Знаеш...самите реагираа дека немало доволно жени во политиката, пласираа програма за 50-50% застапеност во Собранието, а Мила се местеше да биде и прва жена претседател на Влада!
Искрено не ми е грижа за нивната црна кампања, ама имаат двојни аршини. Оваа програма ја промовираше Шахтарска:
Ова го ставам, не поради кампањата туку поради она "жените во политиката" на Мила. Имаше и други платформи како "не е само 8ми март ден на жената". Потоа
џинџер еднаквоста на Заев, родовата рамноправност, нападите (читај критиките) над ЛПБТ заедницата...каде секоја критика е предмет на осуда! Што се промени тука? Бараат да се повлече од трката!!!
Комуњарата на големо се спрема за пораз. Цело Скопје го загуби, со исклучок на Центар каде се во пол позиција, Шуто Оризари каде имаат извесна, но достижна предност и Карпош каде опозицијата има повеќе гласови (сумирано од првиот круг). Прашањето е колку он нив повторно ќе успеат да извадат да гласаат. Затоа се фатија за црна кампања.
Невладините гомна се посебна приказна. Нема да напишам ниту една критика ако идниот нов режим тргне против нив. Какви зелени, какви шарени. Нивниот идеолошки прагматизам е сведен на нула во овој широк владин состав. Ништо не реализираа. Ниту парковите ги спасија, ниту судството го реформираа.
Морачанин изврши политички притисок за покачувањето на цената на кесите. Тоа решение ми се допаѓа, но требаше да им се даде период од 5-6 месеци за да можат да ја модифицираат формулата, да направат био-разградливи кеси (или нешто слично). Вака ем оние што ги имаат во магацин ќе пропаднат и ќе завршат во природата, ем ќе пропаднат 30тина компании односно 100ци работници ќе ги загубат своите работни места! Сето тоа поради политички притисок со минорната, маргинална ДОМ која има и свои фракции. Морачанин е чисто политичко зло, очекувам секоја одлука за покачување на електричната енергија, политички, да ја брани. Затоа и се чудев како она (и ЛДП) имаат 22.000 гласови и 15 советници! Човек со 2 чисти нив никогаш нема да ги гласа. Лилјана беше умерена и подипломатски настроена. Оваа е чиста политичка утка.
Не може сите критики да бидат кон личноста, мора да се напаѓаат идеите. Политиката е борба на идеи, интереси, идеологии, политики, кампањи...а ние се сведовме на државјанството на Арсовска и дали имала швалер! Не ме интересира!
Сдсм тоне во политичка безидејност. Ако Беса се паметни, ќе направат свој политички блок (со АА/А и Дпа) против Дуи. Три маргинални партии им мочаат на лево, мнозинството им е тенко, а опозицијата е во подем. Мора да има нови предвремени парламентарни избори, ако веќе се убедени во својата голема широка наднационална победничка обединета коалиција.
Добра одлука донесе Вмро за Арсовска пред Коце.