Немам адреналин како пред 2 години, ваљда дека тогаш беше mission impossible ситуација, али ептен ми е ќејф за целата организација, за мене лично мање више, не сум битен.
Имаше многу 7-9 моменти за НЕ утакмицава, интерсепшн на прв обид за пас, промашен ФГ, неуспешен 4 за 1...али во последните 20 минути се потсредија и ТБ имаше еден одличен драјв во кои главни фактори беа Гронк и Еделман. Какви играчишта и клач играчи се двајцата, ноу комент. А колку е потценет овој вториот тоа е страшно! Одбраната беше одлична, не колку што го покажува тоа резултатот, тука влијание имаше ужасниот напад на Ремс. Но, одличен пас раш во некои напади, мораше рано да фрла Гоф и слично.
Од друга страна, офанзивната линија на Петс според мене во плејфот изигра скоро перфектно. Поготово денеска против Доналд и Су.
Ме мрзи да пишувам долго, сe' на се', по мене заслужено тепаа Петс пошто барем во неколку моменти покажаа блесок напаѓачки, за разлика од Ремс. Искрено, со таков напаѓачки потенцијал, срамота е 3 поени да постигнеш само... (па и 6, дури и да влезеше овој ФГ на крајот).
И сега интересното почнува, трејдови, кој каде ќе иде, од кого ќе се решат Петс и слично.
PS: Сеинтс-Петс ќе беше далеку повозбудливо финале, можда и Петс ќе беа подобри затоа што Брис, Камара и дружината ќе беа ДАЛЕКУ подобри од овој напад на Ремс денеска. И со нивна стандардна игра и оваа игра на Петс денеска, ќе тепаа барем 10 поени разлика.