И да и не...
Претходните сезони го вадеше БигБен, особено на вакви тесни утакмици каде нападите ги кажува КБто а не офанзивниот координатор зашто тука особено се работи на тесен тајм менаџмент.
Една ваква анализа What if може да се направи и ако не играше Watt или се одземат дефанзивните поени и пак ќе беа последни. Више од пола од добиените утакмици се на одбраната.
Скоро сите утакмици ги гледав сезонава, оваа табела е реална на играта ако одбраната не пружаше надреални утакмици.
Последните два порази му беа од 2-8 екипи, се измори и одбраната.
Сега ќе пробаат и со Рудолф на КБ, ама се е џабе, мора да бараат друг КБ, зашто Пикет е полош од лани, а треба да биде обратно.
Едно нешто што не можам уште да го сконтам е кога е Head Coach виновен за резултатите кога офанзивните акции ги планира офанзивен координатор, дефанзивните дефанзивниот координатор.
Јас сум тазе фан на Стилерс, ама анти Томлин фановите секогаш викаат дека сите успеси му се со наследен тим и дека со Бен во најдобри години и Антонио Браон и Бел не направи ништо. До сега нема losing season и тоа му е трејдмарк.
Е тука не можам да ти дадам некој поконкретен муабет од 'се гледа бе'
Не знам, за што е крив координаторот а што е тренерот се осеќа од гледање на натпреварите, и наоѓање на patterns; форсирање на стил на игра, генерален вајб на екипата, што форсираат по секоја сила, што не..
Башка еве, Томлин кажа дека он решил да си оди Канада, што е за пофалба.
Да, во право си и за одбранава дека е топ и дека држи вода и дека огромниот талент тука е разликата меѓу победа и пораз, ама тоа што ја го викам, да беше друг тренер можеби и ќе се изгубеше.
Ама еве, ова ти е ист муабет како Арсенал со Венгер последните години. Имаа просечни резултати можда, не беа на ниво како златните денови, ама факт е дека Венгер го вадеше максимумот од тој тим.
Ама и факт беше дека мораше да си оди пошто тимот мораше да се смени.
Истово е и со Томлин, мислев уште преклани ќе си оди, па остана уште малце...па мислев лани ќе си оди....па остана уште малце...
Стварно нема што повеќе да направи. Толку е максимумот, најдобро е да пробаат со нов тренер да видат дали ќе го препороди Пикет.
А тие муабети за 'до тимот е не е до тренерот' држат вода само на хартија, еве Ден Кемпбел што прави со Детроит на пример. Или Педерсен и Урбан спореди ги со Џексонвил.
Ама време му е на Томлин би рекол, има некој лимит на тоа што може да се направи. И тој и екипата.
Ама исто така и мислам дека уште има квалитет во Томлин и дека може да направи нешто и во друга екипа.
Нешто слично како Арианс со Аризона на пример (со таа разлика што еве, и после Брус, Аризона не само што не направија добра транзиицја и не најдоа тренер туку и бетер се..)