Морав да пишам нешто на оваа тема, нешто што се нервирам веќе неколку дена... Ареа издадоа нов албум кој според мене е мноооогу добар (може сум субјективна по тоа прашање затоа што ми се допаѓа нивниот стил, особено вокалот и текстовите на Ружица и ги слушам одамна) и не ми е јасно како ,иако имаше официјална промоција албумот, досега немам слушнато на радио ама НИЕДНА нова песна од тој албум! Зошто не трујат со песните на Јован Јованов, Врчак, итн а да не ги спомнувам српските и хрватските штанцани песни од кои ми се плаче и поради кои најверојатно ќе прекинам да ги слушам македонските радија...Кој им плаќа за да пуштаат таков неквалитет? И зарем ништо не им значи што една МАКЕДОНСКА група ако ништо друго, да оставиме на страна колку хитови имале порано и каков е нивниот статус, има нов материјал?
Срамота!