Бива ли бе ваков секс да ми даде Хант кој 10 утакмици го нема никаде?
Kareeeem is back!
Доста време беше во лоша форма, прошлиот меч го оставив на клупа, сега не се заебав. Бев помирен дека ќе загубам пошто очекував 10 поени од него и 15 од Гордон, се надминаа двајцата. Сега исто враќање на форма очекувам и од Џорди Нелсон кој пропадна начисто без Роџерс, ама му е омилена мета нему, очекувам ако Роџерс игра на ниво, да има 1 тачдаун пас до Нелсон сигурно. Се двоумам меѓу Деде Вестбрук и Тајлор Локет кој да ми биде третиот ресивер, ќе одам со Вестбрук зашто очекувам Џегз да тепаат лагано со Хјустон, затоа и Бортлес го ставив место Кем на квотер. Иако имам огормна предност, ништо не е готово, пошто моиве играчи или даваат по 20+ поени или имаат едвај по 7.
Кога сме кај the bad man, мислам дека Каролина - ГБП ќе биде и можеби со поголема гледаност од Стилер -ЊЕП, ради неговото враќање. Но мислам дека ќе тепа Каролина тесно, премногу се надеваат на Роџерс, а Каролина има добра дефанзивна линија која ќе го напаѓа постојано, не верувам дека во првата текма одма ќе оди он на ризични искачања од покет. Ќе биде светско чудо Пекерс да отидат во плејоф годинава затоа што не само што треба да тепаат све, него треба и тројца од Сиетл, Рамс, Каролина, Детроит, Атланта да загубат по 2 утакмици...
Влегуваме во последните три кола, што значи секое коло ќе биде покољ сеа, вечер има фантастичен распоред за уживање у НФЛ.
А за вчера, Лајнс рутинирано со Берс, сабајлево ја гледав снимката од Чифс-Чарџерс. Што да се каже освен да се повторам за Филип Риверс, најмизерниот wannabe елитен квотер, самата фаца кога ќе му ја видиш е ко македонски исселеник во САД кој мисли дека е прејак, а за курац не го бива. Ќе сврзе 2 утакмици мисли дека е прејак и ќе фрли 3 интерсепшна после тоа. Блејк Бортлес е Расел Вилсон за шутраков...