Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Сам си го одговори прашањето.Да ама кај нас така вештачки ја зголемуваат минималната плата низ годините. Ако немаш финансиски средства како би ја зголемил минималната плата без да се задолжиш? Едноставно нема логика. Единствено да реалоцираш финансиски средства кои се предвидени за други намени. Плус прашање е дали тие средства ќе успеат да ги задоволат потребите. Без доволно финансиски средства, сите варијанти се префрлање од шупло во празно.
Даночната евазија нема никогаш да се намали во оваа земја. Во голема мера ова е една од најголемите кочници во секој сегмент.
Имаш буџетски средства и имаш буџетски расходи кои можат да се намалат со сериозна социјална реформа. Реалокацијата ќе се движи од непотребни кон потребни. Така сакаме социјална праведност или подобри услови во болниците!?
Задача на државата е да креира политики, но и да вага меѓу економската ефикасност и социјалната праведност. Социјалната праведност нас не кочи 3 децении, само затоа што сме социјална држава. Плус ни се зголеми јавниот долг. Што постигнавме? 3 децении држава во развој! Каде се развојните политики!?