Лековите помагаат но краткотрајно, сè додека се земаат. Кога се преќинува со нив, повторно си на почеток. Ако станеш зависен ќе престанат да делуваат. Затоа најдобро е да се иде по природен пат, односно психолошки да се репрограмира мозокот, „тренингот“ е спор и мачен али бенефитот е сладок. Е сега тука има 2 акции Preya и Shreya. Preya се оние работи што ги правиме секојдневно т.е. кратките задоволства како на пример: цигари, алкохол, храна, дремење на фб, лоши навики, секс, итн... работи што кратко не прават среќен или поточно кажано excited. Од другата страна имаме Shreya односно акции и работи кои што без разлика дали ни делуваат добро или не, работи кои делуваат досадно и тешко али на крај те прават задоволен и среќен,како на пример одење во теретана, читање книги, медитација, јадење здрава и не толку вкусна (реално) храна, подалеку од социјални мрежи итн. убаво чувство кое трае долг период. Терминиве се среќаваат често во оние self-help книги, можеби имаат поврзаност со спиритуално можеби не, не знам, али не се никаква религија. Али убаво е да се импементираат во тој психолошки тренинг, вклучувајќи и медитација. Зборот ми е, не ни е крива околината што ова ни се случува, кривицата е во нас самите. Мал процент е бројот на луѓе што се решиле да поминат низ срањата за да стигнат до среќата, повеќето спасот го бараат во лековите. Не за џабе рекле, no pain no gain. Контролирајте ги пред сѐ емоциите и краткотрајните задоволства (bad habits) и бидете дел од тој мал процент. Неќам да зборам лошо за религии али искрено верување во бог или земање апчиња, нема да ви помогнат. Можеби да на некој али краткотрајно, вештачки, со големи шанси анксиозноста и депресијата повторно да се вратат. Така да, изберете го „досадниот“ пат но континуирано, и за неколку месеци ќе ја почувствувате бенефитот од истиот.