Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.024
Доаѓа ерата на Сојуз
10.08.2011

Во следните неколку години, вселенските патувања на астронаутите ќе биде во знакот на ерата на руските летала Сојуз. Москва и службено објавила дека со тукушто завршената оперативна употреба на американските летала, целата светска пилотирана астронаутика ќе се одвива со помош на нивните летала.
Меѓународната вселенска станица во целост ќе биде зависна од руската астронаутика. Иако, Јапонските товарни бродови ХТВ и Европските АТВ, во голем дел ќе придонесат за одржување на ISS во оперативна употреба, сепак најголемиот товар ќе биде насочен кон Русија.







Шематски приказ на вселенскиот брод “Сојуз”


Во следните две години, сé очекува само еден лет на Кинески вселенски брод. Иако, Руските летала сé далеку поевтини (неколку десетина милиони американски долари), во споредба со далеку поскапите американски летала (вредни неколку милијарди), цена за поединечен лет, предност за лансирање и спуштање на астронаути, дефинитивно е на страната на Сојуз. Покрај ова, Сојуз сé доста сигурни летала. Двете трагедии (Сојуз – 1, во 1967 и Сојуз – 11, во 1971 год), каде загинале четири астронаути е веќе далечна историја.







Споредба на големината помеѓу Сојуз и шатловите


“Сојуз” и нивниот беспилотен пандан “Прогрес”, веќе одамна сé произведуваат на траките со ходограми, со оперативна употреба. Гледано надворешно, денешниот Сојуз редовно поминува низ различни модернизации, кои им осигуруваат иднина, најмалку до 2025 год.

Кога некаде ќе сé појави податок за процесорите на вселенските бродови, јавноста некогаш е доста збунета: модерните мобилни телефони честопати имаат посилна процесорска сила од сите компјутери на вселенските бродови, заедно. Малата разлика, речиси “невидлива”, сé наоѓа во копчето или наредбата “рестарт”. Доколку, мобилните телефони се “замрзнат”, обично е потребно неколку минути дефектот да се коригира, но во Вселената тоа би значело живот или смрт.







“Сојуз” и “Прогрес” паркирани на ISS


По изминати педесет години од првите инженерски модели и летови на Сојуз, леталото повторно го превзема приматот во човековото освојување на Вселената. Не сé исклучува можноста, неговите следни развојни верзии за петнаесет години да сé упатат кон Месечината, во новата ера на човековото освојување.
Иронијата на таквото сценарио би била во фактот дека леталата “Сојуз” и биле конструирани пред пет децении за лет на Месечината, кој досега не бил остварен.
Доколку сé оствари нешто такво, тешко дека било кој од инструкторите на Сојуз би го доживеал тоа, но наследството кое го оставиле ја задолжиле пилотираната астронаутика на Земјата.

http://astronomija.com.mk/vest.asp?id=2578
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Кога некаде ќе сé појави податок за процесорите на вселенските бродови, јавноста некогаш е доста збунета: модерните мобилни телефони честопати имаат посилна процесорска сила од сите компјутери на вселенските бродови, заедно. Малата разлика, речиси “невидлива”, сé наоѓа во копчето или наредбата “рестарт”. Доколку, мобилните телефони се “замрзнат”, обично е потребно неколку минути дефектот да се коригира, но во Вселената тоа би значело живот или смрт.
Ова не е никаква причина за некористење на силни процесори. И НАСА, и русите, и сите производители на авионика користат електронски компоненти што се развиени пред 10 па и 15 години за да имаат увид во нивната робустност. Не е толку битно за колку време може системот да ребутира, битно е дали ВООПШТО ќе ребутира откога ќе падне.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.024
Ова не е никаква причина за некористење на силни процесори. И НАСА, и русите, и сите производители на авионика користат електронски компоненти што се развиени пред 10 па и 15 години за да имаат увид во нивната робустност. Не е толку битно за колку време може системот да ребутира, битно е дали ВООПШТО ќе ребутира откога ќе падне.
Bitno e, kako ne kolku vreme sistemot se rebutira, vsusnost kaj skoro site letala (osobeno modernite) ima rezervni sistemi, bidejci voopsto ne smee da dojde do otkazuvajne na sistemot za upravuvajne.
 
