Не знам за другите општини ама за во Карпош сами себе си пресудија. Како ќе одат наредни избори така се повеќе ќе слабеат ако ваквиот однос им продолжи. Пред 5 години ретко кој од младите немаше да гласа за Сдсм, беа ултра популарни и тие млади ги донесоа на власт. Настапи игнорантен однос, за обично светло на кеј ставање луѓето беа игнорирани (уште не е ставено светлото), за барање за поставување на чешма до игралиште луѓето беа игнорирани (нема уште чешма), за молба за чистење на ѓубре беа игорнирани (депонија Трнодол - Жданец луѓе сами си ја чистеа), и сега сликата е таа што веќе нитуеден човек не познавам што гласал за Сдсм од истите тие млади, а најголем дел од тие се или членови во Левица или поддржувачи на Левица со муабетот “сакав да се зачленам ама многу документи ми се видеа“, самото тоа што луѓе отварале сајт со намера членови да стануваат на трета партија, кажува до колку е лоша работата со Сдсм кај младите и колку се тие повредени и разочарани. Да не ве лаже сликата и расцепканите гласови, тие што ги донесоа, тие и ќе им пресудат.
А да, за секое лажење со гледање со очи во камера дека Карпош станала зелена општина и дека насекаде има зеленило и дека бетонизирањето се стопирало, на сметка на паркови и зеленила, си губат по еден глас. Ниту сме слепи, ниту сме глупави, не живееме од вчера тука, ништо не создава поголема антипатичност од фалење со невистина.