Според сите шпекулации што ги прочитав мене најверојатна ми е следнава верзија,
Буркхед со кацига го удрил во палец и со тоа го изгребал прилично длабоко. Одма се прави МРИ да видат дали нешто е скршено или слично, тука дознаваат дека нема друг проблем. За заздравување на кожата и се потребни неколку денови и затоа и одмараше еден ден скроз од тренинг, а другиот фрлал само од Шатган за да не ризикуваат пак со хендофи и слично. Претпоставувам дека ќе игра, можно е да има минимален удел врз фрлањето и веројатно ќе игра низ болка целата утакмица. Мислам доколку ги поминат Џагс, нема да има проблем во Суперболот.
Конкретно за утакмицата сите зборат за одбраната на Јагс против нападот на НЕ, но по мене многу поинтересно ќе биде обратното, одбраната на НЕ против Блејк Бортлс и Фурнет. Не ми се верува Бортлс 2 утакмици без грешка да изигра, поготово сега кога НЕ ќе дадат повеќе напор за да го запрат Фурнет и ќе треба Блејк заедно со Деде Вестбрук, Мерцедес Луис и компанија да ги победат. Друга битна работа е што ова е 4 гостување во последните 5 недели за Џагс.
По мене клучен играч за НЕ ќе биде Амендола и тркачите, поготово Буркхед. Очекувам Хоган, Кукс и Гронк да отворат доволно простор за другите. Имам и некое чуство дека Кукс ќе го изеде Рамзи, зашто овој претходно се има мачено со брзи ресивери, а Кукс е еден од побрзите. Сепак мислам дека главната улога на Кукс и Хоган ќе биде да ги трнат Рамзи и Боаје и Амендола да оди 1 на 1 со 3 ресивер на Џегс. Гронк веројатно ќе биде чуван од Телвин Смит, еден од моите омилени лајнбекери, на времето се надевав дека ќе го земат НЕ, дечкото веројатно е еден од 3/4 лајнбекери кој колку толку можат да се носат со Гронк.
Мислам ќе пресуди искуството на екипата, голем дел од стартерите немаат изгубено пред оваа рунда и домашниот терен. Многу луѓе го потценуваат и тој фактор, кога екипа што цела сезона игра на топло оди горе во Бостон на -15.
Мој тип 24-17 НЕ
Во случај да се случи да поминат, мислам дека дефинитивно нема да бидат фаворити во суперболот, зашто Минесота и Филаделфија имаат во најлош случај одбрана на нивно ниво, во некој сегменти се и подобри. Поготово ако е Минесота, нема што да бараат таму.
Во НФЦ, Минесота ако ја пропуштат оваа шанса се баксузи, противникот бекап квотербек, огромен напаѓачки и дефанзивен капацитет, евентуален супербол ДОМА! Со Венц друга ќе беше приказнава, ама мислам спремни се Викинзите за супербол настап им се поклопија некако коцките. Само за такво нешто ќе им треба константност. Фили минатата недела го исфрлија dark horse-от на пола америка и пола форум за НФЦ претставник на супербол.Две опасни одбрани, во напад мислам Викинзите се подобри, ништо чудно специјалните тимови да пресудат, со некој утнат шут или блок при шут или пант.
Мој тип 20-14 Минесота