Архангел @Метрополис арена - 12.02.2011

T

Tetro

Гостин
Mettalhammer,во тие што си ги заборавил сум или не. хехех :)
Дефинитивно не. :)

На бистра глава и малце подзафркнато грло можам веќе да набројувам:
Брокер
Др. Кулен
Џими
LordDragonII (се знаевме и од порано)
Propagator
Burn84
Ana Mercury
Sussaro
HITCH (се знаевме од порано)
Линка (се знаевме од порано)
Tonchie (се знаевме од порано)
WalkerGirl (се знаевме од порано)
Бети
Natural-Girl
koleee
Sone
Karan
и тие што сепак ќе ги заборавам. Пијана глава толку памти. Кој нема да се најде во листата, нека ме потсети.
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Партали беше, па како и поинаку може да биде на Архангел :)

Одлична амтосфера, браво за сите кои беа дел од публиката, погласни од Вртев :)
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Солидно, али нешто фалеше. Голема грешка што почнаа со СВЕ од Небесна машина, па Заумна сила дојде втора, наместо при крајот. Башка и многу опинци имаше на концертов, премногу за еден бенд како Архангел. All in all, полошо од 2009, подобро него ич да не праеја концерт.
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Лудило беше право лудило :)
прв пат им бех на концерт и ептен ми се ареса убер македонише
лудило :)
немам зборови да ви опишам што чувствував....
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
За тешки ревизии нема потреба, дефинитивно најдобра рокенрол понуда во државава имаат архангел.
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Тнко... До очекувањата е, ама и до луѓево. Се преценија.
Ти да не беше там у новинарите ?

Едит:И ако има некој кајганџија там у сликарите нека става слики тука да си превземеме ние обичните смртници шо сликааме со обичен апарат.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
181657_10150140761556397_641491396_8469440_1030808_n.jpg 180337_10150140761631397_641491396_8469443_872077_n.jpg 182469_10150140761686397_641491396_8469445_6849087_n.jpg 168997_10150140760021397_641491396_8469385_7515098_n.jpg


Заедно Архангел и Фолтин – подобро звучат


Скопски саем беше претесен за да ги собере сите собрани љубители на добрата музика, на саботниот долгоочекуван концерт на Арханѓел. Култниот состав три часа ја забавуваше публиката со своите познати хитови, а како предгрупа за загревање, настапи битолската група Фолтин.



Концертот беше промовиран под мотото „на македонски подобро звучи“, од причина што во истиот ден паралелно со овој, се одржуваа повеќе концертни настапи на српски изведувачи. Тоа никако не претставуваше пречка за неколкуилјадната публика да го одбере ова случување на својата агенда за забава, поради тоа што Архангел настапуваат на голема сцена за прв пат по седум години, ако го изоставиме гостувањето на скопско Кале.



Со академско доцнење од половина час, додека да се наполни салата пред која стоеа долги редици со посетители од цела Македонија, концертот го отворија Фолтин. Еден час публиката ги пееше песните кои беа одбрани како компилација од последните албуми, а кулминација предизвика најголемиот хит Везилка, кој на каналот јутуб има посетеност од околу двеста илјади слушатели. Со таа нумера заврши загревањето на големата сцена со едноставна позадина, светла во доминантно сина боја и ефекти, по едночасовниот настап на момците од Фолтин.



Громогласен аплауз ги дочека Архангел, главните актери кои на сцената останаа три часа на задоволство на присутните. И покрај тоа што настапите на овој реномиран состав не се случуваат често, сепак на овој концерт Архангел и` надомести на публиката за трпеливото чекање. Концертот започна со брзи песни, за потоа да премине на поспори и да заврши со Убермакедонише и Милион долари на бис. Фронтменот на групата Ристо Вртев, ефектно го предизвика вниманието на публиката кога на самиот крај ја испеа најновата песна со наслов „Пинокио“, читајќи го текстот од лист хартија.



По четири часа луда забава што ја приреди комбинацијата Фолтин и Архангел, задоволната публика ја напушти салата. Концертот го организираше План Бе продукција, а следната недела се закажани уште два, на Влатко Илиевски и Скрим мјузик фестивал.


Мирослава Симоновска
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Шо и да се каже е излишно. Предобро, генијално, интересно. Иако сфатив дека од повеќето песни само делови знам. Поретки беа тие шо ги знам цели.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Се супер, само премногу гужва. А во таа гужва доволно е едно говедо на 20 души да им го расипе концертот, а ги имаше доста говеда.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Се супер, само премногу гужва. А во таа гужва доволно е едно говедо на 20 души да им го расипе концертот, а ги имаше доста говеда.
Имаше, имаше.
Ама сепак, вреди да се присуствува на ваква концерт на песна и поезија.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.947
Тнко... До очекувањата е, ама и до луѓево. Се преценија.
Т’нко или дебело, имаше еден момент кој што го немам сретнато на концерти досега, а имам стаж :)
Само Драган Гиновски на гитара и публиката пееее.....

И на Харткор кога Ристо едноставно седна и гледаше во публиката која пееше.

Она што го нема во статијата на Мими го има во статијата од Макфакс која ја има и тука http://kajgana.com/muzika/koncert-na-arhangel-kako-potvrda-na-kultniot-status заедно со три фотографии од Ивана Кузмановска.

За моите фотографии ќе треба да почекате. Отидов малку болен, се вратив многу болен од концерт, ама не жалам. Плус денес обврски кои ме оддалечија од дома. Утре наутро би требало да има нешто на сајтот за кој што фотографираф.

Јас мислам дека ова е еден од најдобрите концерти на македонски изведувачи последниве неколку години, или пак радост дека најпосле успевам да отидам на нивен концерт откако ме задеси баксуз од 99та до 2009та да ги пропуштам поради разни глупости.
 

DaN-MaN

Warlock
Член од
1 февруари 2007
Мислења
491
Поени од реакции
3
И на Харткор кога Ристо едноставно седна и гледаше во публиката која пееше.
(Heart Core 1, Chudesen Svet, Uber Makedonische)

Дефинитивно нај добрите 10 минути од нај добриот концерт !!!

Уште сум без зборови, неможам да се средам :)
 
Член од
23 октомври 2010
Мислења
9
Поени од реакции
3
Ристо Вртев можеби пишува убави текстови,но како пејач е дефинитивно жива катастрофа!Пола песни ги пее фалш,а ти звучи како поп да слушаш како пее.Сите тука зборуваат за Ристо Вртев,а всушност сите појма немаат дека сите песни се напишани,отсвирени од Гино гитаристот(мажот на Андријана Јаневска),а Ристо Вртев има украдено голем дел од текстовите(посебно руски автори).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom