Андреа Лекиќ

Дискусија во форумот 'Ракомет' започната од Џонтра Волта, 16 март 2014.

  1. Андреа Лекиќ е родена на 6ти Септември 1987 година во Белград. Игра на позицијата централен бек, моментално настапува за ЖРК Вардар СЦБТ и е најдобра светска ракометарка.

    Во своето детство најпрво тренирала карате од својата 7ма до 10та година и има стигнато до синиот појас пред да се префрли на спортови со топка. Прво тренирала одбојка цели два тренинга па се префрлила на ракометот, истотака омилени спортови и се тенис и кошарка.

    Почнала да тренира ракомет од својата 11та година, нејзин прв клуб бил ОРК Београд, набрзо потоа се сели во Раднички а во својата 18та година прави трансфер во Аранѓеловац Књаз Милош со кој ја освојува првата титула во нејзината професионална кариера.
    Првиот предизвик надвор од границите на родната Србија се наоѓал во Словенија, поточно во ракометниот клуб Крим. Во Љубљана се задржува 4 години каде освојува еден куп трофеи, шампион на Словенија во 2008, 2009, 2010 и 2011 година, освојувач на Купот на Словенија во 2008, 2009, 2010 и 2011 година.

    Во 2011 година прави трансфер во унгарски Ѓер со кого ја освојува титулата во Лигата на Шампионките во 2013 година, во претходните 2 сезони на два пати ја освојува двојната титула во Унгарскиот шампионат.

    За репрезентацијата на Србија дебитира во 2006та година како млада и талентирана ракометарка и нова надеж на Српскиот ракомет. Со `Орлите` го освојува сребрениот медал на европското првенство во 2012 година. Има настапувано и на 4 европски првенства.

    Што се однесува на индивидуалните ракометни успеси Андреа Лекиќ е најдобра ракометарка на Србија од 2008 до 2012 година без конкуренција, најдобра ракометарка на Балканот во 2009 и 2010 година, најдобра ракометарка во словенечката лига во 2011 година, 4та најдобра ракометарка во светот во 2011 година, најдобар играч на европското првенство во 2012 година и најдобра светска ракометарка во 2013 година.

    Истата 2013 година прави трансфер во ЖРК Вардар СЦБТ и во својата прва сезона во тимот ќе настапува на завршниот Фајнл 4 турнир во Лигата на Шампионките што ќе се одржи во Будимпешта.

    Себеси се опишува како стрплива, поштена, тврдоглава (понекогаш), перфекциониста и голем борец.
    Пример во животот како спортист и е Мајкл Џордан.
    Сака угостителство, моментално студира на факултетот за угостителство и хотелиерство.

    За крај еден интересен факт, била најдобар стрелец во фудбалското првенство што се одржувало помеѓу основните училишта во Белград, веднаш пристигнале две понуди да продолжи со фудбалот и да го напушти ракометот но нејзината мајка не и го дозволила тоа.
    [​IMG]
     
    Последно уредено од модератор: 16 март 2014
    На Phoenixx, Jsp Slavija, fkpromaja и уште 19 други им се допаѓа ова.
  2. GavolRulz

    GavolRulz hippopotomonstrosesquipedaliophobia

    Член од:
    23 март 2008
    Мислења:
    10.583
    Допаѓања:
    6.212
    На Peja989, Stefan-kobe и Ilumious им се допаѓа ова.
  3. marinium

    marinium Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !

    Член од:
    5 мај 2013
    Мислења:
    953
    Допаѓања:
    484
    добро изигра прееска ..брца едно 6-7 гола :cool: абе омилена ми е :P
     
  4. HoT IcE

    HoT IcE Гостин

    Едно знам, поголен фан на Лекиќ од Фросе нема, судејќи по нејзините фејбсук статуси.
    Така да, џабе пишувате на темава, Фросе ве доминира!:D
     
    На leandra, Peja989 и Ilumious им се допаѓа ова.
  5. Незапирливи 1903/87

    Незапирливи 1903/87 Изгорен за Вардар

    Член од:
    20 јули 2011
    Мислења:
    3.261
    Допаѓања:
    8.660
    Не можеш да не ја сакаш :love:
     
    На Ilumious му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Forrest Gump

    Forrest Gump низа1

    Член од:
    12 ноември 2009
    Мислења:
    7.038
    Допаѓања:
    29.594
    [​IMG]
     
    На TheWhiteMamba, Хефест, Colt Willcox и уште 11 други им се допаѓа ова.
  7. Bianconero vero

    Bianconero vero Il Capitano

    Член од:
    10 ноември 2008
    Мислења:
    8.447
    Допаѓања:
    6.016
  8. А се праи фраерка сега, ми ја игнорира темата! :mad:
     
    На Peja989, HoT IcE и Ilumious им се допаѓа ова.
  9. Бесна Глиста

    Бесна Глиста

    Член од:
    25 април 2012
    Мислења:
    443
    Допаѓања:
    576
    Хмм, слабо пратам женски ракомет, ама штом толку е добра оваа Андреа може да отидам наредна утакмица малце да и се допаднам :cool:
     
    На mkgunner и АР5ЕНАЛ им се допаѓа ова.
  10. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    74.653
    Допаѓања:
    151.241
    Сега видов синко, прости!

    Девојкава е Бетовен и Моцарт за ракомет, у едно! Будимир, Кастратовиќ, Лекиќ. Не ми вадите сеа статистики ок ама како што имам уживано гледајќи ги овие три... :cuc:
     
    На esperanca, leandra и Peja989 им се допаѓа ова.
  11. Се слагам у потпуност... И Радуловиќ би ја додал покрај Будимир и Индира. А Лекиќ е ракометен Роналдињо.
     
    Последно уредено од модератор: 13 мај 2014
    На Ilumious му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Doc Holliday

    Doc Holliday Модератор

    Член од:
    5 ноември 2010
    Мислења:
    5.030
    Допаѓања:
    3.929
    Колку знаете за животот нејзин,може нејзин број мобилен? :) :D
     
    На Lady_Paris му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Клипче

    Клипче asd

    Член од:
    8 јануари 2012
    Мислења:
    11.385
    Допаѓања:
    27.180
    Доживотен договор за Андреа и Јованка и среден е проблемот. Ако некој може да напраи поракава да стигне до Самс има пиво.

    Не верувам дека во било кој друг клуб ќе ги сакаат вака ко ние.

    Андреа е на Фросе ама затоа Јованка не ми ја чепкајте.
     
    На Хефест, leandra, Stefan-kobe и уште 2 други им се допаѓа ова.
  14. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    74.653
    Допаѓања:
    151.241
    не не' предизвикувај :)
     
    На leandra и Doc Holliday им се допаѓа ова.
  15. [​IMG]
     
    На Stefan-kobe и Ilumious им се допаѓа ова.
  16. ElNinho

    ElNinho Мадридиста!

    Член од:
    17 јули 2009
    Мислења:
    19.853
    Допаѓања:
    51.394



    [​IMG]
     
    На АР5ЕНАЛ, TheWhiteMamba, Хефест и уште 10 други им се допаѓа ова.

Сподели преку: