Аминокиселини (дискусија, препораки, совети)

DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
значи се зависи тежината, ок.. иначе како се движи цената на аминокиселините и од прилика колку време ќе треба ете да стопиш 5-6 кила со нив со напорни тренинзи.. (тренирам кик бокс, 2ипол саати тренинг, напорно!) и дали има врска кога ги пиеш, пошто тренинзите се вторник, четврток и сабота, мора ли да пиеш и деновите кога не си на тренинг или тоа нема врска ?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Зависи од тежината, но не ептен. Наместо (зависи и од суплементот) 4 во доза се зема 6 и обратно-за аминокиселините.
Уф, таа комбинација за со кик бокс не ми е баш позната. Кик бокс (и слични спортови) се премногу напорни, така да не можам тука да зборам ништо. Јас комбинирав теретана со трчање и точак, но тоа е само комбинирање на аеробно и анаеробно вежбање. А со кик бокс не би знаел.
Инаку за цената едно такво ко на сликата (120 таблети - земав 4 дневно на свои 90-95 кила) беше 800-900 денари.
Имаше еден член, StevoMC не знам дали е уште активен на форумот (мислам дека е), според постовите човекот професионално има сфатено работата, па можеби од него ќе добиеш повеќе и поквалитетни информации. Сепак јас се откажав уште пред 2 години, инаку да бев сеуште активен ќе се посоветував со тренерот за колку месеци со која количина се иде на тој интензитет на тренинзи.
Или пак, ако не го најдеш StevoMC, не е лошо и директно во теретаната кај што би идел, да прашаш.
 
DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
богами друже на кик бокс се троши невидено многу енергија, јас потам по 2 дупли маици значи тоа е премногу :) ама интересно е на почеток ми беше тешко додека си фатиш форма после си фураш гајле немаш, иначе симнав до негде знаеш лесно ама сеа ми остана уште малце да симнам па да не се замарам со дополнителни тренинзи нешто да трчам на кеј вамте тамте си викам да зеам нешто вака ми викаа добро било :) ама сепак треба да се консултираш со некој што веќе користел :):smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Отприлика ми е познато, како мал идев месец дена во Кочо Рацин на карате, спарингот беше доста напорен и се откажав-дете :smir:
Штета за ова не можам да кажам ништо ниту да ти помогнам со совет, но за аминокиселините сами по себе и не ми се чинеа штетни-во нормални дози пропишани на кутијата. Инаку мислам дека без големи количини квалитетна храна и суплементи не знам дали телото ќе ти ги издржи сите напори (не кондиционо, но самите мускули). Па со среќа :wink:
 
DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
би работеле аминокиселините (мислам дали би имале ефект) доколку би јадел исто како што јадам (не вечерам, можно е овошје нешто после тренинг) а вака преку ден си јадам нормално доручек-ужина,ручек-ужина и избегнувам вечера
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
зашто не се здрава?
наведи некоја причина, ме интересира пошо јас сум во план да земам амино сакам да знам.
Епа другар се зависи од организмот како ќе ти ги поднесе, затоа најубаво е да одиш и да се консултираш со доктор. Немој и ти случајно да се заебеш, искрено тоа на никого не го посакувам. Имам прв братучед што билда 10 години уназад и пред две години од прилика се сјеба и зеде аминокиселини. Значи човеков беше карпа човек, многу здрав и природно силен, карпа бе, страв и трепет. Но откако ги зеде аминокиселините, сето тоа пред неколку месеци му се рефлектира врз неговото здравје. Ден денес не може да го среди крвниот притисок поради тие еб*ни аминокиселини, така му кажа доктор. А за тоа дека од нив доби епилептичен напад не ми се прави муабет, да не беа неговите другари околу него да му вадат јазик ќе беше фатално :S Значи ова не го лупам јас од памет, доктор Чепрганов (мислам така се викаше) така му кажа во невроклиника.

Затоа на сите ви препорачувам, пред да почнете да земете такви работи, не е на одмет да се консултирате со доктор.
 
хмм искрено друже првпат слушам за вакво нешто, а мислам дека тоа епилепсија е наследно нешто (незнам да не лупам глупости нека каже некој искусен доктор на форумов):toe:
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
хмм искрено друже првпат слушам за вакво нешто, а мислам дека тоа епилепсија е наследно нешто (незнам да не лупам глупости нека каже некој искусен доктор на форумов):toe:
Да епилепсија е наследно нешто. Е сега како што кажа докторов, значи ова било посебен вид на епилепсија кој што е вроден во мозокот и не се знае кога во животот може да ти се случи тој удар. Може да те удри само еднаш, може пак и никогаш. Братучедми го имал тоа во мозокот и причината за активација на епилептичниот напад го предизвикале аминокиселините. Ја везе си неам, ама така барем зборуваа докторите :toe:

Е сега многу е деликатно да се откријат такви нешта во мозокот, можеби и невозможни. Сепак, на кому ќе му текне да оди да го снима мозокот :)
Затоа не би ризикувал со аминокиселини, поубаво и 100 пати поздраво е да трчам насабајле по кеј и да си одам нормално во теретана
 
па види вака тешко дека ќе открие нешто такво во мозокот ако има пошто мозокот е непроучен дел од телото, иначе и да е ова точно (не викам дека не е) е случај 1 од 100000. сепак мислам дека се зависи од организмот, како ќе ги прифати.. :smir:
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
па види вака тешко дека ќе открие нешто такво во мозокот ако има пошто мозокот е непроучен дел од телото, иначе и да е ова точно (не викам дека не е) е случај 1 од 100000. сепак мислам дека се зависи од организмот, како ќе ги прифати.. :smir:
Па да де, случајот беше 1 на милион, ама за живот се работеше :S
Така и јас реков, се зависи од организмот, затоа и наведов дека беше и уште е јак човек, карпа (само уште притисокот да го среди :))
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Уф, гадно. Човечкото тело непредвидливо реагира. Гледав како голтаат протеини како сладолед, ништо не им беше (добро, после се рашкембуваа, по прекин на вежбање), а од амино ваква реакција. У право е и _The Great_, совет/консултација со доктор не е наодмет. Ја веќе имав висок притисок па со вежбање малку го регулирав, но за ова немав досега слушнато. Хемија си е хемија, непредвидлива. Но л-карнитин и случни не би никако, малку се потерсене.
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
Само со амино и теретана ништо од слабеење, туку земи да трчаш ако сакаш да ослабеш...трчај по пола саат до 45 минути ко за початок па постепено зголемувај....
И нема ништо штетно во амино киселините само пиј повеќе вода и немаш гајле:toe:
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Кои се најефикасни.. не знам користев вакви Амино 2700 како апчиња и со оглед на годините, за неколку месеци постигнав добри резултати-кондиција, форма. Ова е од фирмата Universal nutrition, ги земав само нив и едни слични на нив (Амино 3600 или 3800, одамна беше), но протеини не земав пошто имав доволно маса, требаше да се обликува и зголеми издржливоста. Голташ 2 пред, две после тренинг (има упатство дали две или 3-според килажа), плус ги комбинираш со друг вид исхрана. Сепак тоа, ако идеш во теретана, тренер најдобро би објаснил.

Мене ова ми беше доволно, но можда некој друг ќе даде други податоци за сопствено искуство.

Еднаш земав и од тие AceMaus што ги спомна, течните, побрзо се ресорбираат, но се поскапи.

Овие препарати ги земавме преку тренерот/газдата на теретаната, но гледам ги има и во аптеки.

Па добри се но Amino Gold 2000 се уште подобри , само да ти кажам дека колку е поголема бројката толку се помали апчињата и ке треба да пиеш по поише ... се зиммат одприлика по 12 дневно по 3 пред оброци и пред спиење , не сум задоволен бидејќи треба да се испијат мноооогу за да се осети ефектот одприлика оваа кутија цела за да осетиш некое минимално зголемување на мускулите , чист протеин , најнештетно , и веројатно дава некоја најминимална пумпа .. . бомбони за мали дечиња у превод ... :toe:
 
Имаш право, ефектот од ова не е зголемена маса туку е во смисол на зголемена виталност, енергија, есенцијална исхрана на мускулот. Сепак овие како додаток треба да се комбинираат со појака протеинска исхрана (поголема количина риба, телешко, сирење, млеко) како и со зголемен прилив на минерали и витамини-обавезно земав и витамински апчиња затоа што за природни витамини требаше да јадам огромни количини банани, портокали... За ефект на маса сепак треба да се внесуваат додатни протеини. Јас немав проблем со маса (имав доста :smir:), затоа земав само амино. Да земав протеински прашок требаше да зголемам интензитет на вежбање односно дигање доста поголеми тежини (на пример на рамна клупа за гради над 60-100 кила што за мене беше ризик, не заради што не можев 60 кила да подигнам, но заради други одредени причини), затоа што протеините ако не се користат идат во масти (и обратно). Башка со пирамидално кревање требаше да идам доста во тежина.
Мене дури ми требаше и л-карнитин но заради нуспојава кај висок притисок, како и ради годините поврзани со срцето не се осмелив да земам. У ствари зависи за што се вежба-за која цел и начинот и интензитетот на вежбање.
Колку што се сеќавам, битни беа и односите на одредени аминокиселини, но на имињата баш и не ми текнува, која амино какви ефекти носи и нејзиниот процент во самите капсули.
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
816
Поени од реакции
22
Тие што не тренираат,не треба да зиимаат амино киселини бидејќи ќе нема ефект.
Амино се зимаат за тие што се на чистење.
Но јас сепак се придржувам до основата Веј протеин,декстроза, креатинче и витамини и мултивитамини ако има финансии може и амино и омега 3,трибилус,гејнери.....................Но сепак треба да имаш длабок џеб за сите овие сумплементи
 
Kajgana Shop

На врв Bottom