Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување
R

Roten 96

Гостин
Мојата омиленанаука..не сум баш во тек а и не треба да бидам бидејќи мислам дека ништо ново не се случува или грешам :D..порано читав многу книги сега не...епа ајде Астрономи кажете до кај е работава ке не удри некој астероид :D :D што се случува во вселената кои се новостите...па да дискутираме позз
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.024
Астероидот Веста е фатен
19.07.2011


Американско меѓупланетарно летало Dawn (Зора) на 15ти и 16ти јули ги направи завршните маневри и влегла во орбитата околу астероидот Веста. Овие денови се очекуваат податоци од телеметријата за да контролори на Земја можеле да видат во каква состојба е леталото како и тоа каде точно се наоѓате,дали има некакви отстапувања од планираните параметри. По четири години патување Зора конечно пристигнала на астероид Веста, а научници сеуште не се сигурни како да го класифицират ова небесно тело. Веста е премала за планетата, а преголема за астероидот,а нејзиниот систем и маса не се познати.



Истражување на овој мал свет, кој сепак е доволно голем да има и свои природни сателити од непосредна близина ќе ни даде одговори на многу прашања. Со фотографирање на површината ќе се види каква историја имал овој астероид. Dawn ќе орбитира на 16000 километри од површина на Веста и ќе направи целосна топографска мапа. Во овој момент Веста и Dawn од Земја се оддалечени 188 милиони километри. Засега леталото Dawn е во одлична состојба и една година ќе орбитира околу Веста за потоа поново да ги запали своите мотори и ќе се упати кон џуџестата планета Керера (Церес).

Веста е четврти по ред откриен астероид и го открил 29.03.1807., Heinrich W. Olbers. Дијаметар на Веста е нешто поголем од 500 километри, а понекогаш може и да се види со голо око заради голема рефлесија на негова површина. Припаѓа на таканаречен главен астероиден појас кој се наоѓа помеѓу Марс и Јупитер.
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2548
 

LGBT

Weird
Член од
20 јули 2011
Мислења
329
Поени од реакции
157
Trojan Asteroid Found Sharing Earth's Orbit—A First

Tiny companion will remain tied to our planet for at least ten thousand years, experts predict.


Earth's first known Trojan asteroid follows an oddly tilted path (green) in relation to Earth's orbit (blue).
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Тајната на темната страна на Месечината


Земјата имала две Месечини кои се судриле и претопиле во една, гласи најновата теорија која што ја објаснува денешната асиметричност на единствениот природен сателит на Земјата.


До сега се веруваше дека Земјата се судрила со планета со големина на Марс и дека остатоците од таа колизија се соединиле во Месечина. Но според најновата теорија на научниците од универзитетите Калифорнија и Берн, остатоците од колизијата формирале две лунарни тела чија подоцнежна бавна колизија довела до формирање на Месечина.
Истражувачите претпоставуваат дека втората месечина постоела десетици милиони години пред да се случи колизијата, пред околу 4,5 милијарди години, што значи дека било невозможно човек да ја забележи таа појава.
Истражувачите сугерираат дека токму судирот на двете месечини бил причина зашто сега двете хемисфери на Месечината се толку различни, прашање што со години ги мачи научниците. “Блиската“ страна што се гледа од Земјата е порамна, додека на “далечната,“ темна страна има повеќе релјефни испакнатини со миск од различни елементи, кои што најверојатно се остатоци од колизијата на втората месечина.


 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.024
Успешно е лансирана сондата ЈУНО!!!
06.08.2011

Вчера, 5 август, во 16:25 ГМТ (18:25 ЦЕТ), од космодромот на Флорида, со помош на моментално најсилната варијанта на ракетата Атлас – 5, на пет години долгото патување кон Јупитер, лансирана е сондата ЈУНО.




Во последните неколку минути од одбројувањето (Т – 4 мин.), дошло до неколку полесни технички потешкотии со потсистемите на ракетата, што условило 5 минутно одложување, но сепак, кога сите проблеми биле решени, претстоело фантастично лансирање, како што ретко сé гледа, уште од јануари 2006 год., кога речиси на истата ваква варијанта, ракетата Атлас – V, полетала Њу Хоризонтс кон Плутон.



Во моментот сé уште нема информација за самата сонда Јуно. Сé чека да се воспостави врска помеѓу сондата Јуно и ДСН антените, да се отворат панелите и сл. Дури по 20 дена од лансирањето, ќе започне постепено вклучување и тестирање на научната опрема на самата сонда.
Со помош на Јуно, научниците ќе можат подобро да го разберат нашиот Сончев систем.

Според последните информации, во 19:38 ЦЕТ – Соларните панели на сондата Јуно, успешно сé отвориле!!

http://astronomija.com.mk/vest.asp?id=2566
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Едно прашање до поупатените, се надевам дека е за тука.
Секоја година во Август има неколку дена по ред каде паѓањето на метеори е позначително. Секоја година е различно или пак ...? Фала :)
 
S

Sagan

Гостин
Едно прашање до поупатените, се надевам дека е за тука.
Секоја година во Август има неколку дена по ред каде паѓањето на метеори е позначително. Секоја година е различно или пак ...? Фала :)
Персеидите. Да, различно почнуваат, различно завршуваат, ама врвот на метеорскиот дожд е на 13ти.
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Земјата е влезена во делот од својата орбита исполнет со остатоци од Свифтовата комета уште од 17ти јули. Ќе излезе дури на 24ти август.
Друже, биди поконкретен :) На 13 ке е најмасовно така?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom