Судирот на галаксии е неизбежен
Според мерењата на астрономите, за 4 милијарди години Млечниот Пат ќе се судри со соседната галаксија Андромеда. НАСА подготви и видео симулација на блиската средба
По судирот со Андромеда, Млечниот Пат дефинитивно ќе претрпи големи промени: Сонцето најверојатно ќе биде преместено во друг регион од нашата галаксија, но на Земјата и сончевиот систем не им се заканува уништување.
Астрономите дошле до ова сознание според резултатите од мерењето на движењето на Андромеда со специјален телескоп. Во моментов галаксијата е оддалечена од Млечниот пат 2,5 милиони светлосни години, но поради влијанието на гравитацијата кај двете галаксии, судирот е неизбежен.
„После речиси еден
век шпекулации за иднината на Андромеда и нашиот Млечен Пат, конечно имаме јасна слика за тоа како ќе се развиваат настаните во следните милијарди години“, изјави Сангмо Тони Сон од Space Telescope measurements.
Компјутерските симулации на НАСА покажуваат дека по судирот ќе бидат потребни уште две милијарди години за двете галаксии потполно да се спојат со помош на силата на гравитацијата, оформувајќи нова елиптична галаксија.
Иако галаксиите ќе се судрат, нема да дојде до судир на ѕвездите во нив. Сепак, ѕвездите ќе бидат фрлени во различни орбити околу новиот галактички центар, а нашиот соларен систем најверојатно ќе биде преместен на место многу оддалечено од денешното.
На
линкот има и видеа (извор он.нет)