На која висина се сателитите?
Геосинхронизираните и
геостационираните сателити се наоѓаат на висина над Земјата од 35.800 километри. Тие секогаш се наоѓаат во иста точка во однос на некое место на Земјата и ваквите сателити се најчесто телекомуникациски (телевизија преку сателитска антена). Колку за споредба,
дијаметарот на Земјата е 12.740 километри, што значи дека тие се оддалечени скоро три Земјени дијаметри (на сликата: линијата која го дели зелениот од црвениот дел т.е. средната од високата орбита).
Нешто пониско, на околу 20.350 километри од површината на Земјата, се наоѓаат GPS сателитите. Тие прават еден круг за 12 часа.
Поларно орбитирачките сателити кружат на висина од 700 па се до 1.700 километри, додека сончево-синхронизираните на висина од 600 до 800 километри.
Астрономскиот сателит Хабл е на висина од 595 километри, додека Меѓународната вселенска станица на 340 километри.
Првиот вештачки сателит Спутник кружел на висина од 215 километри, а комерцијалните авиони обично летаат на висина од 10 до 12 километри.
Постојат неколку
вида на сателити според намената:
- Вселенски станици - во нив живеат луѓе.
- Вселенски бродови - сателити-летала со кои може да се стигне до вселенска станица и да се врати назад до Земјата.
- Вселенски капсули.
- Временски сателити - за следење на климата и временската состојба.
- Опсервациони сателити - за невоено набљудување на животната средина на Земјата, изработка на мапи.
- Разузнавачки сателити - ги користат владини воени и разузнавачки агенции, класифициран тип.
- Навигациони сателити - GPS, Galileo.
- Комуникациски сателити - сателитска телефонија и телевизија.
- Биосателити - носат живи организми заради научни цели.
- Астрономски сателити - за набљудување на други планети и галаксии.
- Анти-сателитско оружје - сателити специјализирани за уништување на воени глави и сателити.