Џанибеков e астронаут и мислам дека има летано на две мисии. На видеото објаснува како во една прилика навојната шипка со навртки со крилца, која била стандарден елемент за зацврстување на подвижни товари на станицата Сојуз, га одвртел со удар..ко пропелер, што секој од нас го направил со штраф и мутер....при што навртката со крилца и кога се одвртела од шипката... ротирајќи продолжила понатака, заради бестежинската состојба.. во права линија.
Но на негово изненадување после 40 см. ја праи онаа петља која на видеото и графички е исцртана и се превртува за 180 степени задржувајки го правецот на движење и смерот на ротација. На следните 40 см се повторува појавата. Направено е топче од некоја заптивна маса која ја имал при рака.., тој спомнува пластелин, околу штрафот и правеле повторни проби. Сеа топчето , во иста каденца од 40 см. ја менувала страната . Бидејќи на основа на поларитетот на железна магма во земјините слоеви е одредено дека на 12.000 години Замјата се завртува во однос на оската на ротација за 180 степени при што север станува југ и обратно нашле некоја аналогија со ова топчево. Дали е тоа тоа, а не само некоја жироскопска финта појма немам. Има многу шпекулации , но воглавно науката ќути и нема коментар, барем јас не сум го слушнал. Целта приказна е позната како ефектот на Џанибеков
Во секој случај , ако некое утро сонцето излеза на нашиот запад, ќе знаеме дека тоа се случило..., малку е веројатно дека ќе се забележат други знаци...освен може би некои осцилации на Месечевата орбита и чудно интензивни плими и осеки , бидејќи при таа промена ЗЕМЈАТА не го менува правецот на ротација ..т.е нема момент на запирање на ротацијата..