R

Roten 96

Гостин
Денеес 12 август метеорски дожд Персеиди 50 метеора на час....ке биде забавно :D
--- надополнето: Aug 12, 2011 10:50 AM ---
максимум 50 метеора на час хаха :)
 
T

Tetro

Гостин
Медиумска кампања, Персеиди на повидок....

Секоја година во периодот Јули-Август ги има, не е ништо ново, ама треба многу гледање нагоре за да видиш летечи метеорит.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.776
Поени од реакции
12.239
Вчера ги чекав ама ми здосади и ми се сврте во глава од гледање нагоре, плус месечината доста јако светеше. Кај колку саат ноќе може да се забележат?
 
R

Roten 96

Гостин
Извинете само сакав да напишам..вчера така седејќи надворсо моите родители..одненадеш забележам црвена ѕвезда што сјајно блеска и тоа на јужната страна..и јас доволно добро го познавам небото ноќе никогаш порано не сум јас видел баш на таа страна да биде..прво помислив на Марс но не е точно ако беше црвена беше големаа и блескаше силно..исто како Венера што блеска ноќе..само што оваа беше црвена и прв пат ја имав видено на тој дел од небото..потоа јас и татко ми сфативме дека е нешто друго во прашање..јас му кажав дека се работи за НЛО..и навистина после некое времее..почна да се дига нагоре и наеднаш зголемувајќи ја брзината поминаа од кај нас со голема брзина релативно брзо се движешее и помина за минута и го снема отиде на север..е сега дали е некој вид на летало не знам или пак нешто друго навистина не знам..кога помина дури јасно се гледаше дека од позади трепкаше црвено светло..а целиот објект беше црвен и сјаеше исто..тоа никако не е авион..туку се работи за некој вид друго летало..прво стоеше и наеднаш поминаа...ете тоа е..само сакав да наишам..во секој случај беше интересно :) поздрав
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.024
Пресврт во Руската астронаутика
21.08.2011

Според, изјавата на новиот шеф на Роскосмос, дадена за медиумите, сé очекува голем пресврт во Руската астронаутика, во следните години. За ваква амбициозна програма, секако дека сé потребни поголеми вложувања од досегашните. Инженерите на Роскосмос, навеле и дека речиси половината од вложените финансиски средства, досега сé вложувале во пилотираната астронаутика.



Таквата состојба, каде постои огромен трошок луѓето да сé лансираат во орбитата, кружат околу Земјата и да сé вратат назад, само по себе ќе биде многу тешко одржливо.

Доколку, пилотираната астронаутика ги враќа вложените средства, на финансиски или со научни резултати, тогаш таа треба да биде подржана, но доколку, постои само една цел, за испраќање на луѓето во Вселената и нивно враќање на Земјата, тогаш треба посериозно да сé размисли за иднината на таквиот начин на работа.
Русија, денес е единствената нација која е способна да одржува силна врска со ISS. Во изминатите пет децении, освен американскиот “излет” на Месечината, човекот не отишол подалеку од Земјината орбита. Но, сега е време да се тргне напред или пак роботите да го имаат главниот збор, во човечките вселенски програми.

Во проектот ISS, вложени сé речиси 150 милијарди американски долари. Нејзината иднина по 2020 год. станува несигурна, доколку сé продолжи со истиот начин на работа.

Со презимањето на новиот шеф, Владимир Поповкин, на Роскосмос, сé очекува кратење на “туристичките” летови и заземање правец кон роботизираните и научни цели, кое ќе претставува вистинска насока, на која човештвото предолго чека.

http://astronomija.com.mk/vest.asp?id=2597
 

Kajgana Shop

На врв Bottom