Ja знаев само дефиницијата за астрална, никогаш не сум ја доживеал, но имам т.е често пати доживувам едно чудно чувство, кое мислам дека многумина од вас го доживеале. Е сега можеби нема врска со темава, можеби има, но некако прикладна ми е да го пишам, па доколку некој знај да го објасни би му бил благодарен.
Често пати кога спијам на вечер си пуштам музика и си легнувам слушајќи ја истата, обично пост рок, онака ми прави филмови дури заспивам, ме опушта.
Е сега досега околу 10тина пати ми се има случено, по одредено време пример откако сум заспал, да се случи да лежам...........да речам дека спијам можеби би згрешил , ја слушам музиката како да ми свири, но не можам да ги отворам очите, ниту да се помрднам со било кој мој дел, како да мачам маки да речам, сакам да мрднам, сакам да се опулам како да сум свесен за целата состојба, а да не можам, како да ме кочи нешто, па така пример потребно е да измини одредено време, па да го остварам тоа што го имам замислено, пример да ја мрднам раката, да ми се ослободи........некако чудно доживување и состојба е нештово.
Дали некој имал слични искуства или е запознат со нештово?