Андреа Лекиќ

  • Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Андреа Лекиќ е родена на 6ти Септември 1987 година во Белград. Игра на позицијата централен бек, моментално настапува за ЖРК Вардар СЦБТ и е најдобра светска ракометарка.

Во своето детство најпрво тренирала карате од својата 7ма до 10та година и има стигнато до синиот појас пред да се префрли на спортови со топка. Прво тренирала одбојка цели два тренинга па се префрлила на ракометот, истотака омилени спортови и се тенис и кошарка.

Почнала да тренира ракомет од својата 11та година, нејзин прв клуб бил ОРК Београд, набрзо потоа се сели во Раднички а во својата 18та година прави трансфер во Аранѓеловац Књаз Милош со кој ја освојува првата титула во нејзината професионална кариера.
Првиот предизвик надвор од границите на родната Србија се наоѓал во Словенија, поточно во ракометниот клуб Крим. Во Љубљана се задржува 4 години каде освојува еден куп трофеи, шампион на Словенија во 2008, 2009, 2010 и 2011 година, освојувач на Купот на Словенија во 2008, 2009, 2010 и 2011 година.

Во 2011 година прави трансфер во унгарски Ѓер со кого ја освојува титулата во Лигата на Шампионките во 2013 година, во претходните 2 сезони на два пати ја освојува двојната титула во Унгарскиот шампионат.

За репрезентацијата на Србија дебитира во 2006та година како млада и талентирана ракометарка и нова надеж на Српскиот ракомет. Со `Орлите` го освојува сребрениот медал на европското првенство во 2012 година. Има настапувано и на 4 европски првенства.

Што се однесува на индивидуалните ракометни успеси Андреа Лекиќ е најдобра ракометарка на Србија од 2008 до 2012 година без конкуренција, најдобра ракометарка на Балканот во 2009 и 2010 година, најдобра ракометарка во словенечката лига во 2011 година, 4та најдобра ракометарка во светот во 2011 година, најдобар играч на европското првенство во 2012 година и најдобра светска ракометарка во 2013 година.

Истата 2013 година прави трансфер во ЖРК Вардар СЦБТ и во својата прва сезона во тимот ќе настапува на завршниот Фајнл 4 турнир во Лигата на Шампионките што ќе се одржи во Будимпешта.

Себеси се опишува како стрплива, поштена, тврдоглава (понекогаш), перфекциониста и голем борец.
Пример во животот како спортист и е Мајкл Џордан.
Сака угостителство, моментално студира на факултетот за угостителство и хотелиерство.

За крај еден интересен факт, била најдобар стрелец во фудбалското првенство што се одржувало помеѓу основните училишта во Белград, веднаш пристигнале две понуди да продолжи со фудбалот и да го напушти ракометот но нејзината мајка не и го дозволила тоа.
 
Последно уредено од модератор:

marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
984
Поени од реакции
496
добро изигра прееска ..брца едно 6-7 гола :cool: абе омилена ми е :P
 
H

HoT IcE

Гостин
Едно знам, поголен фан на Лекиќ од Фросе нема, судејќи по нејзините фејбсук статуси.
Така да, џабе пишувате на темава, Фросе ве доминира!:D
 
Член од
25 април 2012
Мислења
443
Поени од реакции
580
Хмм, слабо пратам женски ракомет, ама штом толку е добра оваа Андреа може да отидам наредна утакмица малце да и се допаднам :cool:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
А се праи фраерка сега, ми ја игнорира темата! :mad:
Сега видов синко, прости!

Девојкава е Бетовен и Моцарт за ракомет, у едно! Будимир, Кастратовиќ, Лекиќ. Не ми вадите сеа статистики ок ама како што имам уживано гледајќи ги овие три... :cuc:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Сега видов синко, прости!

Девојкава е Бетовен и Моцарт за ракомет, у едно! Будимир, Кастратовиќ, Лекиќ. Не ми вадите сеа статистики ок ама како што имам уживано гледајќи ги овие три... :cuc:
Се слагам у потпуност... И Радуловиќ би ја додал покрај Будимир и Индира. А Лекиќ е ракометен Роналдињо.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Колку знаете за животот нејзин,може нејзин број мобилен? :) :D
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
Доживотен договор за Андреа и Јованка и среден е проблемот. Ако некој може да напраи поракава да стигне до Самс има пиво.

Не верувам дека во било кој друг клуб ќе ги сакаат вака ко ние.

Андреа е на Фросе ама затоа Јованка не ми ја чепкајте.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom