разговарала за овој случај со други геолози и астрономи, кои потврдиле дека, доколку пресметката на д-р Каплан е точна, Земјата ќе се соочи со страшни непогоди. Се ќе започне со временски аномалии. Потоа ќе се зголеми бројот на земјотреси и вулкански ерупции затоа што магмата од земјата ќе биде привлечена од гравитацијата на другата планета.

Експертите рекле дека ќе дојде до страшни цунами до 1.000 метри височина, кои ќе се движат со брзина од 1.200 километри на час. А кога оваа планета ќе биде во најблиската точка во однос на Земјата, во август 2014, на Земјата ќе се прошират разорувањата поради поместувањето на тектонските плочи. Еден од експертите наведе дека во зависност од гравитацијата на таа планета и аголот на приближување, самата ротација на земјта ќе може да биде целосно застаната.

Д-р Каплан, предупреди дека приближувањето и поминувањето на оваа планета во целост ќе ја сменат површината на Земјата, што за нас е непознато.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=31066
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.270
Поени од реакции
15.386
од толку телескопи на земјава,ништо де сега не излезе.ама ај,нека се чуе и ова
 
Член од
7 август 2010
Мислења
150
Поени од реакции
50
E дал и координати сите да гледат, ако има шо да видат
Right Ascension: 04 hrs. 08 Min. 08 Sec.

Declination: 60 degrees 56 arc min. 43 arc sec.
 
S

Sagan

Гостин
На која висина се сателитите?


Геосинхронизираните и геостационираните сателити се наоѓаат на висина над Земјата од 35.800 километри. Тие секогаш се наоѓаат во иста точка во однос на некое место на Земјата и ваквите сателити се најчесто телекомуникациски (телевизија преку сателитска антена). Колку за споредба, дијаметарот на Земјата е 12.740 километри, што значи дека тие се оддалечени скоро три Земјени дијаметри (на сликата: линијата која го дели зелениот од црвениот дел т.е. средната од високата орбита).



Нешто пониско, на околу 20.350 километри од површината на Земјата, се наоѓаат GPS сателитите. Тие прават еден круг за 12 часа.

Поларно орбитирачките сателити кружат на висина од 700 па се до 1.700 километри, додека сончево-синхронизираните на висина од 600 до 800 километри.

Астрономскиот сателит Хабл е на висина од 595 километри, додека Меѓународната вселенска станица на 340 километри.

Првиот вештачки сателит Спутник кружел на висина од 215 километри, а комерцијалните авиони обично летаат на висина од 10 до 12 километри.

Постојат неколку вида на сателити според намената:
  • Вселенски станици - во нив живеат луѓе.
  • Вселенски бродови - сателити-летала со кои може да се стигне до вселенска станица и да се врати назад до Земјата.
  • Вселенски капсули.
  • Временски сателити - за следење на климата и временската состојба.
  • Опсервациони сателити - за невоено набљудување на животната средина на Земјата, изработка на мапи.
  • Разузнавачки сателити - ги користат владини воени и разузнавачки агенции, класифициран тип.
  • Навигациони сателити - GPS, Galileo.
  • Комуникациски сателити - сателитска телефонија и телевизија.
  • Биосателити - носат живи организми заради научни цели.
  • Астрономски сателити - за набљудување на други планети и галаксии.
  • Анти-сателитско оружје - сателити специјализирани за уништување на воени глави и сателити.
 
Последно уредено од модератор:

Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
270
Поени од реакции
111
Еве ви стриминг во живо од Интернационалната вселенска станица, работи 24/7 со почеток од вчера. Можете да гледате што се случува на неа во секој момент...
http://www.iflscience.com/space/live-international-space-station
 

The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Откриена нова џуџеста планета. Оддалечена е 80 пати од растојанието помеѓу земјата и сонцето, подалеку отколку претпоставуваниот крај на сончевиот систем. Според орбитата се претпоставува дека во близина на новава планета има друга, многу поголема (10 пати од големината на Земјата).
“This is an extraordinary result that redefines our understanding of our solar system,” said Linda Elkins-Tanton from Carnegie’s Department of Terrestrial Magnetism.
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Еј да, денеска е објавено откритие дека е забележан ПРСТЕН ОКОЛУ АСТЕРОИД! Што е доста wow откритие знаејќи дека досега прстени се детектирани само на огромни планети како Сатурн, Јупитер, Уран и Нептун.

http://www.eso.org/public/news/eso1410/
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.270
Поени од реакции
15.386
Откриена нова џуџеста планета. Оддалечена е 80 пати од растојанието помеѓу земјата и сонцето, подалеку отколку претпоставуваниот крај на сончевиот систем. Според орбитата се претпоставува дека во близина на новава планета има друга, многу поголема (10 пати од големината на Земјата).
“This is an extraordinary result that redefines our understanding of our solar system,” said Linda Elkins-Tanton from Carnegie’s Department of Terrestrial Magnetism.

непрочитав,оваа планета врти околу нашето сонце?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.270
Поени од реакции
15.386
значи штом врти околу сонцето,припаѓа на сончевиот систем без оглед на далечината.ако оваа планета(или повеќе планети) се поголеми од Плутон,мора да се додадат на списокот на другите планети во сончевиот систем
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
значи штом врти околу сонцето,припаѓа на сончевиот систем без оглед на далечината.ако оваа планета(или повеќе планети) се поголеми од Плутон,мора да се додадат на списокот на другите планети во сончевиот систем
Дефиницијата за планета на IAU е јасна:
Планета е:
-секој објект кој орбитира околу Сонцето со дијаметар поголем од 2000 км
-има доволно маса за хидростатичка рамнотежа (кружна форма)
-го има "исчистено" соседството (нема други тела во близина со кои ја дели орбитата околу Сонцето)

Новооткриениот објект не исполнува два од погоре наведените услови. Што значи треба да се смести во друга категорија, најверојатно планетоид.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom