Фатив нешто од дебатитет за Скопје, Аеродром, Карпош, Центар и Кисела Вода. Вака на прва убедливо најдобар кандидат од било кој политичка партија ми е ликот од левица што е кандидат за Центар. Растури на дебатата дечкото, огромно познавање покажа на секоја тема и убаво објасни за проблемите и решенијата во општината. Се надевам дека центарци ќе му дадат шанса
За Скопје лично ќе гласам за Данаела, 2017 го гласав Шилегов, ужас од градоначалник. Се тоа што беше започнато го остави, плоштадон ни е едно големо ругло благодарение на него а и градот никад не бил по прљав. Па макјку му стара, и мене не ми се свиѓаат многу работи од СК2014, ама веќе кога е направено оддржувај го и заврши тоа што е почнато, тргни го на страна егото. Коце градоначалниште беше за него.
Вчера се фали со тунелите под кулите на Лимак, како мислиш да се негова заслуга и градот да ги прави а не дека ги прави Лимак холдинг, една од најголемите 100 градежни компании во светот, која бај д веј у време на Дпмне го склучи договорот со градот да изгради 4 кулу и тунел под нив.
Останатие кандидати воопшто не ми фатија око. Не знам само зашто Левица отишле со Камиказа, сигурно можеле да најдат некој далеку поспремен лик како што е дечкото од Центар. Па не може ти за капитален проекто да сметаш поставување на јавни тоалети во парк и да немаш еден асален капитален проекти во програмата вадејки се дека не го знаеш буџетот на градот.
За Аеродром не беше лоша девојката од Левица, но тука ако има подршка Тимчо од лисичани би требало да се прошета. Вака на дебатата одличен беше Тимчо, може ова колку толку да му биде одскочна даска за повисоки политики, иако ме изненади неговава кандидатура, мислев дека од старт ќе цели повисоко.
Овој кандидатов од Сдсм воопшто не ми е сериозен лик ниту пак ми изгледа нешто поспособен од Марин, а тоа би значело тежо фејл за општината.
Од Кисела Вода најубедливо ми изгледаше Јулистана Марковска, мислам така се викаше од Лдп - Дом. Стриктна,концизна, со фини решенија за општината.
Со оглед дека најверојатно у втор круг би влегле сегашниот градоначалник и овој од Вмро, можам да кажам дека лошите денови ќе продолжат за општината. Темелковски го видовме, две три улици што направи и оној паркот во 11ти Октомви благодарение на град Скопје, друго ништо. Продолжи урбаниот хаос и можам слободно да кажам веќе е најутепаната населба, поготово на потегот од општината па до рампа, а тој дел се наоѓа на само 1 км од строгиот центар на градот.
Овој па од Вмро ми изгледа исто на фејл лик, ама ќе видиме, најголеми се шансите он да добие.
За Карпош интересно ќе биде. Бастион општина на Сдсм ама ликов бре ич не го бива, ниту харизма има ниту делува дека е човек со став, на обичен поттрчко личи.
Што имам другари во таа општина, па најголем дел од нив, цирка 7-8 души викаат дека Јакимовски ќе го гласале, а до сега не сакаа да го видат, толку ли беше очаен Богоев ?
Кандидатите од Левица и Вмро океј впечаток ми оставија, смирени на дебатата и со концизни и реални решенија и програми.