Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Ќе има ли пренос на нет од слетувањето на Curiosity на Марс???
Ќе има на НАСА ТВ http://www.nasa.gov/multimedia/nasatv/index.html
но што ќе дадат останува да видиме, најверојатно од ЈПЛ од каде се управува со мисијата. Има поставено камера која ќе го снима самото спуштање. Дали самото спуштање ќе го дадат преку директен пренос или снимката ќе се емитува одложено. Овде има одбројување до слетувањето http://getcurious.com/.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Ќе има ли пренос на нет од слетувањето на Curiosity на Марс???
Би требало да има некаков пренос од НАСА. Слетувањето треба да се случи на 5ти Август (или најверојатно 6ти според Македонско време, не сум сигурен)

Не знам дали постојат камери на Кјуриозити кои ќе ги снимаат целосно слетувањето (би било скоро невозможно да се снима влегувањето во атмосферата заради огромната температура), но со голема сигурност орбитерите (моментално три) околу Марс нема да го снимат тоа со камера.

Патем, постои каснење од 14 минути заради времето потребно на сигналот да го помине растојанието Марс-Земја.
Тука се вклучени и седумте минути "терор", каде кога НАСА ќе го добие сигналот дека леталото навлегува во атмосферата на Марс, самиот ровер е веќе слетан на површината, но не се знае дали успешно или не.

Како досега најкомплицирана и најскапа мисија некогаш испратена на Марс, самите 7 минути од слетувањето се најбитните од целата мисија. Од тоа зависат многу нешта и евентуално неверојатни откритија.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Слетувањето на Curiosity трба да се случи во 7.30 понеделник по наше време, значи утре од сабајле.
Мене ми се чини дека слетувањето по комплицирано и да сакаа неможеа да го направат. Незнам зошто толку луксузи си дозволија, спуштање со сајли од летечка положба. Требаше да играат на старата карта, со воздушни перници.

Како и да е, ќе знаеме утре што точно се десило, според мене шансите да заебаат се 50-50%.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Мене ми се чини дека слетувањето по комплицирано и да сакаа неможеа да го направат. Незнам зошто толку луксузи си дозволија, спуштање со сајли од летечка положба. Требаше да играат на старата карта, со воздушни перници.
Although some previous missions have used airbags to cushion the shock of landing, Curiosity rover is too heavy for this to be an option.
http://en.wikipedia.org/wiki/Mars_Science_Laboratory#Landing

Како и да е, ќе знаеме утре што точно се десило, според мене шансите да заебаат се 50-50%.
Околу 30% за успешно слетување врз база на историски податоци (што не значи дека е навистина 30% веројатноста за успех, со времето луѓето учат од грешките:icon_mrgr: )
http://www.wired.com/wiredscience/2012/08/failure-to-reach-mars/?pid=4490&viewall=true
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Како и да е, ќе знаеме утре што точно се десило, според мене шансите да заебаат се 50-50%.
Поради ваквите шанси за успех/заеб требаше да пратат 2 ровери како во случајот со Опортунити и Спирит.
Некако премногу самоуверени се одговорните во Наса, а тоа не е на арно.

Во секој случај утре стегаме палци за успех.(y)
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Слетувањето на Curiosity трба да се случи во 7.30 понеделник по наше време, значи утре од сабајле.
Мене ми се чини дека слетувањето по комплицирано и да сакаа неможеа да го направат. Незнам зошто толку луксузи си дозволија, спуштање со сајли од летечка положба. Требаше да играат на старата карта, со воздушни перници.

Како и да е, ќе знаеме утре што точно се десило, според мене шансите да заебаат се 50-50%.
Не може поинаку затоа што роверот е многу тежок, 900 кг. Тие предходните мисии со воздушни перници се многу полесни, тоа со сајлите е само во последната фаза, за да слета меко се користат многу техники. Од топлотен штит (почетната брзина е 21 000 km/h) , до падобрани, реактивни мотори за слетување и на крај доаѓа небескиот кран, ова никогаш до сега не е применето и се разбира дека е многу ризично.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Браво!

Кој го интересира може да гледа во живо што се дешава во НАСА, има неколку нови слики
http://www.ustream.tv/NASAJPL
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Како нашите медиуми известија за слетувањето :)

Вест
Кјуриосити полека, нежно и длабоко пенетрираше во кратерот на Марс

Курир
Претседателот лично испрати телеграма до НАСА во која ја поздравува мисијата на Марс (намиг)

Плус Инфо
Груевски одби да го следи слетувањето на Марс, со што повторно ги минираше преговорите за името

Вечер
Шокантно! Соросоиди видени во близина на Хјустон. Дали тоа мисијата на Кјуриосити е загрозена?

Фокус
Скандал: Пратеник од власта разменува СМС пораки со инженерка на НАСА

Алфа ТВ
Љубе Бошкоски ѝ се извини на Венера

Сител
„Малечката невеста” сепак најгледана. Ни преносот од слетувањето на Марс не им го крена рејтингот на конкурентните телевизии

Дневник
Слетувањата на Месечината од времето на БЦ беа пропратени со скандали и корупција!

Собраниски канал
Слетувањето одложено за 45 минути

Канал 5
Го прекинуваме емитувањето на „Кум 2” за да се вклучиме во преносот на слетувањето на Кјуриосити

МТВ
Поздрав од емисијата Интергалактички џубокс до дијаспората! СЛЕТАФНЕ!

КРТ
Иван Исцелител ја откажа вечерната емисија. Кјуриосити му влезе у седмата куќа

БТР
БТР ви посакува пријатни мигови со песната „Марс, Mарс секси ајс” и групата Секси Кјур и Оси

Свет
Оваа ѝ кажала на онаа „Дечко ти е ко паднат од Марс” и се скарале, а биле најбољи другарки!!!! Хелооооу!

Крема
И? Каде се бугарските матурантки?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Одлично, најскапата мисија во историјата на истражувањето на Марс, вредна 2,5 милијарди долари успешно слета.
Предвидено е мисијата да трае 1 Марсова година, или скоро 2 Земјини, но имајќи предвид дека роверот користи нуклеарен погон, тој може да "вози" по Марс и во наредните 30 години. Или се додека не го заменат луѓе. :)
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Одлично, најскапата мисија во историјата на истражувањето на Марс, вредна 2,5 милијарди долари успешно слета.
Предвидено е мисијата да трае 1 Марсова година, или скоро 2 Земјини, но имајќи предвид дека роверот користи нуклеарен погон, тој може да "вози" по Марс и во наредните 30 години. Или се додека не го заменат луѓе. :)
Според најнови истражувања со технологии и технолошки концепти, би требало да имаме функционална човечка колонија на Марс до 2030 година.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Според најнови истражувања со технологии и технолошки концепти, би требало да имаме функционална човечка колонија на Марс до 2030 година.
Да се надеваме.

Технологија за лансирање луѓе на Марс постои одамна, но не постојат финансиски средства. :)
Ако не колонија до 2030, ќе видиме барем една човечка експедиција до Марс.

Кога ќе стапне човек на Марс, цела работа (истражување) што може да ја заврши роверот за една година, човекот може да ја заврши за неколку дена.

Патем, максималната брзина на Кјуриозити е 90 метри на час, а просечната се претпоставува дека ќе биде 30 метри на час. Што значи во текот на еден ден може да помини околу 700 метри, што е значително повеќе од било кој ровер досега.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Одлично, најскапата мисија во историјата на истражувањето на Марс, вредна 2,5 милијарди долари успешно слета.
Предвидено е мисијата да трае 1 Марсова година, или скоро 2 Земјини, но имајќи предвид дека роверот користи нуклеарен погон, тој може да "вози" по Марс и во наредните 30 години. Или се додека не го заменат луѓе. :)
Добро тој нуклеарен погон неможе да се вгради во автомобил? Штом успешно го однесоа до марс ондак е безбеден.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Добро тој нуклеарен погон неможе да се вгради во автомобил? Штом успешно го однесоа до марс ондак е безбеден.
Производството на горивото (плутониум) трае неколку години само за една мисија (десетина килограми).
Плутониумот е радиоактивен и се распаѓа многу брзо ослободувајќи топлина (ако фатиш топка од плутониум таа е топла), а од таа топлина се произведува струја која ги напојува инструментите на вселенските летала.
Ослободената енергија не е доволна за обично возило тука на Земјата. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom