Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Да ама кај нас така вештачки ја зголемуваат минималната плата низ годините. Ако немаш финансиски средства како би ја зголемил минималната плата без да се задолжиш? Едноставно нема логика. Единствено да реалоцираш финансиски средства кои се предвидени за други намени. Плус прашање е дали тие средства ќе успеат да ги задоволат потребите. Без доволно финансиски средства, сите варијанти се префрлање од шупло во празно.

Даночната евазија нема никогаш да се намали во оваа земја. Во голема мера ова е една од најголемите кочници во секој сегмент.
Сам си го одговори прашањето. :)

Имаш буџетски средства и имаш буџетски расходи кои можат да се намалат со сериозна социјална реформа. Реалокацијата ќе се движи од непотребни кон потребни. Така сакаме социјална праведност или подобри услови во болниците!?

Задача на државата е да креира политики, но и да вага меѓу економската ефикасност и социјалната праведност. Социјалната праведност нас не кочи 3 децении, само затоа што сме социјална држава. Плус ни се зголеми јавниот долг. Што постигнавме? 3 децении држава во развој! Каде се развојните политики!? :)
 
Страната што шурувала со младотурците и дудлала на пашите за да станат пратеници во Стамбол ли? Фала, ќе ве прескокнам.

А другата страна што правела, служела во бугарската царска армија и дејствувала како бугарски агенти?

Знам што ќе кажеш, и тој пратеникот од Стамбол подоцна служел на истите газди од Софија?

Вака да размислиш, имаме ли ние изворно револуционерно движење кое не слугувало на Софија или Белград?
 
Идеите на едните биле други затоа што политичкото убедување им било такво, кога ја направивме првата држава не ја направивме самостојна но во таа федерација влеговме како народ, што било идеал и на тие од тоа време а на сите останатие се знае кој бил идеалот, всушност немале никаков идеал баш како и овие со беретките(чест на исклучоци) и оние "комунистите". Не е тема тоа да се зборува но оваа страна била далеку по чиста и по вистинска.
 
А другата страна што правела, служела во бугарската царска армија и дејствувала како бугарски агенти?

Знам што ќе кажеш, и тој пратеникот од Стамбол подоцна служел на истите газди од Софија?

Вака да размислиш, имаме ли ние изворно револуционерно движење кое не слугувало на Софија или Белград?
Независна од Софија или Белград не, зошто такви биле општествените прилики. Исто како што и Софија и Белград не биле независни од други големи сили. Ама независни од Турците, фала богу сме имале.
 
Сам си го одговори прашањето. :)

Имаш буџетски средства и имаш буџетски расходи кои можат да се намалат со сериозна социјална реформа. Реалокацијата ќе се движи од непотребни кон потребни. Така сакаме социјална праведност или подобри услови во болниците!?

Задача на државата е да креира политики, но и да вага меѓу економската ефикасност и социјалната праведност. Социјалната праведност нас не кочи 3 децении, само затоа што сме социјална држава. Плус ни се зголеми јавниот долг. Што постигнавме? 3 децении држава во развој! Каде се развојните политики!? :)

Не се подготвени за било какви реформи. Секој министер за економија бега како ѓавол од крст кога ќе се споменат реформи. Затоа и споменав дека вештачкото зголемување на минималната плата би го направиле на таков начин, како што прават за сите работи и само се задолжуваат. Патем основните даноци во државата дел од граѓаните не ги плаќаат и тука се јавува една од дупките во поглед на муабетот кој го правиме. Првин воведување на нови казнени мерки за оние кои со години ниту денар данок немаат платено, а не како претходно што правеше власта во поглед на бришење на долгови на физичките лица.

Инаку неврзано во поглед на темата. Ми се допаѓа тоа што си еден од ретките членови кои дискутираат со аргументи, а не со лични навреди како голем дел од членовите.
 
Инаку неврзано во поглед на темата. Ми се допаѓа тоа што си еден од ретките членови кои дискутираат со аргументи, а не со лични навреди како голем дел од членовите.
Затоа и дојдов, затоа што е нервозно. Нервозните левичарчиња ми се омилени за ремет. Нивните економски цели, идеали и политики ми се дневна доза хумор. :D

Реформа може да има, ама не во Хера-Царовска отпадок од министерство или со рамковни паразити кои не знаат кај работат, што работат или што треба да работат...затоа што деценија седат дома и земаат плата.

Само ќе треба да се најде херојот кој ќе ги реформира ресорите. Во Левица, не дај Боже да се бара херојот. Во Сдссм па ич! :D
 
Се сеќава некој која анкета беше најрелевантна лани за парламентарните?
Стратум

glasanje_.jpg

Само имајте во предвид дека овие анкети што одат по медиумите не се ни 20% од оние што постојано се спроведуваат (правото на нивно споделување го задржуваат клиентите, а тоа воглавно се политичките партии, ептен ретко медиумите, за разлика од повеќето европски земји)
 
Стратум

Прегледај го приврзокот 308880

Стратум ок агенција се?

Малку ми се чудни резултатите од последната нивна анкета.
 
Стратум ок агенција се?

Малку ми се чудни резултатите од последната нивна анкета.

Не ја видов најновата, ама ене ги вмро дрекаат дека била финансирана од фонд за иновации и ради тоа штелувале.
Е сеа... :D
 
Стратум

Прегледај го приврзокот 308880

Само имајте во предвид дека овие анкети што одат по медиумите не се ни 20% од оние што постојано се спроведуваат (правото на нивно споделување го задржуваат клиентите, а тоа воглавно се политичките партии, ептен ретко медиумите, за разлика од повеќето европски земји)

Резултативе не одговараат на резултатот од парламентарните.
Едит: одговараат за ДПМНЕ и СДСМ.
 
Значи шо народ сме, сфака ни час. Намалување на работни саати им смета, зголемување на минимална плата им смета... браос. На вистинскиот воз сме
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom