Американски фудбал - NFL лига

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.320
МајндГејмс.гиф им прави Беличик на Џегс :D
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.731
Поени од реакции
1.063
Според сите шпекулации што ги прочитав мене најверојатна ми е следнава верзија,
Буркхед со кацига го удрил во палец и со тоа го изгребал прилично длабоко. Одма се прави МРИ да видат дали нешто е скршено или слично, тука дознаваат дека нема друг проблем. За заздравување на кожата и се потребни неколку денови и затоа и одмараше еден ден скроз од тренинг, а другиот фрлал само од Шатган за да не ризикуваат пак со хендофи и слично. Претпоставувам дека ќе игра, можно е да има минимален удел врз фрлањето и веројатно ќе игра низ болка целата утакмица. Мислам доколку ги поминат Џагс, нема да има проблем во Суперболот.
Конкретно за утакмицата сите зборат за одбраната на Јагс против нападот на НЕ, но по мене многу поинтересно ќе биде обратното, одбраната на НЕ против Блејк Бортлс и Фурнет. Не ми се верува Бортлс 2 утакмици без грешка да изигра, поготово сега кога НЕ ќе дадат повеќе напор за да го запрат Фурнет и ќе треба Блејк заедно со Деде Вестбрук, Мерцедес Луис и компанија да ги победат. Друга битна работа е што ова е 4 гостување во последните 5 недели за Џагс.
По мене клучен играч за НЕ ќе биде Амендола и тркачите, поготово Буркхед. Очекувам Хоган, Кукс и Гронк да отворат доволно простор за другите. Имам и некое чуство дека Кукс ќе го изеде Рамзи, зашто овој претходно се има мачено со брзи ресивери, а Кукс е еден од побрзите. Сепак мислам дека главната улога на Кукс и Хоган ќе биде да ги трнат Рамзи и Боаје и Амендола да оди 1 на 1 со 3 ресивер на Џегс. Гронк веројатно ќе биде чуван од Телвин Смит, еден од моите омилени лајнбекери, на времето се надевав дека ќе го земат НЕ, дечкото веројатно е еден од 3/4 лајнбекери кој колку толку можат да се носат со Гронк.
Мислам ќе пресуди искуството на екипата, голем дел од стартерите немаат изгубено пред оваа рунда и домашниот терен. Многу луѓе го потценуваат и тој фактор, кога екипа што цела сезона игра на топло оди горе во Бостон на -15.
Мој тип 24-17 НЕ

Во случај да се случи да поминат, мислам дека дефинитивно нема да бидат фаворити во суперболот, зашто Минесота и Филаделфија имаат во најлош случај одбрана на нивно ниво, во некој сегменти се и подобри. Поготово ако е Минесота, нема што да бараат таму.

Во НФЦ, Минесота ако ја пропуштат оваа шанса се баксузи, противникот бекап квотербек, огромен напаѓачки и дефанзивен капацитет, евентуален супербол ДОМА! Со Венц друга ќе беше приказнава, ама мислам спремни се Викинзите за супербол настап им се поклопија некако коцките. Само за такво нешто ќе им треба константност. Фили минатата недела го исфрлија dark horse-от на пола америка и пола форум за НФЦ претставник на супербол.Две опасни одбрани, во напад мислам Викинзите се подобри, ништо чудно специјалните тимови да пресудат, со некој утнат шут или блок при шут или пант.
Мој тип 20-14 Минесота
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.836
Поени од реакции
23.075
Може Боуе да го стават на Кукс, побрз е од Ремзи
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.731
Поени од реакции
1.063
Може Боуе да го стават на Кукс, побрз е од Ремзи
Можно е и тоа,а можно е и да си држат страна едниот левата половина другиот десната, па кој сака нека дојде :D
Не им ја знам шемата, дали играат повеќе зона или човек во одбрана.
Штотуку видов дека Ташон Гипсон, третиот корнербек најверојатно нема да игра, исто под знак прашалник е Малик Џексон, мада овој мислам во најмала рака ќе проба да игра и Бери Црквата (Church :icon_lol:) еден од стартните сејфтиа, така да ни тие не се без проблеми.
 
Член од
10 јуни 2008
Мислења
470
Поени од реакции
852
Можно е некој од A.J. Bouye или Ramsey да го чува Гронковски. Додека играше во Хјустон Bouye ги чуваше противничките ТЕ и тоа доста добро.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.445
Поени од реакции
5.443
Том Кофлин и Џајантс го победија Брејди 2 пати на ист начин а тоа е притисок во лице со 4 играчи и другите 7 во зона. Е сега да извршиш притисок со 4ца е мнооогу тешко но на хартија Јагуарс имаат играчи за да го направат тоа. Исто така во напад им требаат долги напади со трчање за да трошат шо е можно повеќе време. Не ми се верва дека Бортлс може да биди толку присебен цела утакмица но тој е тој начинот на игра.

Исто многу клучен ќе биди дуелот Дион Луис против Телвин Смит. Брејди сака да подава до својот РБ, посебно во 3 даун за кратка јардажа. Ако успеј Телвин Смит да прај тејкал веднаш кога Луис ќе ја фати топката и не му дозволува јарди после фаќање ќе биди одлично за Јагуарс бидејќи ќе мора Брејди да фрла подолги топки и ќе имаат шанси и корнерите за пресекување.

Исто ќе видиме каков ќе биди Брејди со повредата секако дека ќе игра и покрај болката но дали повредата ќе му влијае во исфрлањето на топката и дали ќе можи да фрла долги топки. Ако не можи со палецот да му дава добра спирала на топката не верувам дека ќе ризикува со долги против Јагс и со тоа автоматски добиваме поинтересна утакмица.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.320
Тимов на Џајантс ептен потсеќа на оној тим на Рејвенс кога ги елиминираа Петс. Видиќемо, се поголеми шанси им давам на Џегс како што поминува времеов..фала богу очекувам Петс да тепаат....ама што повеќе ги аналзиирам Петс тоа повќе сфаќам дека нема ептен лесно да освојат СБ, и дека ќе треба да се намачат и тука.....а богами и во СБ.

Него....ги чекам уште Џексонвил да не изгубат 11 разлика (10.5 хендикеп 2ка) на спортска....се надевам нема да испаднам ептен просечен кладионичар па сите гледаат ракомет само ја се нервирам што секондарито на Џексонвил киксналo :ROFLMAO:[DOUBLEPOST=1516534958][/DOUBLEPOST]https://www.facebook.com/NFLonCBS/videos/10155596957391773/
 
Последно уредено:
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Опасно гризат Џегс засега...

Нема ваљда и НЕ да ме разочараат. Се знаеше како ќе играат, долги напади ептен, пробивања многу. Без долги подавања, но и тие кратките носат многу јарди заради одличните блокови...
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.320
Is it wrong што уствари сакам Брејди да освои уште една титула.... што знам...симпатични ми се Џексонвил и се тоа...ама Сб со Фолс/Кинам вс Бортлс....
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Само мене ми се чини дека е ептен пичкарски потег ова на крај од Џегуарс?
 
Член од
29 февруари 2016
Мислења
569
Поени од реакции
641
Не сум фан на Петриотс, ама Џексонвил не би сакал да го видам во СБ. Јас ако се питам и Петриотси не би биле таму, ама тоа е помалото зло.[DOUBLEPOST=1516570197][/DOUBLEPOST]
Само мене ми се чини дека е ептен пичкарски потег ова на крај од Џегуарс?
Педерски.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Is it wrong што уствари сакам Брејди да освои уште една титула.... што знам...симпатични ми се Џексонвил и се тоа...ама Сб со Фолс/Кинам вс Бортлс....
Де бе ко америве сте, што има веза ако нема класа QB у супербоулот. :D

Тешко глупа одлука на Џегс да не нападнат ич заднава минута, ако не му веруваш на Бортлс ај, ама од кај знаеш дека Фурнет нема да земе 3х15 јарди на пример и стигне до FG позиција?

Боје направи тешка глупост, топката му падна на Гронк, ќе беше 3 and out и ќе си ја зачуваа предноста...


:kafence:
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
@ElNinho а да не збориме што немаше потреба толку агресивен да биде тој што го направи пас интерфирансот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom