Нормално, и не само тоа пред некое време прочитав еден за тогаш мислев луд став дека ТЕЦ Битола била оригинално направена да може да биде преселена и дека втората локација е Катланово каде што има јаглен за уште 30+ години докажани резерви.Јагленот што ќе го купуваме од Косово е некаде 8 евра од тон и поради тоа што немаме фукнционална железничка и ќе мора со камиони да го донесеме и превеземе до Битола ќе ни испадне 28 евра по тон. Вицевци и автохтони брача ќе намлатат пари на превозот.
Сега за преместување на ТЕЦ Битола не знам али има официјални податоци за наоѓалишта на Јаглен во Катланово. И сега еве викаат ама Јаглен снема во Битола и во Кичево за тоа мора да увезуваме. Па 30 години знаевте дека јаглен има се помалку во сегашните ископини. Да имаа барем направено пруга до таму и пругата до Кичево и Битола да беше во функционална состојба сега ќе можеа да копаат таму и да го префрлаат јагленот со воз.
И тука не е само Заев, 11 години Груевски, па Бучко, па Бране, па Љупчо и во тие 27 години они изградија една и пол брана . Значи буквално скоро целата енергетска инфаструктура во Македонија е изградена за сличен период. Замислете за 20 години нашите гарнитури да изградеа некој 15+ хидроцентрали и 3 Термо Електрани. Фантазија.
Грујо тргна да ја гради Вардарска Долина, најверојатно Грците преку локалните предавници СДС и ДУИ заржаа и он си ја спакува опашката и да го нема. Ниту најлесната Луково Поле не стигна да ја заврши.
Последно уредено: