Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување
Член од
22 септември 2011
Мислења
12
Поени од реакции
3
Полека ама сигурно сликата за структурата на космосот кога се зборува за големи размери станува се појасна. Иако во науката е опасно да се зборува за конечни и апсолутни вистини, сепак можеме да кажеме дека ја насетуваме „големата скица“ или „планот на градба“.

Уште од 1938 година астрономите оперираат со поимот на темна материја. Од 1998 година се појави и еден друг поим, наречен темна енергија. Зборуваме за темни нешта бидејќи тие се тоа – не емитуваат не само светлина, туку и било какво електромагнетно зрачење. Но, бидејќи ништо не може да и избега на гравитацијата, и темната енергија и темната материја се поврзании со неа. Темната материја реагира на гравитационите полиња, а и самата е извор на гравитационо поле. Се смета дека најверојатен кандидат за темна материја се некои сеуште неоткриени елементарни честички. Темната енергија е нешто поинаква. Таа е повеќе дел на „позадината“ на универзумот, својство на самото простор – време. Одговорна е и за забрзувањето на ширењето на универзумот. Процентуално, универзумот се состои од околу 70% темна енергија и околу 20% темна материја. Се останато е обична материја: гас, прашина, ѕвезди, планети и самите ние.

DMSimulation.gif (284×255)

--- надополнето: Sep 22, 2011 12:47 AM ---
hfghg
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Раширеното мислење во научните кругови дека диносаурусите изумреле откако Земјата ја погодил џиновски астероид, можеби и не е точно.

Сè до пред неколку дена на сила беше претпоставката од студијата објавена во 2007 година во часописот „Nature“, според која за смртта на диносаурусите виновен е фрагмент од џиновскиот астероид Баптистина.
Новите научни откритија покажуваат дека тоа едноставно е невозможно.
НАСА утврдила дека астероидот Баптистина се распаднал пред 80 милиони години, што на остатоците не им дава доволно време да дојдат до Земјата и да го предизвикаат ударот што ги уништил диносаурусите пред 65 милиони години.

„Изворната калкулација со видлива светлина ја процени големината и рефлективноста на астероидот од семејството Баптистина, што доведе до проценката на нивната старост, но сега знаеме дека тие проценки биле погрешни. Благодарејќи на инфрацрвената светлина успеавме да дојдеме до подобри резултати“, вели Линди Џонсон од НАСА.

http://kajgana.com/asteroidot-baptistina-sepak-ne-gi-ubil-dinosaurusite
 
B

Black Guard

Гостин
Уште од 1938 година астрономите оперираат со поимот на темна материја
Само колку за инфо темната материја е всушност неутрино и ова е докажано покрај неутриното има и неколку хипотетички честици за кои се смета дека се темна материја но за нив нема доказ.
 
S

Sagan

Гостин
29.09.2011
Кина денеска ja лансираше капсула која треба да го подготви патот за стационирање постојана станица во Вселената. Тијангонг еден или Небеска палата е лансирана од пустината Гоби во пресрет на Националниот ден на Кина. Предвидено е во станицата по неколку месеци да престојуваат астронаути. Доколку се покаже успешно до 2012 година ќе и се придружат и две вселенски летала со по еден астронаут.

 
S

Sagan

Гостин
04.10.2011
Наградата им е доделена на американските научници Сол Перлмутер и Адам Рајс и Австралиецот Брајан Шмит за откривањето на забрзаното ширење на вселената со набљудување експлозија на супернова.

Нобеловата награда за физика им е доделена за нивната работа во областа на космологија - проучување на вселената, објави денеска, Нобеловиот комитет на Кралската шведска академија на науките. Сол Перлмутер, Брајан Шмит и Адам Рајс го добија одликувањето за нивните истражувања на полето на проширувањето на веселната. Проучувајќи ги ѕвездите што експлодираа тие открија дека вселената се шири со се’ побрзо темпо, соопшти Кралската академија во Стокхолм.

Имињата на Перлмутер, Рајс и Шмит во текот на изминатите години, вклучително и годинава, секогаш беа посочувани како едни од најсериозните кандидати за највисоките научни награди. Така, на сегашните нобеловци во 2007 година им беше доделена наградата Грубер, најпрестижната награда во светот во областа на космологијата. DW
 
Член од
22 септември 2011
Мислења
12
Поени од реакции
3
ВСЕЛЕНСКО ЛЕТАЛО НА ИДНИНАТА





Основачот и претседател на SpaceX, Елон Маск, ги открил плановите на компанијата за ставање во функција на ново вселенско летало кое ќе може да се користи повеќепати, затоа што ќе има контролирано слетување. Тоа ќе биде и првиот чекор во насока на колонизирање на Марс.


 
S

Sagan

Гостин
Ахмадинеџад не успеа да стигне до вселената

Иранските власти вчера објавија дека обидот да испратат мајмун во вселената, завршил катастрофално.
Имено, ракетата Kavoshgar-5 во која била сместена капсула со мајмун, најверојатно експлодирала уште пред да полета.

Иран до сега има лансирано црви, глувци и желки, а мајмунот требаше да ги отвори портите кон освојувањето на Месечината предвидено за 2020. Веста за неуспешниот обид била криена од 22 септември навака.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.024
Ахмадинеџад не успеа да стигне до вселената

Иранските власти вчера објавија дека обидот да испратат мајмун во вселената, завршил катастрофално.
Имено, ракетата Kavoshgar-5 во која била сместена капсула со мајмун, најверојатно експлодирала уште пред да полета.

Иран до сега има лансирано црви, глувци и желки, а мајмунот требаше да ги отвори портите кон освојувањето на Месечината предвидено за 2020. Веста за неуспешниот обид била криена од 22 септември навака.
Aaaaa, zatoa pred nekoj den imase vest demek lansirajneto e odlozeno.... ova da ti propadnalo.
Nisto, Iran bez ruska pomos nema da lansira astronaut ni do 2100 godina...
 
S

Sagan

Гостин
Aaaaa, zatoa pred nekoj den imase vest demek lansirajneto e odlozeno.... ova da ti propadnalo.
Неофицијално: причина за неуспехот била грешка на пилотот*, десетина научници кои работеле на проектот веќе се стрелани од режимот, а за некој месец ќе лансираат друга ракета која наместо мајмуни, во вселената ќе прати ирански хомосексуалци :icon_mrgr:

*Мајмунот претходно бил трениран да забива авиони во згради.
I'm trolling, of course.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.024
Вселенскиот телескоп Кеплер растура, праќа многу повеќе информации отколку што научниците може да одработат... доказ за тоа е и следново:

Кеплер не почести со троен планетарен систем
17.10.2011


Кеплер-18 е добар кандидат за сончев систем. Ѕвездата домаќин е приближно 97% од сончевата маса и само околу 10% поголема. До сега, методот на транзит детектираше три кандидати за планети, наречени b, c и d. Тие орбитираат во зона помала од онаа на Меркур. „Супер Земјата“ (b) е околу 2 пати поголема од нашата планета и нејзината година трае само 3.5 денови. Останатите планети (c и d)се гасовити и се 6 и 7 пати поголеми од Земјата, а ѕвездата домаќин ја обиколуваат за 7 и 15 денови.








Горниот графикон ја покажува орбитата на трите познати планети кои орбитираат околу Кеплер-18 споредено со орбитата на Меркур околу Сонцето. На другиот графикон е претставена големината на планетите на Кеплер-18 споредено со Сонцето и Земјата. (Tim Jones/McDonald Obs./UT-Austin)


Додека двете големи планети имаат слични транзити, нивните времиња не остануваат точно на периодот на орбитирање. Една малку подранува кога другата малку доцни, потоа двете се на време, а потоа повторно едната подранува, а другата доцни, но овој пат со сменети улоги. Научно гледано c и d орбитираат во 2:1 резонанца. Тоа значи дека тие имаат некаква интеракција меѓу себе. Кога се блиску една до друга тие разменуваат енергии, се влечат и тегнат.

Користејќи го методот на транзит, Кеплер мисијата е во можност да приметува периодични промени во светлината поради телата кои орбитираат околу ѕвездата. Замислете светилка како се движи во темнината позади ограда од тараби и ќе сфатите за што станува збор. Доколку секоја тараба е со различна големина, времињата кога светилката ќе биде видлива би варирала. Едноставно кажано резонанца се случува кога има шема како две големи тараби, а потоа една помала. Но, и нешто друго би можело да помине покрај тарабите. Во нашето видно поле може да влета ѕвезда која е бинарниот придружник, па затоа промени како овие се круцијални и Кеплер може да ги примети.

Во процес наречен „валидација“, главниот истражувач Бил Кохран (Bill Cohran) и неговиот тим го користеле пет метарскиот Hale телескоп на Паломар опсерваторијата и неговата адаптивна оптика за уште еднаш да ја видат Кеплер-18 и нејзиниот систем. Тие по ред поминале низ секој објект кој би можел да биде таму, бидејќи постои граница за какви објекти би можеле да бидат на различно растојание од ѕвездата. Постои мала можност планетата b да биде некаков објект од позади ѕвездата, но научниците се прилично сигурно дека е планета. Шансите се големи дека ова откритие на Кеплер е планетарен систем, па затоа најверојатно тој ќе биде запишан како валиден.

Научниците пробуваат да ја припремат јавноста за концептот на „валидност“. Целта на Кеплер е да најде планета со големина на Земјата, во зоната погодна за живеење и со орбита од една година. Докажување дека таков објект е навистина планета е тешко. Кога астрономите би нашле нешто што личи на Земјата тие би морале да го поминат процесот на „валидација“, а не на „потврдување“ бидејќи тие ќе мораат да искочат со статистички докази.
http://astronomija.com.mk/vest.asp?id=2701
 
Член од
22 септември 2011
Мислења
12
Поени од реакции
3
ОПАСНОСТА ОД САТЕЛИТОТ РОСАТ - ЌЕ СЕ СРУШИ ВИКЕНДОВ




Германската Вселенска Агенција DLR предупреди дека од денеска (петок) три тонски сателит ќе се сруши некаде на Земјата. Научниците предупредуваат дека ROSAT сателитот ќе влезе во земјината атмосфера помеѓу 21 и 24 октомври, и дека истиот би можел да се сруши било каде на Земјата помеѓу 53 степени северна и 53 степени јужна географска ширина - површина која се протега од Холандија на север до Огнена Земја на југ.



Агенцијата пресметува дека постои 1 во 2000 шанса дека ќе удри некого. Фрагменти - меѓу кои и парче огледало отпорно на високи температури кое тежи 399 килограми - би можеле да удрат во патека широка 80,4 километри. „ROSAT нема погонски систем кој би можел да биде употребен за подесување на неговата траекторија; ова значи дека влезот во атмосферата на ROSAT не може да биде контролиран“ изјавиле од германската вселенска агенција, DLR. „Времето и локацијата на влезот во атмосферата не можат да бидат прецизно предвидени. Во моментов датумот на падот може да биде пресметан со прецизност од плус/минус два дена.

Сепак професорот Хајнер Клинкрад од Европската Вселенска Агенција додал: „До сега, во 50 годишната вселенска историја ниту едно лице не било повредено од делови од сателит.“ ROSAT бил лансиран на 1 јуни, 1990 година од американскиот Кејп Канаверал за 18 месечна мисија. Тој всушност функционирал повеќе од осум години, сè до неговото откажување на 12 февруари, 1999 година. Тој сега би можел да се сруши на Земјата помеѓу овој петок и декември. Шансите дека некој би можел да биде повреден се релативно мали, но итните служби во Германија извршуваат вежби за справување со повреди од деловите на сателитот - иако не постојат докази дека ќе се сруши таму а не на некоја друга локација.


Минатиот месец германската вселенска агенција проценила дека ROSAT има 1 во 2000 шанси да погоди некого - повисока шанса од 1 во 3200 проценката на NASA за UARS, последниот сателит кој падна на Земјата. Но шансите за повреда на секоја индивидуа на планетава се всушност 1 во 14 трилиони. Невозможно е да се предвиди попрецизно поради ефектите на Сонцето врз нашата атмосфера. „Соларната радијација ја загрева земјината атмосфера и со тоа го зголемува атмосферското триење“ изјавиле од DLR. „Невозможно е да се предвиди точната локација на падот се до еден или два часа пред настанот.“

Минатиот месец, шест тонскиот UARS на NASA влезе во земјината атмосфера. Американците биле предупредени дека падот би можел да предизвика повреди и материјана штета. Сателитот беше далеку помал од 135 тонската руска вселенска станица Мир, која согори во земјината атмосфера во 2001 година или 100 тонската Skylab која паднала во 1979 година. До сега, оваа година две големи руски ракети исто така паднале на Земјата без да предизвикаат повреди. Поголемиот дел од Мир согори во атмосферата и неколку парчиња паднаа во Јужниот Пацифик, додека Skylab паднала во Индискиот Океан и ретко населени делови од западна Австралија. Бидејќи две третини од Земјата се покриени со океани, вселенскиот отпад најчесто паѓа во вода.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
-ОТКРИЕНА ЅВЕЗДА СО ТЕМПЕРАТУРА ИСТА КАКО ОНАА НА НАШАТА ПЛАНЕТА ЗЕМЈА-

Ѕвездата WD 0806-661 B научниците неодамна ја открија со нормална температура која одговара како на пример во еден сончев ден во Севилја, Шпанија.

Професорот Кевин Луман кој ја забележал оваа ѕвезда преку телескопот на НАСА, рече дека ѕвездата се наоѓа околу 63 милиони светлосни години далеку од нашата планета.



"Тоа е навистина мала ѕвезда, со атмосферска температура која е иста како нашата, Земјината, од 27 до 80 Целзиусови степени“, рече научникот, проф. Луман.

Иако се наоѓа далечина од 63 милиони светлосни години од Земјата, професорот истакна дека тоа е сосема прилично близу, доколку споредиме со далечината на другите ѕвезди од нашата планета.
 
Член од
22 септември 2011
Мислења
12
Поени од реакции
3
-ОТКРИЕНА ЅВЕЗДА СО ТЕМПЕРАТУРА ИСТА КАКО ОНАА НА НАШАТА ПЛАНЕТА ЗЕМЈА-

Ѕвездата WD 0806-661 B научниците неодамна ја открија со нормална температура која одговара како на пример во еден сончев ден во Севилја, Шпанија.

Професорот Кевин Луман кој ја забележал оваа ѕвезда преку телескопот на НАСА, рече дека ѕвездата се наоѓа околу 63 милиони светлосни години далеку од нашата планета.



"Тоа е навистина мала ѕвезда, со атмосферска температура која е иста како нашата, Земјината, од 27 до 80 Целзиусови степени“, рече научникот, проф. Луман.

Иако се наоѓа далечина од 63 милиони светлосни години од Земјата, професорот истакна дека тоа е сосема прилично близу, доколку споредиме со далечината на другите ѕвезди од нашата планета.
Оваа ѕвезда бело џуџе е?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom