Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
31 мај 2019
Мислења
336
Поени од реакции
1.074
Гледам постови на Шилегов на Фејбук, гледам 800 лајка само палец нагоре,стотици коментари само со подржка и браво, отварам профилите на тие што коментираат, сите до еден максимум две слики, исто позиционирани, голем дел со сурати нетипични за луѓе од Македонија, со по 20-30 пријатели или без....ебате мизеријата кога треба со фејк ботови да пумпа рејтинг.
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Сериозно збориш? Левица е фејсбук партија, 1% ако осовои тоа за нив е успех.
Хахахаха, личности кои доги години не гласале сега чекаат да дојдат избори својот глас да го дадат на Левица. Личности кои никогаш не правеле муабет на тема политика, денес силно стојат зад Левица, што значи дека неопределените кои се клучот за победа се насочени кон трета опција, а уште подобро е што и овие поинтелегентни ликови од другиве партии се насочени кон Левица, уште овците да се освестат и тоа е тоа лепота...
 
Член од
31 август 2021
Мислења
445
Поени од реакции
2.484
Патот до таму е катастрофа, 20год ја прават истата делница и никако да ја направат. Ама градот им е океј, барем од тоа што имам видено. Да нема некои нови објекти се е старо ама за мал град делува пристојно. Имаат нов плоштад, имаат паркови, делува на зелен град и за разлика од другине мали градови делува дека е пораздвижено. Пример другите наши мали градови се пред умирање. Албанските села се дупло поглеми од нив веќе.
Патот до таму сега е прилично добар, а кај и да е ќе го завршат уште некоја година... Може заедно со пругата.
Често одам таму, и стварно не знам што си видел, дека тоа гратче изгледа пристојно..? ОК, за наши услови е доста чист, со ново плоштадче(уствари два) и изградено речено корито и нов кеј... Се друго е мизерија. Нова зграда се нема изградено од Титово време (освен зградата за социјално ранливи категории... читај, партиски глувци и ѓупци) . Тоа е одличен показател за мизеријата која владее таму.
Најверојатно единствениот град во Европа што нема спортски колектив во прва ниту втора лига, а можеби ниту трета/општинска, не знам тоа.
Народот е иселен 50%, за некоја година ќе останат само пензионери и канцерот на државава, партиските измеќари наречени администрација.

Кратово е дабетер, не го ниту сметам за град, каењарњак.
Куманово е посебна тема, може реферати да се напишат за градот, да биде пример како не треба.
Ко што кажа некој претходно, Само Скопје, Охрид и Струмица личат колку толку на градови, се друго е жално за гледање и коментарање, а камо ли да си проколнат да живееш таму.
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.171
Поени од реакции
6.848
Ко што кажа некој претходно, Само Скопје, Охрид и Струмица личат колку толку на градови, се друго е жално за гледање и коментарање, а камо ли да си проколнат да живееш таму.
Битола премногу потценета
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.671
I Majka Tereza da ja kandidiraat Levica vo vtor krug nema da vlezat da ne se lazeme, daleku od sozrean e momentot i narodot za takvo nesto - potegot so Kamikaza e cisto deka go znae narodot i ke im donese glasovi za sovet nisto drugo. Od ona sto gledav i slusav kandidatite za Centar i Karpos im se top, za Aerodrom im e cist prosek onaka radi reda ali bolje nego nekoj od brakjava od Puka da gi stavea. Za Veles isto onoj profesorot ne mi se bendisa, mnogu mlako deluvase i cisto somnevam deka ke im donese glasovi plus ama vo sovetite ke vleguvaat so po 1-2 lugje sigurno

I vo Centar/Karpos nema nisto da napravat za gradonacalnik ama dobro e koga imaat takov kadar i istiot se pojavuva vo javnost se pokazuva - oti takvi lugje treba da dobijat pozicii vo idnata vlada po parlamentarnite izbori
Јас мислам со посериозен кандидат за Скопје ќе ја победеа Данела и ќе идеа у втор круг. Камиказа е грешен избор. Неговите мотиви се нарцисоидни, лично се знаеме ни работел неколку корпоративни настани. Не го замишљам него дека влага од алтруизам, туку себепромоција. Многу го тапкаат по рамо на кеј и на водно му викаат здраво, али ништо од тоа не вреди. Генерално левица собира незадоволни вмровци и неутралци што се ложат на наративот на Апасиев, кој кја лично мислам дека време ќе покаже дека е фејк.

Е сеа се појавија и пар квалитетни неизкварени ликови и тоа е за поздрав, ама мораше подобар скаутинг да направи за Скопје. Камиказа е фалбаџија кој у средовечна криза скина 30 кила и стана маратонец и почна да облака тесни маички и да ги покажува стомачните у Палас теретаната. Нема човекот капацитет, а Апасиев ако тропне у Скопје би требало да биде ишљакан, иако мислам дека бетер од Грујо ја води партијата и нема кој да му се спротистави.

Апасиев со нападите донесе некоја нова енергија, луѓе се поише го сакаат, ама мораше да направи бољи избор за Скопје. Левица од Скопје мораше да направи почетна база баш ради немање ресурси да се расплинува низ цела држава. А лесно ќе го добиеше ако најдеше лидер за Скопје кој ќе ги влечеше и Центар и Карпош.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.308
Поени од реакции
84.453
Не се заложи за него да стане директор него под притисок смени одлука. Сака да му каже на дебатава дека Филипче со изгорени 15 души цел сдс застана позади него, а за МКЦ ради еден допис од КУР го отпука Бени.
Не е баш така.

Директорот на МКЦ беше дел од грујовите мадиња и беше дочекан на нож од заедницата која циркулира таму, од сите тие алтернативци, уметници. Но, се покажа како добар директор, кој водеше сметка за МКЦ и за интересите на заедницата која таму циркулира. Бени не е дел од таа заедница. Он самиот тоа си го знае.
Кога дојде време да се тргнат на Грујо мадињата од функции и наместо нив да се стават мадињата на Заев, целата таа заедница стана против таа одлука (на интернет). Сите тие таму. И шарени и зелени, па чак и понекој Албанец, како оној АмонМра, чинам беше. Сите тие му укажуваа на Бени дека не му е место таму. Дека не е дел од таа заедница, што е и вистина. Еве тие што идат по настани у МКЦ, нека кажат колку пути го виделе Бени на некоја инсталација, концерт...
Подршката за стариот директор беше повеќе затоа што се покажа како добар (што е жива реткост), отколку поради тоа што Бени не е дел од таа култура, од таа заедница.

Бени го сфати тоа и сам се повлече. Ова со Шилегов е формално само и нема везе.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.344
Поени од реакции
18.426
Ima dobra baza levica vo skopje, problem se drugite gradovi. Kako i da e nema teoretski sansi za gradonacalnik na skopje, ne si prai bajram na pametot. Edinstvena pricina so postoi partijata e radi toa so nekoj lugje gledaat deka na vmro im se fateni jajcata.Ama groto od glasacite se klientelisticki glasaci, kje si glasaatza vmro i sds po default. Generaciska partiska pripadnost e u igra.Dodadi gi na ova albanskite glasaci koj kje glasaat protiv levica za inaet
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028


Моментот кога ваквите луѓе ќе се на раководни функции, тогаш ќе почнеме да живееме убаво. Се надевам дека работничка класа и чесната младина ќе го препознае ова кај овој добар човек.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.838
Поени од реакции
21.639
CV
Александар Филиповски Цанде
-
вработен во:
• Технокомерц 2008 - 2019
• Пратеник 2019 - 2020
• Технокомерц 2020 - 2021
-
Колку МИЛИОНИ ЕВРА од 85 ТЕНДЕРИ добиле Технокомерц додека Цанде е ПРАТЕНИК ?

Јавни Набавки (time.mk)
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.897
Поени од реакции
40.760
...И? Што очекуваш, и тој мал медиумски простор и финансии што ги имаат да им ги препуштат тотално на сите останати партии само да ги задоволи твоите пуритански барања?
Aкако да се промовира у јавност.Оној над тебе вика бил фејсбук парија,ти правел митинзи и спотови.Како затуцаниов народ да дознае дека не само дпмне и сдс на наша земја постојат у вселенава и го дупат 30 години.?
Што кур ме боли како да се промовира, он е против тоа, он сам си вика дека све ќе укине, не го терам јас.

Работава не гледај што правам, слушај што ти кажувам.
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.671
Не е баш така.

Директорот на МКЦ беше дел од грујовите мадиња и беше дочекан на нож од заедницата која циркулира таму, од сите тие алтернативци, уметници. Но, се покажа како добар директор, кој водеше сметка за МКЦ и за интересите на заедницата која таму циркулира. Бени не е дел од таа заедница. Он самиот тоа си го знае.
Кога дојде време да се тргнат на Грујо мадињата од функции и наместо нив да се стават мадињата на Заев, целата таа заедница стана против таа одлука (на интернет). Сите тие таму. И шарени и зелени, па чак и понекој Албанец, како оној АмонМра, чинам беше. Сите тие му укажуваа на Бени дека не му е место таму. Дека не е дел од таа заедница, што е и вистина. Еве тие што идат по настани у МКЦ, нека кажат колку пути го виделе Бени на некоја инсталација, концерт...
Подршката за стариот директор беше повеќе затоа што се покажа како добар (што е жива реткост), отколку поради тоа што Бени не е дел од таа култура, од таа заедница.

Бени го сфати тоа и сам се повлече. Ова со Шилегов е формално само и нема везе.
На Бени му е јасно дека не е дел од МКЦ сцената ко ден и ноќ. Меѓутоа платата и позицијата ги сматраше како заслуга за неговото драње по митинзи на сдс. Да имаше нешто друго ќе одеше таму.

60% луѓе не гласаат за никој веќе некое време, тој пул на луѓе може да ги сјебе ботовите на сдс и вмро заедно у една сесија. Левица веројатно не е таа сила што ќе ги привлече.
 
Член од
31 август 2021
Мислења
445
Поени од реакции
2.484
Битола премногу потценета
Битола не ја спомнав затоа што наведените 3 града се доста поразвиени за разлика од пред 20-30 години, што за жал не може да се каже за Битола. Таму состојбата е статус кво, иако Битола има(ше) капацитет да се носи со еден Осиек, Суботица или Пловдив... Градот сега е запуштен и поприлично уништен за жал
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.791
Поени од реакции
8.500
Неверојатно каков пенал не искористи Апасиев за Скопје. Да искочеше со подобар кандидат ќе имаше шанса за втор круг.
Град Скопје е преголем залак, кој ни теоретски не е возможно да биде земен а и кога би можеле не знам дали би сакале во овој временски период. Ветувањата на кампањите се ескалирани до небесите, луѓето би имале некој комплетно нереални очекувања.

Неопределен никогаш (повеќе) нема да гласа за Шилегов и СДС. Ама дали за Камиказа и Левица?
Таргет групата кон која целат Левица со Камиказа, да ќе гласа за Шилегов ако го нема Камиказа. Тоа ти се луѓе кои денеска имаат 55-75 години, родени во најголем дел во Центар или Карпош, најверојатно членови на КПЈ(КПМ), се сметаат себеси за стари скопјани и кога ќе се соберат се натпреваруваат кој има повеќе сеќавања од Скопје пред земјотресот. Тој тип на луѓе гласа за СДС веќе 30 години, али Заев го сметаат за сељак од Струмица и не им се допаѓаат случувањата со Бугарија зошто они чекаат секој момент Југославија да се врати.За ДПНЕ кандидат они нема да гласаат никогаш. И нивната бројка секако не е мала, под 8-10к гласови на ниво на Скопје не се ( јас мислам дека се барем 15к ).

Доста се сомневам и дека човекот е своевиден "подарок" од "урбаното крило" на СДС зошто Заев ги исчисти сите, вклучително и Шеќеринска од сите позиции во партијата. Шилегов почнува со + 15/20К во Скопје заради ДУИ и Беса. Али комбинацијата од ЛДП/ДОМ, Левица и Твоја го искрварува од сите страни. Комбинирано под 15к гласачи сигурно нема да му земат , а може и далеку повеќе.

Ако Шилегов влезе во втор круг како втор и во ниедна општина СДС не е сигурен победник, во втор круг они како полураспадната партија ќе влезат.
Автоматски споено мислење:

I Majka Tereza da ja kandidiraat Levica vo vtor krug nema da vlezat da ne se lazeme, daleku od sozrean e momentot i narodot za takvo nesto - potegot so Kamikaza e cisto deka go znae narodot i ke im donese glasovi za sovet nisto drugo. Od ona sto gledav i slusav kandidatite za Centar i Karpos im se top, za Aerodrom im e cist prosek onaka radi reda ali bolje nego nekoj od brakjava od Puka da gi stavea. Za Veles isto onoj profesorot ne mi se bendisa, mnogu mlako deluvase i cisto somnevam deka ke im donese glasovi plus ama vo sovetite ke vleguvaat so po 1-2 lugje sigurno

I vo Centar/Karpos nema nisto da napravat za gradonacalnik ama dobro e koga imaat takov kadar i istiot se pojavuva vo javnost se pokazuva - oti takvi lugje treba da dobijat pozicii vo idnata vlada po parlamentarnite izbori
Не е само тоа туку ако имаш добар кандидат за градоначалник автоматски тој си влече гласови и за советничката листа. Ако немаш градоначалник и од тие што ги имаш дел ќе се слеат кај други кандидати.

Патем шансите да влезат во втор круг во Аеродром, Центар и Шутка мислам дека им се доста солидни.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom