Јака е пост-Брејди лигава, особено што не делува како типична "Чифс династија" сезонава.
Најнерс делуваат претерано добри, исто како и Иглс.
Билс полека се уозбилуваат, а Мајами за око играат атомски фудбал.
Тука ако ставиме екипи како Далас, па и Детроит, значи дека ќе гледаме ептен ептен квалитетен плејоф.
Е сега во плејоф искуството ќе биде битно како и избегнување на глупи тренерски одлуки, ама вака, после 5 недели не паметам во скоро време да сме имале 4 екипи што имале легитимна шанса за Супербол.
Еве ајде, нека не бидат 4,три нека се (без Билс), ама стварно не памтам после 5 недели да сме имале три ЕЛИТНИ екипи.
Пакерс со Арон никад не делувале вака моќно уште од таму негде рани 2010s. Taмпа со Брејди исто. Сејнтс со Брис имаа пар сезони до душа ама горе доле, во последниве 20 години ја стварно не памтам да имало 3 екипи што делувале како да би можеле секоја утакмица да ја победат без никаков проблем.
Скоро секогаш ако одите наназад ќе најдете екипи како Билс/Мајами од оваа година каде ќе делуваат јако ама сепак ќе се каже "А бе да, изгледаат добро, АМА..."
За Најнерс, Иглс и Чифс до сега не постои "Ама..."
Буквално ако се тргне поспаноста во првата утакмица на Чифс, екипиве си делуваат како во ниту еден момент да не е под знак прашање дека ќе победат.
А ја стварно не памтам да имало три екипи што подеднакво имаат шанса за СБ во последно време. Ги гледам Иглс/Најнерс/Чифс и стварно не знам кој би можел да ги запре.
(а нели. Ќе ги. Дивизиски противник, лош ден, екипа од рангот на Билс/Мајами, лошо време.... нема да завршат Најнерс и Иглс без пораз сезонава, сакаат нејќат ќе имаат лош ден..
Ама вака, на прва, не би се изненадил Чифс, Иглс и Најнерс да завршат 14-3 во најлошо сценарио)
-----
Од екипиве што не се топ 3:
Далас се тамам добри за во плејоф.
Ремс се подобри од што сите мислат и може да земат некој сериозен скалп.
Билс ќе им треба малце среќа за да стигнат до СБ годинава ама исто добра екипа.
Мајами ќе мора во плејоф да се однесе на следно ниво (што се виде дека им фали во дуелот со Билс)
Детроит исто вреди да се спомнат како легитимна екипа барем после 5 недели, делуваат како сериозна екипа.
Другиве ќе треба можеби малце да се кренат во вториот дел од сезонава за да ги ставам како сериозни екипи за во плејоф.
Ама има тука сосема солидни екипи што после 5 недели ќе влезат на листава.
Џегс,Синси, Рејвенс, Чарџерс.... има многу солидни екипи што уште не figured it out некои работи, ама кога ќе ги... ќе бидат опасни.
Сепак најбитно е да се темпира формата, а баш така и се освојува СБ, со темпирање на форма, нешто за што беа мајстори Петс, а богами и Чифс у последниве години. Филаделфија мислам дека исто го сфатија ова и делуваат како да темпираат форма за плејоф и ко да не даваат 100% од себе си до сега (слично како и Чифс)
Да се надеваме нема Чифс да освојат
